Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Мојсеева 48:1-22

48  По овие настани, му порачаа на Јосиф: „Татко ти е сѐ послаб“. Тогаш тој ги зеде со себе своите два сина, Манасија и Ефрем.+  И му јавија на Јаков: „Ти дојде син ти Јосиф“. А Израел собра сила и седна на постелата.  И Јаков му рече на Јосиф: „Семоќниот Бог ми се покажа во Луз,+ во ханаанската земја, за да ме благослови.+  И ми рече: ‚Ќе те направам плоден+ и ќе те намножам и од тебе ќе направам голем народ,+ а на твоето потомство по тебе ќе му ја дадам оваа земја да ја поседува за навек‘.+  А сега, твоите два сина, кои ти се родиле во египетската земја пред да дојдам кај тебе во Египет, се мои.+ Ефрем и Манасија ќе бидат мои како Рувим и Симеон.+  Но потомството што ќе ти се роди по нив, нека биде твое. Во своето наследство ќе се водат под името на своите браќа.+  А мене по патот ми умре Рахела+ во ханаанската земја, кога доаѓав од Падан,+ кога остана уште еден добар дел од патот до Ефрата,+ па ја погребав на патот за Ефрата, односно Витлеем“.+  Тогаш Израел ги виде синовите на Јосиф и праша: „Кои се овие?“+  А Јосиф му одговори на татка си: „Тоа се моите синови што ми ги даде Бог овде“.+ А тој рече: „Те молам, приближи ми ги за да ги благословам!“+ 10  А очите на Израел беа ослабени од староста,+ па не гледаше. Затоа му ги приближи, а тој ги бакна и ги прегрна.+ 11  Потоа Израел му рече на Јосиф: „Не мислев дека ќе го видам твоето лице,+ а еве, Бог ми даде да ги видам и твоите потомци“. 12  Тогаш Јосиф ги тргна од своите колена и се поклони со лицето доземи.+ 13  Потоа Јосиф ги зеде двајцата, Ефрем со десницата, така што му стоеше на Израел одлево,+ а Манасија со левицата, така што му стоеше на Израел оддесно,+ и му ги приближи. 14  Но Израел ја испружи десницата и му ја стави на глава на Ефрем,+ иако тој беше помлад,+ а левицата му ја стави на глава на Манасија.+ Намерно ги стави така рацете, иако Манасија беше провородениот.+ 15  И го благослови Јосиф, велејќи:+ „Вистинскиот Бог, кому му служеа* моите татковци Авраам и Исак,+ вистинскиот Бог, кој ми е пастир откако постојам до ден-денес,+ 16  ангелот што ме избавуваше од секоја неволја+ нека ги благослови овие момчиња!+ Нека го носат моето име и името на моите татковци, Авраам и Исак,+ и многу нека се намножат на земјата!“+ 17  Кога виде Јосиф дека татко му ја стави десницата врз главата на Ефрем, не му беше мило,+ па ја зеде раката на татка си за да ја премести од главата на Ефрем врз главата на Манасија.+ 18  Притоа Јосиф му рече на татка си: „Не така, татко, зашто ова е првородениот!+ Стави ја десницата на неговата глава!“ 19  Но татко му не сакаше, туку рече: „Знам, сине, знам. И од него ќе настане народ, и тој ќе биде голем.+ Но неговиот помлад брат сепак ќе биде поголем од него,+ и неговото потомство ќе стане бројно како цели народи“.+ 20  И ги благослови во тој ден,+ велејќи: „Со твоето име нека благословуваат во Израел со зборовите: ‚Бог нека те направи како Ефрем и како Манасија!‘ “+ Така го стави Ефрем пред Манасија.+ 21  Потоа Израел му рече на Јосиф: „Еве, јас наскоро ќе умрам,+ но Бог ќе биде со вас и ќе ве врати во земјата на вашите прататковци.+ 22  А јас тебе ти давам еден дел од земјата повеќе отколку на твоите браќа,+ дел што го зедов од рацете на Аморејците со својот меч и со својот лак“.

Фусноти

Буквално: „пред кого одеа“.