Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Самоилова 11:1-15

11  Амонецот+ Наас дојде и се улогори пред Јавис+ во Галад. Сите жители на Јавис му рекоа на Наас: „Склучи сојуз со нас за да ти служиме!“+  Но Амонецот Наас им одговори: „Ќе склучам сојуз со вас под услов секому од вас да му го извадам+ десното око и така да му нанесам срам на целиот Израел“.+  А старешините на Јавис му рекоа вака: „Дај ни седум дена за да испратиме гласници во сите краишта на Израел, па ако нема кој да нѐ избави,+ ќе ти се предадеме“.  И гласниците дојдоа во Саулова Гаваја+ и му ги пренесоа тие зборови на народот. И целиот народ почна гласно да плаче.+  И гледај, Саул токму одеше по стадото од полето, па праша: „Што му е на народот, па плаче?“ А тие му раскажаа за сѐ што рекоа жителите на Јавис.  Кога Саул ги чу тие зборови, Божјиот дух+ дојде врз него и тој многу се разгневи.+  И зеде два бика, ги исече на парчиња и преку гласници ги испрати во сите краишта на Израел,+ порачувајќи: „Ова ќе се случи со стоката на оној што нема да излезе и нема да појде по Саул и Самоил!“+ И страв+ од Јехова+ го обзеде народот, така што сите тргнаа сложно како еден.+  Потоа, кога ги преброи+ во Везек, имаше триста илјади Израелови синови и триесет илјади луѓе на Јуда.  И им рекоа на гласниците што дојдоа: „Вака кажете им на жителите на Јавис во Галад: ‚Утре, штом ќе припече сонцето, ќе дојде вашето спасение‘ “.+ Тогаш гласниците отидоа и им го пренесоа тоа на жителите на Јавис, а тие се израдуваа. 10  И така луѓето од Јавис порачаа: „Утре ќе ви се предадеме, а вие направете со нас како што сакате“.+ 11  Следниот ден Саул+ го раздели народот во три чети.+ Во времето на утринската стража,*+ влегоа во логорот и ги биеја Амонците+ до најголемата дневна жега. Преживеаните се разбегаа, така што ни двајца меѓу нив не останаа заедно.+ 12  И народот му рече на Самоил: „Кој вели: ‚Зарем Саул ќе царува над нас?‘+ Доведете ги тие луѓе за да ги погубиме!“+ 13  Но Саул рече: „Никој не смее да биде погубен во овој ден,+ зашто денес Јехова му донесе спасение на Израел“.+ 14  Потоа Самоил му рече на народот: „Ајде да појдеме во Гилгал+ и таму да го потврдиме царството“.+ 15  Така целиот народ тргна во Гилгал и таму го поставија Саул за цар пред Јехова во Гилгал. Потоа, таму принесоа пред Јехова жртви на заедништвото+ и таму Саул и целиот Израел многу се радуваа.+

Фусноти

Види ја фуснотата за 2Мо 14:24.