Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Самоилова 24:1-22

24  Кога Саул се врати од потерата по Филистејците,+ му јавија: „Ене, Давид е во пустината Ен-Геди!“+  И Саул зеде три илјади избрани луѓе+ од целиот Израел и отиде да ги бара Давид+ и неговите луѓе по голите карпи каде што живеат планинските кози.+  По некое време дојде до камените трла покрај патот, каде што имаше една пештера. И Саул влезе за да врши нужда,+ а Давид и неговите луѓе седеа на дното од пештерата.+  Тогаш неговите луѓе му рекоа на Давид: „Еве го денот за кој Јехова ти рече: ‚Гледај, ти го предавам в раце твојот непријател!+ Направи го со него она што мислиш дека е добро!‘ “+ А Давид стана и незабележливо отсече дел од скутот на Сауловата наметка.  Но подоцна срцето го осудуваше Давид+ поради тоа што отсече дел од скутот на Сауловата наметка.  И им рече на своите луѓе: „Не сакам да му направам такво нешто на својот господар, Јеховиниот помазаник,+ и да кренам рака на него, бидејќи тој е Јеховин помазаник.+ Тоа не би било исправно во Јеховини очи“.  И Давид со тие зборови ги запре своите луѓе и не им дозволи да се кренат против Саул.+ А Саул излезе од пештерата и појде по својот пат.  Потоа Давид стана, излезе од пештерата и викна по Саул: „Господару,+ царе!“ Тогаш Саул се сврти, а Давид се поклони и падна ничкум, со лицето до земја.+  И Давид му рече на Саул: „Зошто ги слушаш луѓето што ти велат:+ ‚Гледај, Давид ти посакува зло‘? 10  Еве, денес со свои очи виде дека Јехова те предаде во мои раце во пештерата. Ми рекоа да те убијам,+ но јас се сожалив на тебе и реков: ‚Нема да кренам рака на својот господар, зашто тој е Јеховин помазаник‘.+ 11  Еве, татко мој,+ погледни го скутот од својата наметка во мојата рака, зашто кога го пресеков скутот на твојата наметка, не те убив! Знај и види дека во мојата рака нема злоба,+ ниту бунтовност, и дека не сум ти згрешил, а ти ја демнеш мојата душа за да ми ја земеш!+ 12  Јехова нека пресуди меѓу мене и тебе!+ Јехова нека ме одмазди+ врз тебе, но мојата рака нема да се крене на тебе!+ 13  Како што вели старата изрека: ‚Од злобниот излегува зло‘,+ а мојата рака нема да се крене на тебе. 14  По кого излегол царот на Израел? Кого прогонува? Зар мртов пес,+ зар обична болва?+ 15  Јехова нека биде судија и нека пресуди меѓу мене и тебе! Тој нека гледа и нека ја води мојата парница!+ Нека ми суди и нека ме избави од твојата рака!“ 16  А кога Давид му ги кажа сите тие зборови на Саул, Саул одговори: „Дали е тоа твојот глас, сине мој Давиде?“+ И Саул гласно заплака.+ 17  Потоа му рече на Давид: „Поправеден си од мене,+ зашто ти мене ми правеше добро,+ а јас тебе ти правев зло. 18  Еве, денес самиот кажа какво добро си ми направил, зашто Јехова ме предал во твои раце,+ а ти не си ме убил. 19  Кога човек ќе наиде на својот непријател, ќе го пушти ли мирно да оди по својот пат?+ Јехова нека ти врати со добро+ за сето ова што ми го направи денес! 20  И сега, еве, знам дека сигурно ќе бидеш цар+ и дека царството на Израел трајно ќе се одржи во твојата рака. 21  Затоа сега, заколни ми се во Јехова+ дека нема да го истребиш моето потомство по мене и дека нема да го сотреш моето име од домот на мојот татко“.+ 22  И Давид му се заколна на Саул. Тогаш Саул отиде во својот дом,+ а Давид со своите луѓе отиде на скришното место.+

Фусноти