Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Мојсеева 8:1-22

8  Потоа Бог се сети+ на Ное, на сите диви животни и на сите домашни животни што беа со него во арката,+ па Бог пушти ветар да задува над земјата, и така водите почнаа да опаѓаат.+  И се затворија изворите на водната бездна*+ и небесните брани,+ и престана поројниот дожд од небото.  Водите почнаа да истечуваат од земјата и постепено да се повлекуваат. И по сто и педесет дена, водите се намалија.+  А во седмиот месец,* на седумнаесеттиот ден од тој месец, арката+ запре на Араратските Планини.+  Водите постепено се намалуваа до десеттиот месец.* А во десеттиот месец, на првиот ден од тој месец, се појавија планинските врвови.+  Така, по четириесет дена, Ное го отвори прозорецот+ на арката, кој го беше направил.  Потоа пушти гавран,+ а тој постојано одлетуваше и долетуваше сѐ додека не се исушија водите од земјата.  Подоцна пушти гулабица+ за да види дали се повлекле водите од површината на земјата.  Но гулабицата не најде каде да застане со нозете, па се врати кај него во арката, бидејќи водите сѐ уште ја покриваа целата површина на земјата.+ А тој ја испружи раката, ја зеде и ја внесе кај себе во арката. 10  Тогаш почека уште седум дена, па повторно ја пушти гулабицата од арката. 11  Приквечерта гулабицата му се врати, и гледај, во клунот имаше свеж маслинов лист.+ Така Ное дозна дека водите се повлекле од земјата.+ 12  Откако почека уште седум дена, пак ја пушти гулабицата, но таа повеќе не му се врати.+ 13  А до првиот ден од првиот месец* во шестотини и првата година,+ истекоа водите од земјата. Тогаш Ное го откри покривот на арката и погледна, и гледај, површината на земјата беше исушена.+ 14  И во вториот месец, на дваесет и седмиот ден од тој месец, земјата беше сосема сува.+ 15  Тогаш Бог му рече на Ное: 16  „Излезете од арката, ти и твојата жена и твоите синови и жените на твоите синови со тебе.+ 17  Сите видови животни што се со тебе, сите суштества:+ суштествата што летаат,+ стоката+ и сите други животни што се движат по земјата+ изведи ги со себе за да изобилува земјата со нив, да се плодат и да се множат на земјата“.+ 18  Тогаш Ное излезе, а со него излегоа и неговите синови,+ жена му и жените на неговите синови. 19  Сите суштества, сите животни што се движат и сите суштества што летаат, сѐ што се движи по земјата излезе од арката според својот вид.+ 20  Потоа Ное му изгради жртвеник+ на Јехова и зеде од сите чисти животни+ и од сите чисти суштества што летаат,+ па принесе на жртвеникот жртви паленици.+ 21  И Јехова го помириса успокојувачкиот мирис.+ Затоа Јехова си рече во срцето:+ „Никогаш повеќе нема да ја проколнам земјата+ поради човекот, затоа што човечкото срце е склоно+ кон зло од неговата младост,+ и никогаш повеќе нема да удрам сѐ што е живо, како што го сторив тоа сега.+ 22  Во сите денови додека постои земјата, нема да престане ни сеидбата ни жетвата, ни студот ни жегата, ни летото ни зимата, ни денот ни ноќта“.+

Фусноти

Види ја фуснотата за 1Мо 7:11.
Овој месец одговара на месецот авив (нисан), првиот месец од верскиот календар кој Евреите го користеле по излегувањето од Египет. Види го додатокот 14.
Овој месец одговара на месецот тамуз. Види го додатокот 14.
Овој месец одговара на месецот етаним (тишри). Види го додатокот 14.