Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Самоилова 9:1-27

9  Беше еден многу богат+ човек од племето на Венијамин,+ кој се викаше Кис+ и беше син на Авил, син на Серор, син на Вехорат, син на Афија.  Тој имаше млад и убав син кој се викаше Саул.+ Меѓу Израеловите синови немаше поубав човек од него. Беше за глава повисок од целиот народ.+  Еден ден се изгубија магариците+ на Кис, татко му на Саул. Затоа Кис му рече на Саул, својот син: „Земи со себе еден слуга, па стани и оди да ги бараш магариците“.  Тие ги поминаа ефремските планини+ и ја поминаа земјата Салиса,+ но не ги најдоа. Потоа ја поминаа земјата Саалим, но не беа ни таму. Ја поминаа и земјата на Венијамин, но не ги пронајдоа.  Кога дојдоа во земјата Зуф, Саул му рече на слугата што беше со него: „Ајде да се вратиме, зашто татко ми можеби ќе престане да се грижи за магариците и ќе се загрижи за нас“.+  А тој му рече: „Еве, во овој град има еден Божји човек+ кого сите го почитуваат. Сѐ што ќе каже сигурно се исполнува.+ Да појдеме таму. Можеби ќе ни каже по кој пат да тргнеме“.  А Саул му рече на слугата: „Ако појдеме, што ќе му однесеме на тој човек?+ Зашто, ни снема леб во торбите и немаме што да му однесеме како дар+ на Божјиот човек. Што можеме да му дадеме?“  Тогаш слугата повторно му одговори на Саул и му рече: „Еве, имам четврт сикел*+ сребро. Тоа ќе му го дадам на Божјиот човек, а тој ќе ни каже каде да одиме“.  (Некогаш во Израел, кога оделе да го прашаат Бог, велеле вака: „Ајде да појдеме кај јасновидецот“.+ Зашто, оној што денес се вика пророк, некогаш се викал јасновидец.) 10  Тогаш Саул му рече на својот слуга: „Добро велиш.+ Ајде да појдеме!“ И отидоа во градот во кој беше Божјиот човек. 11  Кога се искачуваа по угорнината кон градот, наидоа на девојки што излегле да нацрпат вода.+ И ги прашаа: „Дали е овде јасновидецот?“+ 12  А тие им одговорија: „Да, ене го пред вас. Побрзајте сега, зашто денес дојде во градот. Имено, денес на височинката+ се принесува жртва+ за народот. 13  Кога ќе влезете во градот, ќе го најдете додека уште не се качил на височинката за да ја јаде жртвата. Зашто, народот нема да јаде додека не дојде тој, бидејќи тој треба да ја благослови жртвата.+ Дури потоа поканетите ќе јадат. Затоа појдете веднаш, зашто сега ќе можете да го најдете“. 14  Така отидоа во градот. Кога стигнаа во градот, гледај, Самоил им доаѓаше во пресрет, зашто беше тргнал кон височинката. 15  А ден пред да дојде Саул, Јехова му јави+ на Самоил: 16  „Утре во ова време ќе испратам кај тебе еден човек од земјата на Венијамин,+ а ти помажи+ го за водач на мојот народ Израел. Тој ќе го избави мојот народ од филистејската рака,+ зашто ја видов неволјата на својот народ и до мене стигна неговиот вик“.+ 17  Кога Самоил го виде Саул, Јехова му рече: „Еве го човекот за кого ти кажав: ‚Тој ќе владее над мојот народ‘ “.+ 18  А Саул му пристапи на Самоил на градската порта и му рече: „Те молам, кажи ми каде е куќата на јасновидецот“. 19  А Самоил му одговори на Саул: „Јас сум јасновидецот. Појди пред мене на височинката. Денес ќе јадете со мене.+ А утре изутрина ќе те испратам и ќе ти кажам сѐ што имаш на срце.+ 20  И немој да се грижиш+ за магариците што ти се изгубиле пред три дена,+ зашто се пронајдени. Та кому му припаѓа сето она што е скапоцено во Израел?+ Зарем не тебе и на целиот дом на твојот татко?“ 21  А Саул одговори: „Не сум ли јас од племето на Венијамин, од најмалото+ од сите племиња на Израел,+ и не е ли мојот дом најнезначителниот од сите домови во племето на Венијамин?+ Зошто тогаш ми кажуваш вакво нешто?“+ 22  Потоа Самоил ги зеде Саул и неговиот слуга и ги одведе во трпезаријата, па ги постави на чело+ меѓу поканетите, кои беа триесетина. 23  Потоа Самоил му рече на готвачот: „Донеси го делот што ти го дадов и за кој ти реков да го ставиш настрана“. 24  Тогаш готвачот го зеде бутот со она што беше на него и ги стави пред Саул. А Самоил рече: „Еве, ова е зачувано за тебе. Стави го пред себе и јади, зашто тоа беше чувано за тебе токму за оваа пригода за да можеш да го јадеш со поканетите“. Така тој ден Саул јадеше со Самоил. 25  Потоа слегоа од височинката+ во градот. И тој продолжи да разговара со Саул на покривот.+ 26  Станаа рано и, штом се зазори зората, Самоил го викна Саул, кој беше на покривот, велејќи: „Стани да те испратам!“ И Саул стана, па така двајцата, и тој и Самоил, излегоа надвор. 27  Кога излегоа од градот, Самоил му рече на Саул: „Кажи му на слугата+ да оди пред нас!“ И слугата отиде. Самоил потоа продолжи: „А ти сега застани да ти ја јавам Божјата реч“.

Фусноти

Види го додатокот 13.