Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Самоилова 14:1-52

14  Еден ден, Јонатан,+ синот на Саул, му рече на слугата што му го носеше оружјето: „Ајде да отидеме докај филистејската стража, која е на онаа страна“. А на својот татко не му кажа ништо.+  Саул престојуваше во околината на Гаваја,+ под калинката што е во Мигрон. Со него беа околу шестотини луѓе.+  (А Ахија, синот на Ахитув,+ брат на Ихавод,+ синот на Финес,+ син на Илиј,+ кој беше Јеховин свештеник во Сило,+ го носеше свештеничкиот ефод.)+ И народот не знаеше дека Јонатан отиде.  Среде клисурата која Јонатан сакаше да ја премине за да дојде до филистејската стража+ имаше две стрмни карпи, една од едната страна, а друга од другата страна. Едната се викаше Восес, а другата Сене.  Едната карпа се издигаше како столб на северната страна спроти Михмаш,+ а другата беше на јужната страна спроти Гева.+  И Јонатан му рече на слугата, својот штитоносец: „Ајде да отидеме докај стражата на оние необрежанине.+ Можеби Јехова ќе направи нешто за нас, зашто ништо не може да го спречи Јехова да спаси, било со многу луѓе било со малку“.+  А штитоносецот му возврати: „Сѐ што ти е на срце, тоа направи го. Оди каде што сакаш! Еве, јас сум со тебе, а ти, сѐ што ти е на срце, тоа направи го“.+  Тогаш Јонатан рече: „Еве, ќе преминеме кај нив и ќе им се покажеме.  Ако ни речат: ‚Стојте додека да дојдеме до вас!‘ — ќе останеме на своето место и нема да одиме кај нив. 10  Но, ако ни речат: ‚Качете се кај нас!‘ — тогаш ќе отидеме горе, зашто Јехова ни ги дава в раце. Тоа ќе ни биде знак“.+ 11  Тогаш двајцата ѝ се покажаа на филистејската стража. А Филистејците рекоа: „Гледај, Евреите излегуваат од дупките во кои се скрија“.+ 12  И стражарите им довикнаа на Јонатан и на неговиот штитоносец: „Качете се кај нас да ви кажеме нешто!“+ Тогаш Јонатан му рече на својот штитоносец: „Појди по мене, зашто Јехова му ги предаде в раце на Израел“.+   13  И Јонатан почна да се качува, помагајќи си со рацете+ и нозете, а по него и неговиот штитоносец. И Филистејците почнаа да паѓаат пред Јонатан,+ а неговиот штитоносец ги убиваше по него.+ 14  И во тој прв колеж, Јонатан и неговиот штитоносец убија дваесетина луѓе на околу половина рало* земја. 15  Тогаш завладеа страв+ во логорот во полето и меѓу сите стражари. Четата пљачкаши+ трепереа од страв, а згора на тоа и земјата се затресе.+ Тоа беше страв од Бог.+ 16  А стражарите на Саул во Венијаминова Гаваја+ го видоа тоа, и гледај, насекаде се ширеше метеж.+ 17  И Саул му рече на народот што беше со него: „Пребројте ги луѓето и видете кој си отишол откај нас“. Кога ги преброија луѓето, гледај, ги немаше Јонатан и неговиот штитоносец. 18  Тогаш Саул му рече на Ахија:+ „Донеси го ковчегот на вистинскиот Бог!“+ Зашто, во тоа време ковчегот на вистинскиот Бог беше кај синовите на Израел.+ 19  И додека Саул разговараше со свештеникот,+ метежот во филистејскиот логор стануваше сѐ поголем. Затоа Саул му рече на свештеникот: „Остави го сега тоа!“ 20  А Саул и целиот народ што беше со него се собраа+ и тргнаа во битка, и гледај, секој го беше свртел својот меч кон неговиот ближен,+ па збрката стана многу голема. 21  А и оние Евреи кои веќе отпорано беа застанале на страната на Филистејците+ и беа со нив во нивниот логор, сега им се придружија на Израелците кои беа со Саул и со Јонатан. 22  И сите Израелци што се криеја+ во ефремските планини чуја дека Филистејците бегаат, па веднаш јурнаа по нив во битката. 23  И во тој ден, Јехова го избави+ Израел, а битката продолжи и отаде Вет-Авен.+ 24  Во тој ден, Израелците беа многу исцрпени, но Саул сепак го обврза народот со заклетва,+ велејќи: „Проклет да е оној што ќе јаде нешто пред вечерта, додека не им се одмаздам+ на своите непријатели!“ И никој од народот не вкуси ништо.+ 25  Целиот народ дојде во шумата, каде што имаше мед+ по ледината. 26  Кога народот дојде во шумата, гледај, мед капеше од саќето,+ но никој не ја принесе раката кон својата уста, зашто народот се плашеше од заклетвата.+ 27  А Јонатан не чу кога татко му со заклетва го обврза народот,+ па посегна со врвот од стапот што му беше во раката, го намака во саќето со мед и си ја принесе раката до устата. И очите му светнаа.