Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Самоилова 6:1-21

6  Јеховиниот ковчег+ беше во филистејската земја седум месеци.  И Филистејците ги викнаа свештениците и гаталците,+ па им рекоа: „Што да правиме со Јеховиниот ковчег? Кажете ни како да го испратиме до неговото место“.  А тие одговорија: „Ако го испраќате назад ковчегот на Израеловиот Бог, не праќајте го без жртва, туку со него испратете и жртва за вина.+ Тогаш ќе оздравите и ќе дознаете зошто не се одврати од вас неговата рака“.  Тогаш тие прашаа: „Каква жртва за вина треба да му испратиме?“ А тие одговорија: „Пет златни фигури на мајасил* и пет златни скокајглувци, според бројот на филистејските кнезови-сојузници,+ зашто истата напаст ве снајде и вас и вашите кнезови-сојузници.  Направете фигури на својот мајасил и на своите скокајглувци,+ кои ја уништуваат земјата, и дајте му слава+ на Израеловиот Бог. Можеби ќе ја тргне раката од вас, од вашиот бог и од вашата земја.+  Зошто да имате тврдо срце како што имаа тврдо срце Египќаните и фараонот?+ А кога Бог ги удри,+ зар не ги пуштија Израелците да си одат?+  Затоа сега направете нова кола+ и земете две крави доилки на кои уште не е ставен јарем,+ па впрегнете ги кравите во колата, а нивните телиња, кои се со нив, одведете ги дома.  Земете го ковчегот на Јехова и ставете го на колата, а златните предмети,+ кои му ги праќате како жртва за вина,+ ставете ги во едно ковчеже покрај него, па испратете го и нека оди!  Потоа гледајте: ако тргне по патот кон својот крај, кон Вет-Семес,+ тогаш тој ни го направи ова големо зло. Но, ако не тргне, ќе знаеме дека не нѐ допрела неговата рака, туку дека тоа ни се случило случајно“.+ 10  И луѓето направија така. Зедоа две крави доилки и ги впрегнаа во кола, а нивните телиња ги затворија дома. 11  Потоа го ставија на колата Јеховиниот ковчег+ и ковчежето со златните скокајглувци и со ликовите од своите мајасили. 12  И кравите тргнаа право по патот кон Вет-Семес.+ Одеа по истиот пат, мукаа и не свртуваа ни надесно ни налево. А филистејските кнезови-сојузници+ одеа по нив дури до границата на Вет-Семес. 13  Жителите на Вет-Семес токму во тоа време ја жнееја пченицата+ во долината. Кога ги подигнаа очите и го здогледаа ковчегот, се израдуваа што го гледаат. 14  Колата дојде на нивата на Исус од Вет-Семес и запре. А таму имаше еден голем камен. Тогаш ги исцепија дрвата од колата, а кравите+ му ги принесоа на Јехова како жртва паленица.+ 15  Левитите+ ги симнаа Јеховиниот ковчег и ковчежето што беше покрај него, во кое беа златните предмети, и ги ставија на големиот камен. И жителите на Вет-Семес+ тој ден му принесуваа на Јехова жртви паленици и други жртви. 16  Кога го видоа тоа, петте филистејски кнезови-сојузници+ се вратија во Екрон на истиот ден. 17  А ова се златните фигури на мајасил, кои Филистејците му ги испратија на Јехова како жртва за вина:+ еден за Азот,+ еден за Газа,+ еден за Аскалон,+ еден за Гат+ и еден за Екрон.+ 18  А златните скокајглувци беа според бројот на сите филистејски градови што им припаѓаа на петте кнезови-сојузници, од утврдените градови до неоградените села. Големиот камен на нивата на Исус од Вет-Семес, на кој го положија Јеховиниот ковчег, е сведок до ден-денес. 19  Но жителите на Вет-Семес+ го гледаа ковчегот на Јехова и затоа тој ги уби. Така уби седумдесет луѓе од народот — педесет илјади луѓе* — и народот тагуваше зашто Јехова го удри народот со голем помор.+ 20  А жителите на Вет-Семес рекоа: „Кој може да опстане пред Јехова, овој свет Бог?+ Кај кого од нас да отиде сега?“+ 21  И им испратија гласници на жителите на Киријат-Јарим+ и им порачаа: „Филистејците го вратија Јеховиниот ковчег. Слезете и однесете го кај вас“.+

Фусноти

„Хемороиди“.
Некои сметаат дека изразот „педесет илјади луѓе“ е вметнат во текстот подоцна.