Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Мојсеева 46:1-34

46  Така Израел тргна на пат со сите свои и дојде во Вирсавеја,+ па му принесе жртви на Богот на својот татко Исак.+  Потоа Бог му се јави на Израел во ноќни виденија:+ „Јакове! Јакове!“ Тој одговори: „Еве ме!“+  А тој продолжи: „Јас сум вистинскиот Бог,+ Богот на твојот татко.+ Не плаши се да појдеш во Египет, зашто таму ќе направам од тебе голем народ!+  Јас ќе одам со тебе во Египет и пак ќе те вратам назад,+ а Јосиф со своја рака ќе ти ги затвори очите“.*+  Потоа Јаков тргна од Вирсавеја, и Израеловите синови ги повезоа татка си Јаков, своите деца и своите жени во колите што им ги беше испратил фараонот за да го превезат.+  Ги зедоа со себе своите стада и своите добра што ги беа спечалиле во ханаанската земја.+ Најпосле стигнаа во Египет, Јаков и целото негово потомство со него.  Со себе ги доведе своите синови и синовите на своите синови, своите ќерки и ќерките на своите синови, сето свое потомство го доведе со себе во Египет.+  Ова се имињата на синовите на Израел — на Јаков и на неговите синови — кои дојдоа во Египет:+ Јакововиот првороден Рувим.+  Синовите на Рувим: Анох, Фалу, Есром и Харми.+ 10  Синовите на Симеон:+ Јемуил, Јамин, Аод, Јахин,+ Сохар и Саул,+ син на една Ханаанка. 11  Синовите на Леви:+ Гирсон,+ Кат+ и Мерариј.+ 12  Синовите на Јуда:+ Ир,+ Онан,+ Сала,+ Фарес+ и Зара.+ Но Ир и Онан умреа во ханаанската земја.+ Синовите на Фарес: Есром+ и Амуил.+ 13  Синовите на Исахар:+ Тола,+ Фува,+ Јов и Симрон.+ 14  Синовите на Завулон:+ Серед, Елон и Јалеил.+ 15  Тоа се синовите на Лија,+ кои таа му ги роди на Јаков во Падан Арам, како и неговата ќерка Дина.+ Така, сите негови синови и ќерки беа триесет и три души. 16  Синовите на Гад:+ Сифион, Агиј, Суниј, Есвон, Ириј, Арод и Арилиј.+ 17  Синовите на Асер:+ Имна, Исва, Исви, Верија+ и нивната сестра Сера. Синови на Верија: Хевер и Малхил.+ 18  Тоа се синовите на Зелфа,+ која Лаван ѝ ја даде на својата ќерка Лија. Таа му роди на Јаков шеснаесет души. 19  Синовите на Јакововата жена Рахела:+ Јосиф+ и Венијамин.+ 20  На Јосиф во египетската земја му се родија Манасија+ и Ефрем,*+ кои му ги роди Асенета,+ ќерката на Потифер, свештеникот од Он. 21  Синовите на Венијамин: Вела,+ Вехер,+ Асвил, Гера,+ Нааман,+ Ихиј, Рос, Мупим,+ Упим+ и Аред. 22  Тоа се синовите на Рахела, кои му се родија на Јаков — вкупно четиринаесет души. 23  Синот* на Дан:+ Усим.+ 24  Синовите на Нефталим:+ Јасиил, Гуниј,+ Јесер и Силим.+ 25  Тоа беа синовите на Вилха,+ која Лаван ѝ ја даде на својата ќерка Рахела. Таа му роди на Јаков вкупно седум души. 26  Сите души, кои дојдоа со Јаков во Египет, потекнаа од него,*+ не сметајќи ги жените на Јакововите синови. Беа вкупно шеесет и шест души. 27  И уште две души — синовите на Јосиф што му се родија во Египет. Така сите од домот на Јаков што дојдоа во Египет беа седумдесет* души.+ 28  И го испрати Јуда+ пред себе кај Јосиф за да му каже за доаѓањето во Гесем. Потоа стигнаа во земјата Гесем.+ 29  Тогаш Јосиф заповеда да му ја впрегнат колата, па тргна во Гесем за да го пресретне својот татко Израел.+ Кога се појави пред него, му се фрли околу вратот и долго му плачеше на вратот.+ 30  На крајот Израел му рече на Јосиф: „Сега можам да умрам,+ оти го видов твоето лице и знам дека си уште жив“. 31  Потоа Јосиф им рече на своите браќа и на домот на својот татко: „Одам да му јавам на фараонот и да му кажам:+ ‚Моите браќа и домот на мојот татко, кои беа во ханаанската земја, дојдоа кај мене.+ 32  Тие се овчари+ и се занимаваат со сточарство.+ Ја доведоа ваму својата ситна и крупна стока и сѐ што имаат‘.+ 33  И кога ќе ве повика фараонот и ќе ве праша: ‚Со што се занимавате?‘ 34  — одговорете му: ‚Твоите слуги се занимаваат со сточарство од својата младост до сега, и ние исто како нашите предци‘,+ за да можете да се населите во земјата Гесем,+ зашто сите овчари им се одвратни на Египќаните“.+

Фусноти

Тоа значело дека ќе ги затвори кога Јаков ќе умре.
Септуагинтата наведува уште пет имиња, а Стефан очигледно цитирал од неа кога во Де 7:14, наместо 70, споменал 75 души.
Буквално: „Синовите“.
Буквално: „излегоа од неговото бедро“.
Или: „седумдесет и пет“, според Септуагинтата. Види ја фуснотата за 1Мо 46:20.