Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Самоилова 8:1-22

8  Кога остаре, Самоил ги постави+ своите синови за судии на Израел.  Неговиот првороден син се викаше Јоил,+ а другиот се викаше Авија.+ Тие судеа во Вирсавеја.  Но неговите синови не одеа по неговите патишта,+ туку повеќе сакаа да одат по неправедна добивка,+ примаа мито+ и ја извртуваа правдата.+  По некое време се собраа сите старешини на Израел,+ па дојдоа кај Самоил во Рама  и му рекоа: „Еве, ти остаре, а твоите синови не одат по твоите патишта. Затоа постави ни цар+ за да ни суди, како што е кај сите народи“.  Но во очите на Самоил беше лошо тоа што рекоа: „Дај ни цар да ни суди!“ И Самоил почна да му се моли на Јехова.+  Тогаш Јехова му рече на Самоил:+ „Послушај го гласот на народот во сѐ што ти вели,+ зашто не те отфрлија тебе, туку ме отфрлија мене за да не царувам+ над нив.  Истото што непрестајно ми го правеа мене од денот кога ги изведов од Египет+ до денес — ме оставаа мене+ и им служеа на други богови+ — тоа ти го прават сега и тебе.  Затоа сега послушај го нивниот глас, но опомени ги сериозно и кажи им какви права ќе има царот што ќе владее над нив“.+ 10  Така Самоил му ги објави сите Јеховини зборови на народот, кој од него бараше цар. 11  И рече: „Ова се правата+ што ќе ги има царот што ќе владее над вас: ќе ги зема вашите синови+ за да ги стави во своите коли+ и меѓу своите коњаници,+ а некои ќе трчаат пред неговите коли+ како негова стража. 12  И ќе си постави поглавари, илјаданачалници+ и педесетници.+ Некои ќе ораат+ и ќе ја жнеат неговата жетва,+ ќе му изработуваат оружје+ и опрема за неговите коли.+ 13  Ќе ги зема вашите ќерки за да му прават мирисливи масла, да му готват и да печат леб.+ 14  Вашите најдобри ниви, лозја+ и маслинарници+ ќе ги зема и ќе им ги дава на своите слуги. 15  А од вашите житни полиња и од вашите лозја ќе зема по една десеттина+ и ќе им ја дава на своите дворјани+ и на своите слуги. 16  Ќе ги зема вашите слуги и слугинки, вашата најдобра стока и вашите магариња и ќе ги користи за својата работа.+ 17  Од вашата ситна стока+ ќе зема по една десеттина, а вие ќе му станете слуги. 18  И во тој ден ќе викате за помош поради својот цар,+ кого самите го избравте, но во тој ден Јехова нема да ви одговори“.+ 19  Но народот не сакаше да го послуша гласот на Самоил,+ туку рече: „Нека има цар над нас! 20  Така и ние ќе бидеме како сите народи.+ Нашиот цар нека ни суди, нека оди пред нас и нека ги води нашите битки!“ 21  И Самоил го ислуша сето она што го рече народот, па му го кажа на Јехова.+ 22  Јехова му рече на Самоил: „Послушај го нивниот глас и постави им цар за да владее над нив“.+ Тогаш Самоил им рече на Израелците: „Вратете се секој во својот град!“

Фусноти