Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Мојсеева 49:1-33

49  Потоа Јаков ги повика своите синови и рече: „Соберете се да ви кажам што ќе ви се случи на крајот!*  Соберете се и чујте, синови на Јаков, чујте го татко ви Израел!+  Рувиме, ти си мојот првороден,+ мојата сила и првенецот на мојата машка сила,+ возвишен во достоинството и возвишен во моќта.  Необуздан како вода, немој да се возвишуваш,+ зашто се качи на постелата на татко ти!+ Леглото мое тогаш го обесчести.+ На него се искачи!  Симеон и Леви се браќа.+ Мечевите им се оружје на насилството.+  Во нивно друштво не доаѓај,+ душо моја! Со нивниот собир не здружувај се,+ срце мое, зашто во својот гнев убиваа луѓе,+ во своето самоволие сакатеа нозе* на бикови!  Проклет да е гневот нивни,+ оти е свиреп,+ и бесот нивни, оти е жесток.+ Ќе ги разделам низ Јаков, ќе ги распрснам низ Израел.+  А тебе, Јудо,+ браќата твои ќе те фалат.+ Раката ќе ти биде на вратот на твоите непријатели.+ Синовите на татко ти ќе ти се поклонуваат.+  Јуда е лавче.+ Од пленот, сине мој, ќе стануваш. Се спушти, се испружи како лав; и, како лав, кој се осмелува да го дразни?+  10  Жезолот нема да се оддели од Јуда,+ ниту заповедничката палка од нозете негови додека не дојде Сило*+ — и нему ќе му се покоруваат народите.+ 11  Врзувајќи го за лоза магарето свое, за благородна лоза прлето од магарицата своја, ќе си ја пере облеката во вино и алиштата свои во крв од грозје.+ 12  Очите му се темноцрвени од вино, а забите бели од млеко. 13  Завулон ќе живее крај морскиот брег,+ крај брегот каде што се укотвени бродовите,+ неговото подрачје ќе се протега накај Сидон.+ 14  Исахар+ е магаре со јаки коски, кое почива под товарот на дисаѓите. 15  Ќе види дека почивалиштето е добро и дека земјата е убава, па ќе ги свитка рамењата да носи товар и ќе се согласи на ропска работа. 16  Дан, како едно од племињата на Израел, ќе му суди на својот народ.+ 17  Дан нека биде змија крај патот, рогата змија крај патот, која го каснува коњот во петицата, па јавачот негов паѓа наназад!+ 18  Тебе те чекам да ми донесеш спасение, о Јехова!+ 19  Гад ќе го напаѓаат разбојници, но тој ќе ги удира одзади.+ 20  Од Асер ќе доаѓа обилна храна,+ и тој ќе дава вкусни царски јадења.+ 21  Нефталим+ е леснонога срна. Кажува убави зборови.+ 22  Фиданка од родно дрво,+ Јосиф е фиданка од родно дрво покрај извор,+ која ги шири своите гранчиња преку ѕид.+ 23  Но стрелци го напаѓаа, го стрелаа и го мразеа.+ 24  А неговиот лак остана цврст,+ силните мишки на неговите раце беа подвижни.+ Од рацете на Силата на Јаков,+ оттаму е Пастирот, Каменот Израелов.+ 25  Тој е од Богот на твојот татко,+ и ќе ти помогне.+ Тој е со Семоќниот+ и ќе те благослови со благословите од небото одозгора,+ со благословите на водната бездна што лежи одоздола,+ со благословите од градите и од утробата.+ 26  Благословите на твојот татко ќе ги надминат благословите на вечните гори+ и украсот на вековните планини.+ Ќе останат на главата на Јосиф, на темето издвоено од неговите браќа.+ 27  Венијамин ќе раскинува плен како волк.+ Наутро ќе го јаде уловот, а навечер ќе го дели пленот“.+ 28  Сите овие ги сочинуваат дванаесетте племиња на Израел, и тоа им го рече татко им кога ги благословуваше. Секого го благослови со неговиот благослов.+ 29  Потоа им заповеда: „Наскоро ќе им се придружам на моите прататковци.+ Погребете ме кај моите татковци во пештерата што се наоѓа на нивата на Ефрон Хетеецот,+ 30  во пештерата што е на нивата Макпела спроти Мамре во ханаанската земја, на нивата што Авраам ја купи за гроб од Ефрон Хетеецот.+ 31  Таму ги погребаа Авраам и неговата жена Сара.+ Таму ги погребаа Исак и неговата жена Ревека,+ и таму ја погребав Лија. 32  Купената нива и пештерата што е на неа се од синовите на Хет“.+ 33  Откако им даде заповеди на своите синови, Јаков ги повлече нозете на постелата, па издивна и им се придружи на своите прататковци.+

Фусноти

Или: „во последните денови“.
Или: „сечеа тетиви на нозете“.
„Сило“ е транслитерација на хебрејскиот збор што значи „оној кому му припаѓа“.