Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Самоилова 18:1-30

18  Кога Давид го заврши разговорот со Саул, душата на Јонатан+ се врза+ за душата на Давид, и Јонатан го засака како својата душа.+  Во тој ден Саул го зеде кај себе и не му дозволи да се врати во куќата на својот татко.+  Јонатан склучи сојуз со Давид,+ зашто го сакаше како својата душа.+  И Јонатан ја симна наметката што ја носеше и му ја даде на Давид, а исто и својата облека, па дури и својот меч, лак и појас.  И Давид одеше во воени походи. Каде и да го пратеше Саул, тој постапуваше разборито,+ така што Саул го постави над своите воини.+ Тоа беше по волјата на целиот народ и на сите слуги на Саул.  Додека доаѓаа, кога Давид се враќаше откако ги победи Филистејците, жените од сите градови на Израел излегоа за да го дочекаат цар Саул со песна+ и со игра, радосно извикувајќи+ во придружба на звукот од дајриња+ и псалтири.  Жените, кои ја славеа победата со песна, си одговараа една на друга: „Саул погуби илјади, а Давид десетици илјади свои непријатели“.+  Саул многу се разгневи+ затоа што песната не му беше по волја. И рече: „На Давид му дадоа десетици илјади, а мене ми дадоа само илјади. Уште само треба да му го дадат и царството!“+  Од тој ден Саул го гледаше Давид со недоверба.+ 10  Утредента+ Бог дозволи Саул да го обземе лошо расположение,*+ така што тој почна да се однесува необично во куќата — како да паднал во пророчки занес.+ Давид, пак, свиреше на харфа,+ како и порано, а Саул во раката имаше копје.+ 11  И Саул го фрли копјето,+ велејќи си во себе: „Ќе го приковам Давид за ѕидот“.+ Но Давид му се истргна двапати.+ 12  Така Саул почна да се плаши+ од Давид, зашто Јехова беше со него,+ а од Саул имаше отстапено.+ 13  Затоа Саул го отстрани од својата близина+ и го постави за илјаданачалник. Така Давид го предводеше народот во воените походи.+ 14  На сите свои патишта постапуваше разборито,+ и Јехова беше со него.+ 15  А Саул виде дека тој постапува многу разборито+ и затоа се плашеше од него. 16  Но целиот Израел и Јуда го сакаа Давид затоа што ги предводеше во воените походи. 17  На крајот Саул му рече на Давид: „Еве, ќе ти ја дадам за жена+ мојата најстара ќерка Мерава!+ Само биди храбар и води ги Јеховините војни“.+ Но Саул си мислеше: „Нека не се дигне на него мојата рака, туку филистејската рака нека се дигне на него“.+ 18  А Давид му одговори на Саул: „Кој сум јас и кој е мојот род, домот на татко ми во Израел, па јас да бидам царски зет?“+ 19  Но, кога требаше на Давид да му ја дадат за жена Мерава, ќерката на Саул, му ја дадоа за жена на Адриел+ Мехолецот.+ 20  А Михала,+ ќерката на Саул, беше вљубена во Давид. Кога му го јавија тоа, на Саул му беше по волја. 21  И Саул помисли: „Ќе му ја дадам за да му биде замка+ и за да се дигне на него филистејската рака“. Така Саул му рече на Давид: „Денес ќе ми станеш зет за другата“. 22  Тогаш Саул им заповеда на своите слуги: „Разговарајте доверливо со Давид и речете му: ‚Гледај, мил си му на царот и сите негови слуги те сакаат. Затоа биди му сега зет на царот‘ “. 23  И слугите на Саул му ги пренесоа тие зборови на Давид, но Давид рече: „Мислите дека е лесно да станеш зет на царот? Јас сум само сиромашен+ и мал човек“.+ 24  Тогаш слугите го известија Саул: „Вака и вака рече Давид“. 25  А Саул одговори: „Вака речете му на Давид: ‚Царот не сака пари за невестата,+ туку сто филистејски обрешки,+ за да им се одмазди+ царот на своите непријатели‘ “. Саул си мислеше дека Давид ќе загине од филистејската рака. 26  Кога слугите му ги јавија на Давид тие зборови, на Давид му беше по волја да му стане зет+ на царот. И уште пред одредениот рок, 27  Давид со своите луѓе се подготви, па отиде и им уби+ на Филистејците двесте луѓе. И Давид ги донесе нивните обрешки+ и сите му ги предаде на царот, за да стане царски зет. Тогаш Саул му ја даде за жена својата ќерка Михала.+ 28  И Саул сфати дека Јехова е со Давид.+ А Михала, ќерката на Саул, го сакаше Давид.+ 29  И Саул уште повеќе се плашеше од Давид и му беше непријател од тогаш до крајот на својот живот.+ 30  Кога филистејските кнезови+ ќе отидеа во воен поход, Давид секојпат ќе постапеше поразборито+ од сите слуги на Саул. И неговото име стана мошне славно.+

Фусноти

Буквално: „Божјиот зол дух почна да дејствува врз Саул“.