Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Самоилова 3:1-21

3  А момчето Самоил му служеше+ на Јехова пред Илиј. Во тоа време Јеховината реч+ ретко доаѓаше+ и виденијата+ не беа чести.  Еден ден, Илиј спиеше во својата соба. Очите му ослабеа,+ така што повеќе не гледаше.  Божјиот светилник уште не се угасна, а Самоил спиеше во Јеховиниот храм,+ каде што беше Божјиот ковчег.  И Јехова го викна Самоил, а тој одговори: „Еве ме!“+  Па отрча кај Илиј и рече: „Еве ме, ме викаше!“ Но тој рече: „Не те викав. Оди и легни си“. И тој отиде и си легна.  Но Јехова пак го викна: „Самоиле!“+ А Самоил стана и отиде кај Илиј, па му рече: „Еве ме, ме викаше!“ Но тој рече: „Не те викав, сине.+ Оди и легни си“.  Самоил, имено, уште не го познаваше Јехова и Јеховината реч уште не му беше објавена.+  И Јехова го викна по трет пат: „Самоиле!“ А тој стана и отиде кај Илиј, па му рече: „Еве ме, сигурно ме викаше!“ Тогаш Илиј сфати дека Јехова го вика момчето.  Затоа Илиј му рече на Самоил: „Оди и легни си, па ако те викне повторно, речи: ‚Зборувај, Јехова, зашто твојот слуга слуша!‘ “ И Самоил отиде и си легна на своето место. 10  Тогаш Јехова дојде, застана таму и го викна како и пред тоа: „Самоиле! Самоиле!“ А Самоил одговори: „Зборувај, зашто твојот слуга слуша!“+ 11  И Јехова му рече на Самоил: „Еве, ќе направам+ во Израел нешто од кое ќе се вчудовидат сите што ќе чујат за тоа.*+ 12  Во тој ден ќе го извршам на Илиј сето она што го реков за неговиот дом, од почетокот до крајот.+ 13  Речи му дека мојата осуда ќе биде на неговиот дом+ за навек поради вината за која знаеше,+ зашто неговите синови хулат на Бог,+ а тој не ги укори.+ 14  Затоа му се заколнав на домот на Илиј дека вината на домот на Илиј за навек нема да се исчисти ниту со некаква жртва ниту со принос“.+ 15  Самоил остана да лежи до утрото, а тогаш ја отвори вратата на Јеховиниот дом.+ Но Самоил се плашеше да му го раскаже видението на Илиј.+ 16  Но Илиј го викна Самоил: „Самоиле, сине!“ А тој одговори: „Еве ме!“ 17  Тогаш го праша: „Каков е зборот што ти го кажа? Те молам, немој да криеш ништо од мене.+ Бог нека ти направи така, и уште нека ти додаде,+ ако ми скриеш некој збор од сето она што ти го рекол тој“. 18  Тогаш Самоил му раскажа сѐ и ништо не му скри. А тој рече: „Тоа е Јеховина волја! Нека го направи она што е добро во негови очи!“+ 19  Самоил растеше, а Јехова беше со него+ и не допушти да остане неисполнет ниту еден негов збор.*+ 20  И целиот Израел, од Дан до Вирсавеја,+ сфати дека Самоил е поставен за Јеховин пророк.+ 21  И Јехова почна пак да се појавува+ во Сило. Јехова му се откриваше на Самоил во Сило преку Јеховината реч.+

Фусноти

Буквално: „од кое на сите што ќе чујат за тоа ќе им зујат и двете уши“.
Буквално: „да падне на земјата ниту еден негов збор“.