Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Мојсеева 50:1-26

50  Тогаш Јосиф падна врз лицето на татка си,+ викна да плаче за него и го бакна.+  Потоа Јосиф им заповеда на лекарите, кои беа во негова служба, да го балсамираат+ татко му. И така лекарите го балсамираа Израел.  За тоа им беа потребни цели четириесет дена, бидејќи обично толку трае балсамирањето. И Египќаните го оплакуваа седумдесет дена.+  А кога помина времето на оплакување, Јосиф им рече на оние во фараоновиот дворец: „Ако сум нашол милост во ваши очи,+ ве молам, пренесете му го ова на фараонот:  ‚Татко ми ме заколна+ со зборовите: „Еве, наскоро ќе умрам.+ Погреби ме во мојот гроб што си го ископав во ханаанската земја“.+ Затоа сега, те молам, дозволи ми да отидам и да го погребам татко ми, а потоа ќе се вратам!‘ “  А фараонот рече: „Оди и погреби го татко ти така како што те заколнал!“+  Така Јосиф отиде да го погребе татка си, а со него отидоа сите фараонови слуги, старешините+ од дворецот и сите старешини на египетската земја,  целиот дом на Јосиф и сите негови браќа и домот на неговиот татко.+ Само малите деца, како и ситната и крупната стока ги оставија во земјата Гесем.  Со нив имаше и коли+ и коњаници, па поворката беше многу голема. 10  Кога стигнаа на гумното+ Атад, во јорданскиот крај,+ одржаа многу големо и болно оплакување. И Јосиф го одржа седумдневното тажење по татка си.+ 11  А жителите на таа земја, Ханаанците, го видоа оплакувањето на гумното Атад, па рекоа: „Ова е големо оплакување на Египќаните!“ Затоа тоа место, кое се наоѓа во јорданскиот крај,+ го нарекоа Авел-Мисраим.* 12  И синовите му направија така како што тој им беше заповедал.+ 13  Имено, неговите синови го однесоа во ханаанската земја и го погребаа во пештерата на нивата Макпела спроти Мамре, нивата што Авраам ја беше купил за гроб од Ефрон Хетеецот.+ 14  Откако го погреба татка си, Јосиф се врати во Египет заедно со своите браќа и со сите што отидоа со него да го погребат татко му. 15  Кога видоа дека умре татко им, браќата на Јосиф рекоа: „Можеби Јосиф нѐ мрази,+ па ќе ни возврати за сето зло што му го направивме“.+ 16  Затоа му пренесоа на Јосиф заповед со овие зборови: „Пред својата смрт, татко ти заповеда: 17  ‚Вака кажете му на Јосиф: „Те молам, прости им+ го на твоите браќа нивното злосторство и гревот со кој ти направија зло!“ ‘+ И затоа сега, те молиме, прости им го злосторството на слугите на Богот на твојот татко!“+ А Јосиф се расплака кога му го рекоа тоа. 18  Тогаш дојдоа и неговите браќа и се фрлија пред него, велејќи: „Еве, твои робови сме!“+ 19  А Јосиф им рече: „Не плашете се! Зар сум јас на местото на Бог?+ 20  Вие мислевте да ми нанесете зло, но Бог тоа го сврте на добро за да го направи она што се случува денес — да им го зачува животот на многу луѓе.+ 21  Затоа сега не плашете се! Јас ќе ве снабдувам со храна вас и вашите деца“.+ Така ги утеши со охрабрувачки зборови. 22  И Јосиф остана во Египет заедно со домот на својот татко, и доживеа сто и десет години. 23  Така Јосиф ги виде синовите на Ефрем до третото поколение,+ а и синовите на Махир,+ синот на Манасија. Тие се родија на колената на Јосиф.+ 24  На крајот Јосиф им рече на своите браќа: „Наскоро ќе умрам. Но Бог сигурно ќе погледне на вас,+ ќе ве изведе од оваа земја и ќе ве одведе во земјата која со заклетва им ја вети на Авраам, на Исак и на Јаков“.+ 25  И Јосиф ги заколна синовите на Израел: „Бог сигурно ќе ве погледне. Тогаш понесете ги моите коски одовде!“+ 26  Потоа Јосиф умре кога имаше сто и десет години, и го балсамираа,+ па го ставија во ковчег во Египет.

Фусноти

„Авел-Мисраим“ значи „тагување на Египќаните“. „Мисраим“ е хебрејско име за Египќани. Види 1Мо 10:13.