Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Петрово 4:1-19

4  Значи, поради тоа што Христос страдаше во тело,+ и вие вооружете се со истиот тој став,+ бидејќи кој страда во тело, прекинал со гревовите+  за да може преостанатото време во тело да не го живее+ според човечките желби, туку според Божјата волја.+  Зашто, доста е што во минатото+ ја вршевте волјата на луѓето од светот+ кога живеевте во бесрамност,+ во страсти, во пијанство,+ во разуздани гозби, во натпивања и во недозволени идолопоклонства.+  Поради тоа што повеќе не трчате со нив во истата таа тиња на распуштеноста,+ се чудат и зборуваат срамно за вас.+  Но тие ќе одговараат пред оној+ што веќе е готов да им суди на живите и на мртвите.+  Всушност, затоа добрата вест им е објавена и на мртвите,+ за во телото да бидат осудени во очите на луѓето,+ но во Божји очи да живеат по духот.+  А се приближи крајот на сѐ.+ Затоа, бидете разборити+ и не занемарувајте ја молитвата.+  Пред сѐ, горливо сакајте се еден со друг,+ зашто љубовта покрива мноштво гревови.+  Гостољубиво примајте се еден со друг без негодување.+ 10  Служете си еден на друг — секој со дарот што го примил — како добри управители на Божјата незаслужена доброта, која се покажува на разни начини.+ 11  Ако некој зборува, нека зборува во согласност со Божјите свети објави.+ Ако некој служи,+ нека се потпира на силата што ја дава Бог.+ Така Бог ќе се прослави во сѐ+ преку Исус Христос. Негова е славата+ и моќта во сета вечност. Амин.* 12  Сакани, не чудете се на огнот што пламти меѓу вас за да ве искуша,+ како да ви се случува нешто необично! 13  Напротив, радувајте се+ што страдате како што страдаше Христос,+ за да се радувате и да ликувате и за време на појавувањето+ на неговата слава. 14  Ако ве исмејуваат поради Христовото име,+ среќни сте,+ бидејќи духот на славата — духот Божји — почива врз вас.+ 15  Но никој од вас нека не страда+ затоа што е убиец или крадец или злосторник или затоа што се меша во туѓи работи.+ 16  Но, ако страда+ затоа што е христијанин, нека не се срами,+ туку нека го слави Бог носејќи го тоа име. 17  Зашто, време е да започне судот — и тоа од домот Божји.+ А ако започнува од нас,+ каков ли ќе им биде крајот на оние што не ѝ се послушни на Божјата добра вест?+ 18  „И ако праведникот тешко се спасува,+ тогаш каде ќе се најдат безбожникот и грешникот?“+ 19  Затоа, оние што страдаат во склад со Божјата волја, нека му ги доверуваат своите души на верниот Создател додека прават добро.+

Фусноти

Види ја фуснотата за 5Мо 27:15.