Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Петрово 3:1-22

3  Така и вие,+ жени, бидете им подложни на своите мажи,+ за да ги придобиете+ без збор, со своето однесување,+ оние што не ѝ се послушни+ на Божјата реч,  кога ќе ги видат вашето чисто однесување+ и длабоката почит.  И вашиот украс нека не биде надворешен, имено плетењето на косата+ и украсувањето со злато+ или облекувањето облеки,  туку тоа нека биде тајниот човек+ на срцето, облечен во нераспадливото руво+ на мирниот и благ дух,+ кој е драгоцен во Божји очи.  Зашто, така некогаш се украсуваа и светите жени кои се надеваа на Бог и им беа подложни на своите мажи.  Така и Сара му беше послушна на Авраам, нарекувајќи го „господар“.+ А вие сте нејзини ќерки ако правите добро и не се плашите од никакви застрашувања.+  Така и вие, мажи,+ живејте со своите жени во склад со она што сте го научиле,+ почитувајќи ги+ како послаби садови, зашто и тие со вас се наследници+ на незаслужениот дар на животот. Во спротивно, вашите молитви ќе наидат на препрека.+  И најпосле, сите бидете со еднакви мисли,+ сочувствителни, полни со братска љубов, сомилосни,+ понизни,+  не враќајте зло за зло,+ ни навреда за навреда,+ туку, напротив, благословувајте,+ бидејќи за тоа сте повикани за да го наследите благословот. 10  Зашто, „кој сака да живее и да види добри денови,+ нека го воздржи својот јазик+ од зло, и своите усни од измамничко зборување,+ 11  нека се трга од злото+ и нека прави добро, нека бара мир и нека оди по него.+ 12  Зашто, очите на Јехова+ ги гледаат праведниците и ушите негови ги слушаат нивните сесрдни молитви,+ а лицето на Јехова е против оние што прават зло“.+ 13  Кој ќе ви наштети ако ревносно правите добро?+ 14  Но дури и ако трпите поради праведноста, среќни сте.+ И не плашете се од она од кое се плашат тие+ и не вознемирувајте се.+ 15  Туку Христос, како Господар,* нека биде свет во вашите срца+ и секогаш бидете спремни за одбрана+ пред секој што од вас бара да ја образложите надежта која е во вас, но тоа правете го благо+ и со длабока почит. 16  Зачувајте чиста совест,+ за оние што со омаловажување зборуваат за вашето добро христијанско однесување+ да се посрамат+ поради она што го зборуваат против вас. 17  Зашто, подобро е да трпите затоа што правите добро,+ ако е тоа Божја волја, отколку затоа што правите зло.+ 18  Па и Христос умре еднаш засекогаш за гревовите,+ праведник за неправедните,+ за да ве доведе кај Бог,+ тој, кој беше убиен во тело,+ но беше оживеан во духот.+ 19  Така замина и им проповедаше на духовите во затвор,+ 20  кои некогаш беа непослушни+ кога Бог стрпливо+ чекаше во Ноевите денови додека се градеше арката+ во која само неколкумина, односно осум души, се спасија, поминувајќи преку водата.+ 21  Она што беше предочено со тоа, сега и вас ве спасува,+ имено крштавањето (кое не е отстранување на телесната нечистотија, туку молба упатена до Бог за чиста совест),+ на темел на воскресението на Исус Христос.+ 22  Тој е од десната страна на Бог+ бидејќи отиде на небото, и нему му се подложени+ ангелите+ и властите и силите.

Фусноти

Види го додатокот 11.