Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Мојсеева 9:1-29

9  Тогаш Бог ги благослови Ное и неговите синови и им рече: „Плодете се, множете се и наполнете ја земјата!+  Од вас нека се плашат и нека страхуваат сите суштества на земјата, сите суштества што летаат по небото, сѐ друго што се движи по земјата и сите риби во морето! Во ваши раце се предадени сите тие.+  Сѐ што се движи и живее нека ви служи за храна.+ Сето тоа ви го давам како што ви ги дадов зелените растенија.+  Само не смеете да јадете месо со неговата душа,+ односно со неговата крв!+  А ќе ја барам и вашата крв, вашите души. Ќе ја барам од секое животно. И од човекот, од секој што му е ближен на човекот, ќе ја барам душата на човекот.+  Кој ќе пролее човечка крв, и неговата крв ќе биде пролеана од човек,+ зашто Бог го направи човекот според својот лик.  Раѓајте се и множете се, наполнете ја земјата и намножете се на неа!“+  Потоа Бог им рече на Ное и на неговите синови со него:  „Еве, јас склучувам сојуз+ со вас, со вашето потомство по вас+ 10  и со секоја жива душа што е со вас, со птиците, со стоката и со сите други земни суштества што се со вас — со сѐ што излезе од арката, со секое суштество на земјата.+ 11  Да, јас го склучувам својот сојуз со вас: никогаш повеќе потопни води нема да го уништат секое суштество и никогаш повеќе нема да има потоп, кој ќе ја опустоши земјата“.+ 12  Потоа Бог додаде: „Ова е знакот+ на сојузот што го склучувам помеѓу мене и вас и секоја жива душа што е со вас, за сите поколенија довека. 13  Своето виножито+ го ставам во облакот за да биде знак на сојузот помеѓу мене и земјата. 14  И секогаш кога ќе донесам облак над земјата, во облакот ќе се појави виножитото, 15  па ќе се сетам на мојот сојуз+ меѓу мене и вас и сите живи души од секој вид.+ И никогаш повеќе од водите нема да настане потоп за да го уништи секое суштество.+ 16  Виножитото ќе се појави во облакот,+ и јас ќе го видам и ќе се сетам на вечниот сојуз+ меѓу мене и секоја жива душа, секое суштество на земјата“.+ 17  Потоа Бог му повтори на Ное: „Ова е знакот на сојузот што го склучувам меѓу мене и секое суштество на земјата“.+ 18  Ноевите синови+ што излегоа од арката беа: Сем, Хам и Јафет. Подоцна на Хам му се роди Ханаан.+ 19  Ова се тројцата синови на Ное, и од нив се насели целата земја.+ 20  Ное стана земјоделец+ и насади лозје.+ 21  Кога пиеше вино, се опи+ и се откри среде својот шатор. 22  А Хам,+ таткото на Ханаан, ја виде голотијата на својот татко,+ па им го кажа тоа на своите двајца браќа надвор.+ 23  Тогаш Сем и Јафет зедоа една наметка,+ си ја префрлија преку рамења, па, одејќи назадечки, ја покрија со неа голотијата на татка си. Со лицето беа свртени на другата страна, така што не го видоа татка си гол.+ 24  Кога Ное се разбуди, отрезнет од виното, и кога дозна што му сторил најмладиот син, 25  рече: „Проклет да е Ханаан!+ Нека им биде најдолниот роб на своите браќа!“+ 26  А потоа додаде: „Благословен да е Јехова,+ Богот на Сем, и Ханаан нека му биде роб на Сем!+ 27  Бог нека го рашири Јафет за да живее во шаторите на Сем!+ Ханаан нека му биде роб и нему!“ 28  И Ное живееше по потопот уште триста и педесет години.+ 29  Така, Ное живееше вкупно деветстотини и педесет години, па умре.+

Фусноти