Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

Select language македонски

1. Самоилова 17:1-58

17  Филистејците+ ја собраа за војна својата војска и се состанаа кај Сохо,+ во Јуда. Се улогорија меѓу Сохо и Азика+ во Ефес-Дамим.+  А Саул и Израелците се собраа и се улогорија во рамницата Ила+ и се наредија во борбени редови против Филистејците.  Филистејците застанаа на ридот од едната страна, а Израелците на ридот од другата страна, така што меѓу нив беше долината.  Од филистејскиот логор излезе еден предизвикувач, кој се викаше Голијат,+ а беше од Гат.+ Беше висок шест лакти и една педа.*+  На главата имаше бакарен шлем и беше облечен во оклоп со лушпи што се преклопуваа. Бакарниот оклоп+ беше тежок пет илјади сикли.*  На нозете имаше бакарни штитници за потколениците, а на грбот кратко копје+ од бакар.  Дрвената дршка на неговото долго копје беше како ткајачко кросно,+ а железното сечило на тоа копје тежеше шестотини сикли.* Штитоносецот, кој го носеше големиот штит, одеше пред него.  И Филистеецот се постави пред четите на Израел+ и почна да им довикува: „Зошто сте излегле да се редите во борбени редови? Не сум ли јас Филистеец, а вие слуги+ на Саул? Изберете еден човек меѓу вас, па нека дојде кај мене!  Ако ме победи во борбата и ако ме убие, ние ќе бидеме ваши слуги. Но ако го победам јас него и ако го убијам, тогаш вие ќе бидете наши слуги и ќе ни служите нам“.+ 10  Филистеецот уште рече: „Денес јас ги предизвикувам+ четите на Израел. Дајте ми човек за да се бориме!“+ 11  Кога чуја што рече Филистеецот, Саул+ и целиот Израел се уплашија и ги обзеде голем страв.+ 12  А Давид беше син на оној Ефраќанец+ од Витлеем во Јуда што се викаше Јесеј и имаше осум сина.+ Во времето на Саул, тој човек веќе беше стар. 13  Трите најстари синови на Јесеј отидоа по Саул во војна.+ Тие три сина што отидоа во војна се викаа: првородениот Елијав,+ вториот Авинадав,+ а третиот Сама.+ 14  Давид беше најмладиот,+ а тројцата најстари отидоа по Саул. 15  И Давид одеше кај Саул, а потоа се враќаше за да ги пасе овците+ на својот татко во Витлеем. 16  А Филистеецот излегуваше рано наутро и навечер, и тоа го правеше четириесет дена. 17  Еден ден, Јесеј му рече на својот син Давид: „Земи ги за своите браќа оваа ефа* пржени зрна+ и овие десет леба, па брзо однеси им ги на своите браќа во логорот. 18  А овие десет пити сирење* однеси му ги на нивниот илјаданачалник.+ И види дали се добро твоите браќа,+ па донеси откај нив нешто по кое ќе видам дека се добро“. 19  А тие беа во тоа време со Саул и со сите Израелци во рамницата Ила,+ во војна против Филистејците.+ 20  Давид стана рано наутро, му ги остави овците на еден чувар, се подготви и отиде, како што му заповеда Јесеј.+ Кога стигна до логорот,+ војската излегуваше на бојното поле+ со воени извици. 21  Израелците и Филистејците се редеа во борбени редови едни спроти други. 22  Давид ги остави своите работи+ кај чуварот на товарот+ и отрча на бојното поле. Кога дојде, праша како се неговите браќа.+ 23  И додека разговараше со нив, гледај, оној предизвикувач, кој се викаше Голијат,+ Филистеец од Гат,+ истапи од филистејските чети и ги кажа истите зборови како и пред тоа,+ а Давид го чу тоа. 24  Штом го здогледаа тој човек, сите Израелци побегнаа од него и многу се исплашија.+ 25  Израелците велеа: „Го видовте ли оној човек што излегува пред нас? Тој излегува за да му се потсмева+ на Израел. На оној што ќе го убие, царот ќе му даде големо богатство и ќе му ја даде својата ќерка,+ а домот на неговиот татко во Израел ќе го ослободи од данок“.+ 26  Тогаш Давид ги праша луѓето што стоеја околу него: „Што ќе добие човекот кој ќе го убие тој Филистеец+ и ќе го отстрани срамот од Израел?+ Зашто, кој е тој необрежан+ Филистеец да им се потсмева+ на четите на живиот Бог?“+ 27  А луѓето му одговорија со истите зборови: „Ете, тоа ќе го добие човекот што ќе го убие“. 28  Но, Елијав,+ неговиот најстар брат, чу како Давид разговара со луѓето. И Елијав се разгневи на него+ и му рече: „Зошто си дошол ваму? Кому си му ги оставил оние малку овци во пустината?+ Ја знам јас твојата дрскост и злобата на твоето срце.+ Си дошол ваму да ја гледаш битката!“+ 29  Тогаш Давид рече: „Што сум направил сега? Само прашав!“+ 30  Па се сврте кон другиот и му го постави истото прашање,+ а луѓето му одговорија исто како и пред тоа.+ 31  Кога се расчу што кажа Давид, му јавија за тоа на Саул, а тој го повика кај себе. 32  И Давид му рече на Саул: „Никому нека не му малакса срцето!