Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Мојсеева 4:1-26

4  И Адам легна со својата жена Ева, а таа забремени+ и го роди Каин,*+ па рече: „Добив* син со помош на Јехова“.+  По некое време го роди и неговиот брат Авел.+ И Авел стана овчар, па чуваше овци,+ а Каин стана земјоделец.+  Еден ден, Каин му принесе на Јехова жртва+ од плодовите на земјата.+  А и Авел принесе од првините+ на своето стадо, заедно со нивниот лој.+ И Јехова погледна со одобрување на Авел и на неговата жртва,+  а на Каин и на неговата жртва не погледна со одобрување.+ Затоа Каин многу се разгневи,+ и лицето му се смурти.  Тогаш Јехова му рече на Каин: „Зошто се разгневи и зошто ти е смуртено лицето?  Ако почнеш да правиш добро, зарем нема да ми бидеш мил?+ Но ако не правиш добро, гревот демне на вратата и копнее по тебе.+ А ти, ќе го надвладееш ли?“+  Потоа Каин му рече на својот брат Авел: „Да одиме в поле!“ И додека беа во полето, Каин го нападна својот брат Авел и го уби.+  Тогаш Јехова му рече на Каин: „Каде е брат ти Авел?“+ А тој одговори: „Не знам. Зар сум му јас чувар на брат ми?“+ 10  Тогаш Бог му рече: „Што направи? Слушај! Крвта на брат ти вика кон мене од земјата.+ 11  И сега, да си проклет, протеран од оваа земја,+ која ја отвори својата уста да ја прими од твојата рака крвта на брат ти.+ 12  Кога ќе ја обработуваш земјата, таа нема да ти го дава својот род.+ Ќе станеш скитник и бегалец на земјата“.+ 13  Тогаш Каин му рече на Јехова: „Казната за мојот престап е толку голема што не може да се носи. 14  Еве, ме истеруваш денес од ова тло, и ќе бидам скриен од твоето лице.+ Ќе мора да бидам скитник+ и бегалец на земјата, и секој што ќе ме најде сигурно ќе ме убие“.+ 15  А Јехова му рече: „Затоа, кој ќе го убие Каин, врз него ќе се изврши седумкратна одмазда“.+ И Јехова постави знак за Каин за да не го убие некој кога ќе го најде.+ 16  Тогаш Каин замина од пред лицето на Јехова+ и се насели во земјата Нод,* источно од Еден. 17  И Каин легна со својата жена,+ па таа забремени и го роди Енох. Тогаш тој почна да гради град и го нарече според името на својот син Енох.+ 18  Подоцна на Енох му се роди Ирад. На Ирад му се роди Мехујаил, на Мехујаил му се роди Метусаил, а на Метусаил му се роди Ламех. 19  Ламех си зеде две жени. Првата се викаше Ада, а втората Села. 20  Ада го роди Јавал. Тој е прататко на оние што живеат под шатори+ и чуваат стока.+ 21  А брат му се викаше Јувал. Тој е прататко на сите оние што свират на харфа+ и на кавал.+ 22  Села, пак, го роди Тувал-Каин, кој коваше секакви орудија од бакар и од железо.+ А сестрата на Тувал-Каин беше Наама. 23  Потоа Ламех ги состави овие зборови за своите жени Ада и Села: „Чујте го мојот глас, жени Ламехови! Слушнете ја мојата реч: Убив човек, зашто ме рани, младич, зашто ме удри. 24  Ако биде Каин одмазден седумпати,+ Ламех ќе биде седумдесет и седум пати“. 25  А Адам повторно легна со својата жена, и таа роди син и му го даде името Сет*+ зашто, како што рече: „Бог ми даде друг потомок наместо Авел, зашто него го уби Каин“.+ 26  А и на Сет му се роди син, кому тој му го даде името Енос.+ Во тоа време почна да се повикува името на Јехова.+

Фусноти

„Каин“ значи „добиен; стекнат; направен“.
Игра на зборови. Употребувајќи го глаголот „добие“ (хебрејски: кана), Ева објаснува зошто на синот му го дала името Каин.
„Нод“ значи „бегалство“.
„Сет“ значи „даден; доделен; надоместок“.