Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Мојсеева 36:1-43

36  Ова се настани од животот* на Исав, односно Едом.+  Исав си зеде жени од ханаанските ќерки:+ Ада,+ ќерката на Елон Хетеецот,+ Оливема,+ ќерката на Ана, внуката на Севегон Евеецот,  и Васемата,+ ќерката на Исмаел, сестрата на Навајот.+  Ада му го роди на Исав Елифаз, Васемата го роди Рагуил,  а Оливема ги роди Јеус, Јалам и Кореј.+ Тоа се синовите на Исав што му се родија во ханаанската земја.  Потоа Исав ги зеде своите жени, синовите и ќерките и сите души од својот дом, својата стока и сите други животни и сето свое богатство+ што го беше спечалил во ханаанската земја, и си отиде откај својот брат Јаков во друга земја.+  Зашто, беа стекнале толку многу добра што повеќе не можеа да останат заедно и, поради нивната стока, земјата во која живееја како дојденци не можеше да ги издржува.+  Така Исав се насели во сеирските планини.+ Исав е Едом.+  Ова се настани од животот* на Исав, таткото на Едомците во сеирските планини.+ 10  Ова се имињата на синовите на Исав: Елифаз, син на Исавовата жена Ада, и Рагуил, син на Исавовата жена Васемата.+ 11  А синовите на Елифаз се: Теман,+ Омар, Сефо, Готом и Кенез.+ 12  Тимна+ му стана наложница* на Елифаз, синот на Исав. Таа на Елифаз му го роди Амалик.+ Ова се синовите од Ада, жената на Исав. 13  Ова се синовите на Рагуил: Нахат и Зара, Сама и Миза.+ Ова се синовите од Васемата,+ жената на Исав. 14  Ова се синовите од Исавовата жена Оливема, ќерката на Ана, внуката на Севегон, коишто таа му ги роди на Исав: Јеус, Јалам и Кореј.+ 15  Ова се кнезовите*+ од синовите на Исав. Синовите на Елифаз, Исавовиот првороден: кнез Теман,+ кнез Омар, кнез Сефо, кнез Кенез, 16  кнез Кореј, кнез Готом, кнез Амалик. Ова се кнезовите од Елифаз+ во земјата Едом. Ова се синовите од Ада. 17  Ова се синовите на Исавовиот син Рагуил: кнез Нахат, кнез Зара, кнез Сама, кнез Миза. Ова се кнезовите од Рагуил во земјата Едом.+ Ова се синовите од Васемата, жената на Исав. 18  А ова се синовите од Исавовата жена Оливема: кнез Јеус, кнез Јалам, кнез Кореј. Ова се кнезовите од Исавовата жена Оливема, ќерката на Ана. 19  Ова се синовите на Исав, и ова се нивните кнезови. Тој е Едом.+ 20  Ова се синовите на Сеир Хореецот, жители на земјата:+ Лотан, Совал, Севегон, Ана,+ 21  Дисон, Есер и Дисан.+ Ова се кнезовите на Хорејците, синови на Сеир, во земјата Едом. 22  А синовите на Лотан се Хори и Емам. Сестра на Лотан беше Тимна.+ 23  Ова се синовите на Совал: Алван, Манахат, Евал, Сефиј и Онам. 24  Ова се синовите на Севегон: Аја и Ана. Тоа е оној Ана што ги најде топлите извори во пустелијата додека ги чуваше магарињата на својот татко Севегон.+ 25  Ова се децата на Ана: Дисон и Оливема, ќерката на Ана. 26  Ова се синовите на Дисон: Амадан, Есван, Итран и Херан.+ 27  Ова се синовите на Есер: Валан, Заван и Акан. 28  Ова се синовите на Дисан: Уз и Аран.+ 29  Ова се кнезовите од Хореецот: кнез Лотан, кнез Совал, кнез Севегон, кнез Ана, 30  кнез Дисон, кнез Есер, кнез Дисан.+ Ова се кнезовите на Хорејците, кнезови во земјата Сеир. 31  А ова се царевите што владееја во едомската земја+ пред да почнат да владеат цареви над синовите на Израел.+ 32  Вела, синот на Веор, почна да владее во Едом,+ а неговиот град се викаше Денава. 33  Кога умре Вела, на негово место завладеа Јовав, синот на Зара+ од Восор.+ 34  Кога умре Јовав, на негово место завладеа Хусам+ од земјата на Теманците.+ 35  Кога умре Хусам, на негово место завладеа Адад, синот на Ведад, кој ги порази Мадијамците+ во моавската земја,+ а неговиот град се викаше Авит.+ 36  Кога умре Адад, на негово место завладеа Самла од Масрека.+ 37  Кога умре Самла, на негово место завладеа Саул од Реховот на реката.+ 38  Кога умре Саул, на негово место завладеа Ваал-Анан, синот на Ахвор.+ 39  Кога умре Ваал-Анан, синот на Ахвор, на негово место завладеа Адар. Неговиот град се викаше Пау, а жена му се викаше Метевеил. Таа ѝ беше ќерка на Матраида, ќерката на Мезаав.+ 40  Значи, ова се имињата на кнезовите од Исав по нивните семејства, по нивните места, по нивните имиња: кнез Тимна, кнез Алва, кнез Јетет,+ 41  кнез Оливема, кнез Ила, кнез Финон,+ 42  кнез Кенез, кнез Теман, кнез Мивсар,+ 43  кнез Магдиел, кнез Ирам. Ова се кнезовите на Едом+ според нивните живеалишта во земјата што ја беа зазеле.+ Тоа е Исав, таткото на Едомците.+

Фусноти

Или: „Ова е историјата“.
Или: „Ова е историјата“.
Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.
Или: „шеиците“.