+ Твојот слуга ќе излезе и ќе се бори со тој Филистеец“.+ 33  Но Саул му рече на Давид: „Не можеш ти да одиш против тој Филистеец и да се бориш со него,+ зашто ти си уште дете,+ а тој е воин од својата младост“. 34  А Давид му рече на Саул: „Твојот слуга ги чуваше овците на својот татко, па кога дојде еден лав,+ а и една мечка, и однесе овца од стадото, 35  јас се стрчав по него, го удрив+ и ја избавив овцата од неговата челуст. А кога тој се крена против мене, го фатив за вратот, го удрив и го убив. 36  И лав и мечка убил твојот слуга, па и тој необрежан Филистеец+ ќе си помине како еден од нив затоа што им се потсмеваше+ на четите+ на живиот Бог!“+ 37  Давид уште рече: „Јехова, кој ме избави од шепите на лавот и на мечката, ќе ме избави и од рацете на тој Филистеец!“+ Тогаш Саул му рече на Давид: „Оди, и Јехова нека биде со тебе!“+ 38  И Саул го облече Давид во својата воена опрема, му го стави на главата бакарниот шлем и го облече во оклоп. 39  Давид го опаша преку опремата неговиот меч и се обиде да оди, но не можеше, зашто никогаш порано не беше носел таква опрема. На крајот, Давид му рече на Саул: „Не можам да одам во тоа, зашто не сум навикнат“. И Давид ја соблече.+ 40  Го зеде в рака својот стап и избра од потокот пет мазни камења и ги стави во пастирската торба, која ја носеше со себе, па со праќа+ в рака тргна кон Филистеецот. 41  Филистеецот приоѓаше сѐ поблизу до Давид, а пред него одеше штитоносецот, кој му го носеше големиот штит. 42  Кога го здогледа Давид, Филистеецот го погледна со презир,+ зашто уште беше дете,+ румен+ и со прекрасна става.+ 43  И Филистеецот му рече на Давид: „Зар сум куче,+ па доаѓаш против мене со стапови?“ И фати да го колне Давид повикувајќи ги своите богови.+ 44  Потоа Филистеецот му рече на Давид: „Дојди кај мене да им го дадам твоето месо на небесните птици и на полските ѕверови!“+ 45  А Давид му одврати на Филистеецот: „Ти доаѓаш против мене со меч, со долго и со кратко копје,+ а јас доаѓам против тебе во името на Јехова над војските,+ Богот на четите на Израел, кому ти му се потсмеваше.+ 46  Денес Јехова ќе те предаде во мои раце,+ и јас ќе те убијам и ќе ти ја скинам главата. Мртвите тела на филистејската војска денес ќе им ги дадам на небесните птици и на земните ѕверови.+ И сите народи на земјата ќе знаат дека Израел има Бог.+ 47  А целото ова мноштво* ќе знае дека Јехова не спасува ниту со меч ниту со копје,+ зашто битката е на Јехова+ и тој ќе ве предаде во наши раце“.+ 48  Кога Филистеецот тргна напред и му се приближи на Давид, Давид брзо се стрча кон бојното поле за да го пресретне Филистеецот.+ 49  Тогаш Давид бркна со раката во торбата, извади од неа еден камен и го фрли со праќата. И го погоди Филистеецот в чело,+ така што каменот му се заби во челото и тој падна со лицето на земја.+ 50  Така Давид го победи Филистеецот со праќа и камен. Давид го удри Филистеецот и го уби, а немаше меч во раката.+ 51  Потоа дотрча и застана покрај Филистеецот. Го фати неговиот меч,+ го извлече од ножницата и го погуби, отсекувајќи му ја главата.+ Кога видоа дека загина нивниот јунак, Филистејците почнаа да бегаат.+ 52  Тогаш синовите на Израел и на Јуда станаа и со воени извици ги спотераа+ Филистејците до долината+ и до портите на Екрон.+ Филистејците паѓаа мртви по патот од Сараим+ до Гат и до Екрон. 53  Потоа синовите на Израел се вратија од жестоката потера по Филистејците и го ограбија+ нивниот логор. 54  А Давид ја зеде главата+ на Филистеецот и ја однесе во Ерусалим, а неговото оружје го стави во својот шатор.+ 55  Кога виде како Давид му оди во пресрет на Филистеецот, Саул го праша Авенир,+ заповедникот на војската: „Чиј+ е овој младич,+ Авенире?“ А Авенир одговори: „Како што е жива твојата душа, царе, не знам“. 56  Тогаш царот рече: „Распрашај се чиј син е тој младич!“ 57  И кога Давид се врати, откако го уби Филистеецот, ти Авенир го зеде со себе и го доведе пред Саул, а тој ја држеше в рака главата+ на Филистеецот. 58  И Саул го праша: „Чиј син си ти, младичу?“ А Давид одговори: „Јас сум син на твојот слуга Јесеј+ од Витлеем“.+

Фусноти

Околу 2,90 метри. Види го додатокот 13.
Околу 57 килограми. Види го додатокот 13.
Нешто помалку од 7 килограми.
Една ефа е 22 литри. Види го додатокот 13.
Буквално: „млека“, што, по сѐ изгледа, се однесува на некој вид млечни производи.
Хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.