Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Мојсеева 44:1-34

44  Потоа му заповеда на управителот на својот дом:+ „Наполни им ги вреќите на луѓево со храна, колку што можат да понесат, и стави му ги парите на секого од нив одозгора во вреќата!+  А мојот пехар, оној сребрениот, стави го одозгора во вреќата на најмалиот, заедно со неговите пари за жито!“ И тој направи така како што му заповеда Јосиф.+  Кога осамна, ги испратија луѓето+ со нивните магариња.  Така тие заминаа од градот. Но, уште не беа отидени далеку кога Јосиф му рече на управителот на својот дом: „Стани! Бргу тргни по оние луѓе и, кога ќе ги стигнеш, речи им: ‚Зошто враќате зло за добро?+  Зарем не е тоа пехарот од кој пие мојот господар и од кој непогрешно прорекува според знаци?+ Направивте злодело‘ “.  И кога тој ги стигна, им ги повтори овие зборови.  А тие му рекоа: „Зошто нашиот господар кажува вакви зборови? Твоите слуги никогаш не би направиле такво нешто.  Ете, дури и парите што ги најдовме одозгора во вреќите ти ги донесовме назад од ханаанската земја.+ Како би можеле тогаш да украдеме сребро или злато од куќата на твојот господар?+  Кај кого од твоите робови ќе се најде украденото, тој нека умре, а ние другите ќе му станеме робови на нашиот господар“.+ 10  А тој рече: „Нека биде според вашите зборови.+ Така, оној кај кого ќе се пронајде украденото, ќе ми биде роб,+ а вие ќе бидете невини“. 11  Тогаш секој ја спушти брзо својата вреќа и ја отвори. 12  А тој внимателно пребаруваше. Почна од најстариот, а заврши со најмладиот. На крајот пехарот се најде во вреќата на Венијамин.+ 13  Тогаш ги раскинаа своите наметки,+ па ги натоварија повторно магарињата и се вратија во градот. 14  Кога Јуда+ и неговите браќа дојдоа во домот на Јосиф, тој сѐ уште беше таму. Тогаш паднаа наземи пред него.+ 15  А Јосиф им рече: „Што е тоа што сте го сториле? Зарем не знаевте дека човек како мене може непогрешно да прорекува според знаци?“+ 16  Тогаш Јуда одговори: „Што да му кажеме на мојот господар? Што да речеме? И како да се покажеме праведни?+ Вистинскиот Бог го откри престапот на твоите робови.+ Еве, сега сме му робови на мојот господар,+ и ние и оној во чија рака беше пронајден пехарот!“ 17  Но тој рече: „Никогаш не би направил такво нешто!+ Оној во чија рака беше пронајден пехарот ќе ми стане роб,+ а вие другите одете си во мир кај вашиот татко“.+ 18  Тогаш Јуда му пристапи и му рече: „Те молам, господару, дозволи му на својот роб да му каже еден збор на својот господар,+ и не разгневувај се+ на својот роб, зашто ти си како самиот фараон!+ 19  Мојот господар ги праша своите робови: ‚Имате ли татко или брат?‘ 20  А ние му одговоривме на мојот господар: ‚Имаме стар татко и дете што му се роди на старост, најмалиот брат.+ Но неговиот брат умре, и само тој остана од неговата мајка,+ а татко му особено го сака‘. 21  Потоа ти им рече на своите робови: ,Доведете го кај мене да го видат моите очи!‘+ 22  А ние му рековме на својот господар: ,Момчето не може да го остави татка си. Ако го остави, татко му сигурно ќе умре‘.+ 23  Тогаш ти им рече на своите робови: ‚Ако не дојде со вас вашиот најмлад брат, повеќе нема да го видите моето лице‘.+ 24  И така отидовме кај твојот роб, мојот татко, и му ги кажавме зборовите на мојот господар. 25  Подоцна нашиот татко ни рече: ‚Одете пак и купете ни малку храна!‘+ 26  Но ние рековме: ‚Не можеме да отидеме таму. Ќе одиме само ако појде со нас нашиот најмлад брат, зашто не можеме да дојдеме пред лицето на оној човек ако не е со нас нашиот најмлад брат‘.+ 27  Тогаш твојот роб, татко ми, ни рече: ‚Добро знаете дека мојата жена ми роди само два сина.+ 28  Едниот си отиде откај мене и јас извикав: „Леле, сигурно е растргнат на парчиња!“+ Оттогаш повеќе не го видов. 29  Ако и овој ми го одведете од пред очи, па тој загине во несреќен случај, ќе фрлите несреќа врз мојата седа глава и ќе ја испратите во гробот‘.*+ 30  Ако отидам сега кај твојот роб, татко ми, без да биде со нас момчето — за чија душа е врзана неговата душа+ 31  сигурно ќе умре штом ќе види дека момчето го нема, и твоите робови ќе ја испратат седата глава на твојот роб, нашиот татко, со тага во гробот.* 32  Зашто, твојот роб ја зеде одговорноста+ за момчето пред својот татко со зборовите: ‚Ако не ти го доведам назад, ќе бидам виновен пред својот татко засекогаш‘.+ 33  Затоа, те молам, дозволи твојот роб да остане наместо момчето како роб на мојот господар, а момчето нека оди со своите браќа!+ 34  Зашто, како да отидам кај својот татко ако не е момчето со мене, и како да ја гледам неволјата што ќе го снајде татко ми?“+

Фусноти

Буквално: „шеолот“.
Буквално: „шеолот“.