Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Самоилова 12:1-25

12  И Самоил му рече на целиот Израел: „Еве, го послушав вашиот глас во сѐ што ми кажавте+ и поставив цар да владее над вас.+  И сега, царот нека оди пред вас!+ Јас остарев+ и оседев,+ и моите синови се тука меѓу вас.+ Одев пред вас од својата младост до денешен ден.+  Еве ме! Сведочете против мене пред Јехова и пред неговиот помазаник!+ Кому сум му зел бик? Кому сум му зел магаре?+ Кого сум измамил? Кого сум угнетувал? Од чија рака сум примил мито за да замижам на едното око поради тоа?+ Сето тоа ќе ви го вратам“.+  А тие одговорија: „Не нѐ мамеше, не нѐ угнетуваше, ниту имаш примено нешто од нечија рака“.+  Тогаш им рече: „Јехова е сведок против вас, и неговиот помазаник+ е сведок во овој ден дека ништо не најдовте во мојава рака“.+ А тие одговорија: „Тој е сведок!“  Потоа Самоил му рече на народот: „Сведок е Јехова, кој ги избра Мојсеј и Арон и ги изведе вашите прататковци од египетската земја.+  Затоа сега застанете за да ви судам пред Јехова и да ве потсетам на сите праведни дела+ кои Јехова ви ги правеше вам и на вашите прататковци.  Кога Јаков дојде во Египет+ и кога вашите прататковци почнаа да го повикуваат Јехова да им помогне,+ Јехова ги испрати Мојсеј+ и Арон да ги изведат од Египет вашите прататковци и да ги населат на ова место.+  Но тие го заборавија Јехова, својот Бог,+ па тој ги предаде* во рацете+ на Сисара,+ заповедникот на асорската војска, и во рацете на Филистејците+ и во рацете на моавскиот цар,+ кои војуваа против нив. 10  И го повикуваа Јехова да им помогне:+ ‚Згрешивме,+ бидејќи го оставивме Јехова и им служевме на Вааловците+ и на Астартите.+ Но избави нѐ+ сега од рацете на нашите непријатели за да ти служиме‘. 11  И Јехова ги испрати Јероваал+ и Бедан и Јефтај+ и Самоил,+ и ве избави од рацете на вашите околни непријатели, така што можевте да живеете без страв.+ 12  А кога видовте дека Наас,+ царот на синовите на Амон, излезе против вас, ми велевте: ‚Не, туку нека владее цар над нас!‘+ — макар што Јехова, вашиот Бог, за сето време беше ваш Цар.+ 13  И еве ви го сега царот што го избравте, кого го баравте!+ Еве, Јехова постави цар над вас.+ 14  Ако се плашите од Јехова,+ ако му служите+ и ако го слушате неговиот глас+ и ако не се буните+ против наредбите на Јехова, и вие и царот што ќе владее над вас, ќе покажете дека во сѐ го слушате Јехова, својот Бог. 15  Но, ако не го слушате гласот на Јехова+ и ако се буните против наредбите на Јехова,+ Јеховината рака ќе се крене против вас и против вашите татковци.+ 16  Сега, значи, застанете и гледајте го овој голем знак што го прави Јехова пред ваши очи. 17  Зар не е денес жетвата+ на пченицата? Ќе го повикам+ Јехова да испрати громови и дожд.+ Тогаш ќе сознаете и ќе видите дека е големо во Јеховини очи злото+ што го направивте кога побаравте цар за себе“. 18  Тогаш Самоил го повика Јехова,+ и Јехова испрати громови и дожд во тој ден,+ така што целиот народ го обзеде страв од Јехова и од Самоил. 19  И целиот народ му рече на Самоил: „Моли му се+ на Јехова, својот Бог, за своите слуги, за да не умреме! Зашто, на сите свои гревови им додадовме уште едно зло, барајќи цар за себе“. 20  А Самоил му рече на народот: „Не плашете се!+ Вие, вистина, го направивте сето ова зло, но немојте сега да отстапите од Јехова,+ туку служете му на Јехова со сето свое срце.+ 21  Немојте да отстапите и да се поведете по ништожните идоли+ од кои нема корист+ и кои не избавуваат, затоа што се ништожни. 22  А Јехова нема да го остави+ својот народ поради своето големо име,+ зашто Јехова одлучи да ве направи свој народ.+ 23  А јас во никој случај не сакам да му згрешам на Јехова и да престанам да се молам за вас.+ Ќе ве поучам+ за пат кој е добар и исправен.+ 24  Само бојте се+ од Јехова и служете му верно* со сето свое срце.+ Не заборавајте какви големи дела направи за вас.+ 25  Но ако упорно правите зло, ќе изгинете+ и вие и вашиот цар“.+

Фусноти

Буквално: „продаде“.
Или: „според вистината; вистинито“.