+ 28  Тогаш некој од народот проговори и рече: „Татко ти со заклетва го обврза народот, велејќи: ‚Проклет да е оној што ќе јаде нешто денес!‘ “+ (А народот се беше уморил.) + 29  Тогаш Јонатан одговори: „Татко ми ѝ нанесе неволја+ на земјата. Погледнете како ми светнаа очите затоа што вкусив малку мед.+ 30  Што ли ќе беше ако народот јадеше+ денес од пленот што го зеде од своите непријатели!+ А вака колежот на Филистејците не е голем“.+ 31  Во тој ден ги биеја Филистејците од Михмаш+ до Ајалон+ и народот многу се умори.+ 32  Тогаш народот лакомо се нафрли на пленот+ и зеде овци, говеда и телиња, па почна да ги коле на земја. И народот јадеше месо со крв.+ 33  Затоа му јавија на Саул: „Гледај, народот му греши на Јехова, јадејќи месо со крв!“+ А тој одговори: „Неверно постапивте! Дотркалајте ми најнапред еден голем камен!“ 34  Потоа Саул рече: „Распрснете се меѓу народот и речете им на сите: ‚Доведете го кај мене секој својот јунец и секој својата овца, па заколете ги овде и јадете. Немојте да му грешите на Јехова, јадејќи месо со крв‘ “.+ Така секој од народот го дотера својот јунец, кој се најде таа ноќ во негова рака, и таму го закла. 35  И Саул му изгради жртвеник+ на Јехова. Тоа беше првиот жртвеник што му го изгради на Јехова.+ 36  Потоа Саул рече: „Да појдеме ноќеска по Филистејците и да ги ограбиме додека не се разденило.+ Нема да оставиме ниту еден од нив!“+ А тие возвратија: „Прави го она што е добро во твои очи!“ Тогаш свештеникот рече: „Да му пристапиме овде на вистинскиот Бог!“+ 37  И Саул го праша Бог: „Дали да појдам по Филистејците?+ Ќе му ги дадеш ли в раце на Израел?“+ Но тој не му одговори во тој ден.+ 38  Затоа Саул рече: „Пристапете ваму,+ сите главатари на народот,+ па испитајте и видете како е направен денес овој грев. 39  Зашто, како што е жив Јехова, Избавителот на Израел, дури и ако го направил тоа Јонатан, мојот син, ќе умре“.+ Но никој од целиот народ не му одговори. 40  И тој му рече на целиот Израел: „Вие застанете на едната страна, а јас и мојот син Јонатан ќе застанеме на другата страна!“ Тогаш народот му рече на Саул: „Прави го она што е добро во твои очи!“+ 41  Тогаш Саул му рече на Јехова: „Боже на Израел, дај ни одговор преку Тумим!“*+ И изборот падна на Јонатан и на Саул, а народот излезе слободен.+ 42  Саул продолжи: „Фрлете ждрепка+ за да одлучи меѓу мене и мојот син Јонатан!“ И изборот падна на Јонатан. 43  Тогаш Саул му рече на Јонатан: „Кажи ми што си направил!“+ А Јонатан му одговори: „Вкусив малку мед од врвот на стапот што ми е во раката.+ Еве ме, готов сум да умрам!“ 44  Тогаш Саул рече: „Бог нека ми направи така, и уште нека ми додаде,+ ако не умреш,+ Јонатане!“ 45  Но народот му рече на Саул: „Зарем да умре Јонатан, кој му ја донесе оваа голема победа+ на Израел? Во никој случај!+ Како што е жив Јехова,+ ниту едно влакно од главата+ нема да му падне на земја, зашто со Бог го изврши денес ова дело!“+ Така народот го избави+ Јонатан, па не загина. 46  И Саул се откажа од потерата по Филистејците, а Филистејците си отидоа во својот крај.+ 47  Откако ја утврди царската власт над Израел,+ Саул војуваше против сите свои околни непријатели: против Моав,+ против синовите на Амон,+ против Едом,+ против царевите на Сова+ и против Филистејците.+ И каде и да се свртеше, им пресудуваше на своите непријатели.+ 48  Правеше голем број храбри дела,+ го уништи Амалик+ и го избави Израел од рацете на оние што го пљачкаа. 49  Синови на Саул беа: Јонатан,+ Исви и Малхи-Суа,+ а од двете негови ќерки, постарата се викаше Мерава,+ а помладата Михала.+ 50  Жената на Саул се викаше Ахиноама и беше ќерка на Ахимас, а заповедникот на неговата војска се викаше Авенир,+ и му беше син на Нир и стрико на Саул. 51  Кис+ му беше татко на Саул, а Нир,+ таткото на Авенир, му беше син на Авил. 52  Во сите денови на Саул се водеше жестока војна против Филистејците.+ Кога ќе видеше некој силен или храбар човек, Саул ќе го земеше кај себе.+

Фусноти

Односно четвртина хектар. „Рало земја“ (буквално: „една [воловска] запрега земја“) е површина што може да се изора за еден ден со едно рало волови.
Види ја фуснотата за 2Мо 28:30.