Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Самоилова 10:1-27

10  Тогаш Самоил го зеде шишето+ со масло и му го излеа врз главата, го бакна+ и рече: „Јехова те помаза за водач+ на неговото наследство.+  Денес, кога ќе си отидеш откај мене, ќе најдеш двајца луѓе близу до гробот на Рахела,+ на подрачјето на Венијамин, кај Селса. И тие ќе ти речат: ‚Пронајдени се магариците кои отиде да ги бараш, но татко ти сега не мисли веќе на магариците,+ туку се загрижи за вас и вели: „Што да направам за мојот син?“ ‘+  А кога оттаму ќе продолжиш понатаму и кога ќе стигнеш до големото дрво на Тавор, таму ќе ти дојдат во пресрет тројца луѓе, кои ќе одат кај вистинскиот Бог во Ветил.+ Едниот ќе носи три јариња,+ другиот ќе носи три тркалезни леба,+ а третиот ќе носи голем ќуп со вино.+  Тие ќе те прашаат дали си добро+ и ќе ти дадат два леба, а ти прифати ги од нивната рака.  Потоа ќе дојдеш на ридот на вистинскиот Бог,+ каде што е филистејската војска.+ Кога ќе влегуваш во градот, ќе сретнеш група пророци+ кои ќе слегуваат од височинката.+ И додека зборуваат во пророчки занес, пред нив ќе одат свирачи со псалтири,+ со дајриња,+ со шупелки+ и со харфи.+  И Јеховиниот дух+ ќе дојде врз тебе, па заедно со нив и ти така ќе пророкуваш+ и ќе станеш друг човек.  Кога ќе се исполнат на тебе тие знаци,+ тогаш прави што сакаш,+ зашто вистинскиот Бог е со тебе.+  Потоа оди пред мене во Гилгал.+ И еве, јас ќе дојдам кај тебе за да принесам жртви паленици и жртви на заедништвото.+ Чекај седум+ дена додека да дојдам кај тебе, па ќе ти јавам што треба да направиш“.  И штом Саул го сврте грбот за да си отиде откај Самоил, Бог му го промени срцето.+ И во тој ден се исполнија сите тие знаци.+ 10  Кога оттаму отидоа на ридот, ете, во пресрет му дојдоа група пророци. И Божјиот дух веднаш слезе врз него,+ па среде нив почна да зборува во пророчки занес.+ 11  Сите што го познаваа отпорано, видоа дека тој пророкуваше со пророците. Тогаш луѓето си велеа еден на друг: „Што му се случило на синот на Кис? Зар и Саул е меѓу пророците?“+ 12  Тогаш некој човек оттаму одговори: „Кој им е татко?“ Така настана пословицата:+ „Зар и Саул е меѓу пророците?“ 13  На крајот престана да пророкува и дојде на височинката. 14  Потоа Сауловиот стрико ги праша Саул и неговиот слуга: „Каде бевте?“ А тој одговори: „Бевме да ги бараме магариците,+ а кога видовме дека ги нема, отидовме кај Самоил“. 15  Тогаш стрико му го замоли Саул: „Кажи ми што ви рече Самоил“. 16  А Саул му одговори на својот стрико: „Ни рече дека магариците се пронајдени“. Но не му кажа ништо+ за царската власт за која му зборуваше Самоил. 17  А Самоил го свика народот пред Јехова во Миспа+ 18  и им рече на Израеловите синови: „Вака вели Јехова, Богот на Израел:+ ‚Јас го изведов Израел од Египет и ве избавив од египетската рака+ и од раката на сите царства што ве угнетуваа.+ 19  А вие денес го отфрливте својот Бог,+ кој ве избавуваше од сите ваши зла и од сите ваши неволји, и рековте: „Постави цар над нас!“ Затоа сега застанете пред Јехова според своите племиња+ и според своите илјади‘ “. 20  Тогаш Самоил ги викна сите Израелови племиња да пристапат,+ и изборот падна на Венијаминовото племе.+ 21  Потоа го повика племето на Венијамин да пристапи според своите семејства, и изборот падна на семејството на Матриј.+ На крајот беше избран Саул, синот на Кис.+ Но кога отидоа да го бараат, не можеа да го најдат. 22  Тогаш го прашаа+ уште еднаш Јехова: „Дали тој човек воопшто дошол овде?“ А Јехова одговори: „Ене го, се крие+ меѓу товарот“. 23  Тогаш отрчаа и го доведоа оттаму. Кога застана среде народот, беше за глава повисок од сите.+ 24  Тогаш Самоил му рече на целиот народ: „Го видовте ли оној кого Јехова го избра?+ Во сиот народ нема друг како него“. И сиот народ воодушевено повика: „Да живее царот!“+ 25  Тогаш Самоил му ги изложи на народот правата на царот+ и ги запиша во една книга, која ја стави пред Јехова. Потоа Самоил го распушти целиот народ и секој си отиде во својата куќа.   26  И Саул си отиде во својата куќа во Гаваја,+ а со него отидоа и храбрите луѓе на кои Бог им го поттикна срцето.+ 27  А оние што беа никаквеци+ рекоа: „Како ќе нѐ спаси овој?“+ И го презираа+ и не му донесоа никаков дар.+ А тој не рече ни збор.+

Фусноти