Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Самоилова 4:1-22

4  А Самоил му ги пренесуваше Божјите зборови на целиот Израел. Тогаш Израеловите синови излегоа во борба против Филистејците и се улогорија кај Евен-Езер,+ а Филистејците се улогорија во Афек.+  Филистејците се наредија во борбени редови+ против Израел и започна битката во која Филистејците беа посилни, така што го поразија Израел,+ убивајќи на бојното поле околу четири илјади луѓе.  Кога народот дојде во логорот, старешините на Израел рекоа: „Зошто Јехова нѐ порази денес пред Филистејците?+ Да го земеме од Сило ковчегот на Јеховиниот сојуз+ за да биде меѓу нас и да нѐ избави од рацете на нашите непријатели“.  Така народот испрати луѓе во Сило и оттаму го донесоа ковчегот на сојузот на Јехова над војските, кој седи над херувими.*+ А двата сина на Илиј, Офни и Финес, го придружуваа ковчегот на сојузот на вистинскиот Бог.+  Кога ковчегот на Јеховиниот сојуз стигна во логорот, сите Израелци почнаа гласно да извикуваат,+ така што земјата потреперуваше.  Филистејците го чуја големото викање, па рекоа: „Какво е тоа големо викање+ во логорот на Евреите?“ На крајот дознаа дека Јеховиниот ковчег стигна во логорот.  Тогаш Филистејците се исплашија, па рекоа: „Бог дошол во логорот!“+ И рекоа: „Тешко нам, зашто такво нешто се нема случено никогаш порано!  Тешко нам! Кој ќе нѐ избави од раката на тој моќен Бог? Тој Бог го удри Египет со секаков вид помор во пустината.+  Бидете храбри и држете се јуначки, Филистејци, за да не им служите на Евреите како што тие ви служеа вам!+ Држете се јуначки и борете се!“ 10  Тогаш Филистејците тргнаа во борба и ги поразија Израелците,+ така што секој побегна во својот шатор.+ Колежот беше многу голем,+ и паднаа триесет илјади пешаци од Израел.+ 11  Ковчегот беше запленет,+ а двата сина на Илиј, Офни и Финес, загинаа.+ 12  А еден од Венијаминовите синови отрча од бојното поле и уште во истиот ден стигна во Сило со раскината облека+ и со глава посипана со прав.+ 13  Кога стигна, Илиј со исчекување седеше на столот покрај патот, зашто срцето му трепереше поради ковчегот на вистинскиот Бог.+ И кога оној човек дојде и го извести градот за сѐ, настана викотница низ целиот град. 14  А Илиј ја слушна големата викотница, па праша: „Каков метеж е тоа?“+ И оној човек дојде брзо за да го извести Илиј за сѐ. 15  А Илиј имаше деведесет и осум години и повеќе не гледаше, зашто ослепе.+ 16  Тогаш човекот му рече на Илиј: „Доаѓам од бојното поле, денес побегнав од бојното поле“. А тој го праша: „Што се случило, сине?“ 17  А гласникот одговори: „Израел побегна пред Филистејците и народот доживеа тежок пораз.+ Загинаа и твоите два сина, Офни и Финес,+ а ковчегот на вистинскиот Бог е запленет“.+ 18  Кога овој го спомна ковчегот на вистинскиот Бог, Илиј падна од столот наназад кај градската порта, си го скрши вратот и умре, зашто беше стар и тежок. Беше судија во Израел четириесет години. 19  А неговата снаа, жената на Финес, беше бремена и пред пораѓање. Кога ја слушна веста дека е запленет ковчегот на вистинскиот Бог и дека загинале нејзиниот свекор и нејзиниот маж, се свитка и почна да се пораѓа, зашто одеднаш ја фатија родилни болки.+ 20  И додека таа умираше, жените што стоеја покрај неа ѝ рекоа: „Не плаши се, зашто роди син“.+ Но таа не одговори и не ѝ беше грижа за тоа. 21  На детето му го даде името Ихавод,*+ велејќи: „Славата отиде од Израел во изгнанство“.+ Со тоа мислеше на запленетиот ковчег на вистинскиот Бог и на својот свекор и на својот маж.+ 22  И рече: „Славата отиде од Израел во изгнанство,+ зашто е запленет ковчегот на вистинскиот Бог“.+

Фусноти

Херувими се ангели на висока положба.
„Ихавод“ значи: „Каде е славата?“