Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Мојсеева 5:1-32

5  Ова е книга за животот* на Адам. Во денот кога Бог го создаде Адам, го направи сличен на себеси.+  Ги создаде машко и женско.+ А во денот кога беа создадени,+ тој ги благослови и ги нарече — човек.+  А кога Адам имаше сто и триесет години, му се роди син сличен на него, според неговиот лик, и му го даде името Сет.+  Откако му се роди Сет, Адам поживеа уште осумстотини години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки.+  Така, Адам живееше вкупно деветстотини и триесет години, па умре.+  А кога Сет имаше сто и пет години, му се роди Енос.+  Откако му се роди Енос, Сет поживеа уште осумстотини и седум години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки.  Така, Сет живееше вкупно деветстотини и дванаесет години, па умре.  А кога Енос имаше деведесет години, му се роди Кенан.+ 10  Откако му се роди Кенан, Енос поживеа уште осумстотини и петнаесет години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки. 11  Така, Енос живееше вкупно деветстотини и пет години, па умре. 12  А кога Кенан имаше седумдесет години, му се роди Малелеил.+ 13  Откако му се роди Малелеил, Кенан поживеа уште осумстотини и четириесет години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки. 14  Така, Кенан живееше вкупно деветстотини и десет години, па умре. 15  А кога Малелеил имаше шеесет и пет години, му се роди Јаред.+ 16  Откако му се роди Јаред, Малелеил поживеа уште осумстотини и триесет години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки. 17  Така, Малелеил живееше вкупно осумстотини деведесет и пет години, па умре. 18  А кога Јаред имаше сто шеесет и две години, му се роди Енох.+ 19  Откако му се роди Енох, Јаред поживеа уште осумстотини години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки. 20  Така, Јаред живееше вкупно деветстотини шеесет и две години, па умре. 21  А кога Енох имаше шеесет и пет години, му се роди Метузалем.+ 22  Откако му се роди Метузалем, Енох одеше со вистинскиот Бог* уште триста години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки. 23  Така, Енох живееше вкупно триста шеесет и пет години. 24  И за сето тоа време Енох одеше+ со вистинскиот Бог.+ Потоа го снема, бидејќи Бог го зеде.*+ 25  А кога Метузалем имаше сто осумдесет и седум години, му се роди Ламех.+ 26  Откако му се роди Ламех, Метузалем поживеа уште седумстотини осумдесет и две години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки. 27  Така, Метузалем живееше вкупно деветстотини шеесет и девет години, па умре. 28  А кога Ламех имаше сто осумдесет и две години, му се роди син. 29  И му го даде името Ное,*+ велејќи: „Овој ќе ни донесе одмор од нашата работа и од маката на нашите раце што ни ја задава земјата, која ја проколна Јехова“.+ 30  Откако му се роди Ное, Ламех поживеа уште петстотини деведесет и пет години. За тоа време му се родија и други синови и ќерки. 31  Така, Ламех живееше вкупно седумстотини седумдесет и седум години, па умре. 32  А на Ное, откако наполни петстотини години, му се родија Сем,+ Хам+ и Јафет.+

Фусноти

Или: „книга со историјата“.
Или: „му угоди на Бог“, според Септуагинтата (LXX). Спореди и Ев 11:5.
Или: „пренесе“, според Септуагинтата (LXX). Спореди и Ев 11:5.
„Ное“ значи „починка; одмор; утеха“.