Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Петрово 2:1-25

2  Затоа, отфрлете ја секоја злоба+ и секоја измама и лицемерство и завист и секакво клеветење,+  и како новородени деца,+ развивајте желба за чистото млеко+ од Божјата реч, за да можете, хранејќи се со него, да пораснете до спасение,+  ако навистина сте вкусиле колку е добар+ Господарот.*  Доаѓајќи кај него како кај жив камен,+ кој е, навистина, отфрлен+ од луѓето,+ но избран од Бог, скапоцен во негови очи,+  и вие како живи камења се вградувате во духовен храм+ за да бидете свето свештенство, за да принесувате духовни жртви+ прифатливи за Бог преку Исус Христос.+  Зашто, во Писмото стои: „Гледај! Поставувам на Сион избран камен, аголен камен-темелник, скапоцен. Никој кој верува во него никогаш нема да се разочара“.+  Значи, за вас тој е скапоцен, бидејќи верувате, но за оние што не веруваат, „оној камен што градителите го отфрлија+ стана аголен камен“+  и „камен за спрепнување и карпа, која е пречка на нивниот пат“,*+ и тие се спрепнуваат на неа бидејќи ѝ се непослушни на речта Божја. За тоа биле и одредени.+  Но вие сте „избран род, царско свештенство, свет народ,+ народ кој е Божја сопственост,+ за да ги објавувате доблестите“+ на оној што ве повикал од темнината во својата прекрасна светлина.+ 10  Зашто, некогаш не бевте народ, а сега сте Божји народ.+ Порано не ви беше покажана милост, а сега ви е покажана милост.+ 11  Сакани, ве поттикнувам како туѓинци и привремени жители во овој свет+ да се воздржувате од желбите на телото,+ бидејќи тие војуваат против душата.+ 12  Живејте примерно меѓу луѓето во светот.+ Макар што ве обвинуваат дека правите зло, кога ќе ги видат вашите добри дела,+ ќе го слават Бог во денот кога ќе дојде да испита какви се делата што се прават.+ 13  Заради Господарот,* подложете се+ на секоја човечка власт:+ било на царот+ како на повисок, 14  било на управителите како на такви кои тој ги праќа да ги казнат злосторниците, а да ги пофалат оние што прават добро.+ 15  Зашто, тоа е Божјата волја, правејќи добро да ги замолкнете неразумните луѓе, кои го зборуваат она во кое не се упатени.+ 16  Живејте како слободни луѓе,+ но не како оние на кои слободата им е како покривка за злобата,+ туку како Божји робови.+ 17  Почитувајте го секого,+ сите браќа сакајте ги,+ од Бог бојте се,+ царот почитувајте го.+ 18  Слугите нека им бидат подложни на своите господари+ со должна почит,+ не само на добрите и на разумните туку и на оние на кои е тешко да им се угоди. 19  Зашто, ако некој поднесува неволји и трпи неправда затоа што сака да зачува чиста совест пред Бог, тоа му се допаѓа на Бог.+ 20  Зашто, што има пофално во тоа ако поднесувате удари затоа што грешите?+ Но ако трпите затоа што правите добро,+ и стрпливо го поднесувате тоа, тоа му се допаѓа на Бог.+ 21  На тоа сте и повикани, бидејќи и Христос страдаше за вас+ и ви даде пример во сѐ да одите по неговите стапки.+ 22  Тој не направи грев,+ ниту, пак, се најде измама во неговата уста.+ 23  Кога го навредуваа,+ не враќаше со навреди.+ Кога страдаше,+ не се закануваше, туку му се препушти на оној што праведно суди.+ 24  Тој во своето тело ги понесе нашите гревови+ на столбот,*+ за да ги оставиме гревовите+ и да живееме за праведноста. „Преку неговите рани сте излекувани.“+ 25  Зашто, бевте како залутани овци,+ но сега се вративте кај пастирот+ и чувар* на вашите души.

Фусноти

Види го додатокот 11.
Или: „поради кој го напуштаат исправниот пат“.
Види го додатокот 11.
Или: „дрвото“. Види го додатокот 8.
Или: „надгледник“.