Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Мојсеева 34:1-31

34  Дина, ќерката што Лија+ му ја роди на Јаков, ги посетуваше+ ќерките од таа земја.+  Сихем, синот на Емор Евеецот,+ поглаварот на таа земја, ја здогледа, па ја зеде, легна со неа и ја обесчести.+  И неговата душа се приврза кон Дина, ќерката на Јаков, и тој се вљуби во девојката, па настојуваше со убедливи зборови  да го придобие нејзиното срце.  Најпосле Сихем му рече на својот татко Емор:+ „Земи ми ја оваа девојка за жена!“+  Јаков слушна дека тој ја обесчестил ќерка му Дина. Но, бидејќи неговите синови беа со стоката во полето,+ Јаков молчеше додека не дојдоа тие.+  Тогаш Емор, таткото на Сихем, отиде кај Јаков да разговара со него.+  А синовите на Јаков дојдоа од полето веднаш штом слушнаа што се случило. Тоа ги погоди и многу ги разлути,+ бидејќи Сихем беше постапил безумно и беше му нанел срам на Израел со тоа што легна со ќерката на Јаков,+ нешто што не смееше да се направи.+  А Емор им рече: „Син ми Сихем се приврза со сета душа кон вашата ќерка.+ Ве молам, дајте му ја за жена,+  и склучувајте бракови со нас!+ Вашите ќерки ќе ни ги давате нам, а нашите ќерки ќе ги земате за себе.+ 10  Живејте со нас, и земјата ќе ви биде на располагање. Останете овде, тргувајте и населете се тука!“+ 11  Тогаш Сихем им рече на татко ѝ и на нејзините браќа: „Дозволете да најдам милост во ваши очи, и што и да побарате од мене, тоа ќе ви го дадам! 12  Слободно барајте за невестата многу пари и голем дар,+ и јас сум готов да ви дадам колку што ќе речете, само дајте ми ја девојката за жена“. 13  Тогаш синовите на Јаков измамнички им одговорија на Сихем и на неговиот татко Емор, а така зборуваа зашто тој ја беше обесчестил нивната сестра Дина.+ 14  И им рекоа: „Не можеме да го сториме тоа и да ја дадеме нашата сестра за човек што не е обрежан,+ зашто за нас тоа е срам. 15  Ќе се согласиме со вас само под услов да станете како нас, така што ќе ги обрежете сите машки што ги имате.+ 16  Тогаш ќе ви ги даваме своите ќерки, а ќе ги земаме за себе вашите, и ќе живееме со вас и ќе станеме еден народ.+ 17  Но ако не нѐ послушате и не се обрежете, ќе си ја земеме нашата ќерка и ќе си одиме“. 18  Нивниот предлог им се допадна на Емор и на Сихем, синот на Емор,+ 19  и младичот воопшто не се колебаше да го исполни условот,+ бидејќи ќерката на Јаков многу му омиле. Освен тоа, беше најугледниот+ во целиот татков дом.+ 20  Така Емор и неговиот син Сихем излегоа на портата од својот град, па им се обратија на луѓето од градот+ и рекоа: 21  „Овие луѓе се мирољубиви кон нас.+ Затоа, нека живеат во земјата и нека тргуваат во неа, зашто земјата е доволно пространа и за нив.+ Нивните ќерки можеме да ги земаме за жени, а нашите ќерки можеме да им ги даваме ним.+ 22  Но тие луѓе ќе се согласат да живеат со нас и да станеме еден народ само под услов сите наши машки да се обрежат како што се обрежани тие.+ 23  Нема ли тогаш да бидат наши нивните поседи, нивното богатство и сета нивна стока?+ Само да се согласиме, и тие ќе живеат со нас!“+ 24  Тогаш сите што излегуваа на портата од неговиот град ги послушаа Емор и неговиот син Сихем, и сите машки се обрежаа, сите што излегуваа на портата од неговиот град. 25  Но на третиот ден, додека тие беа во болки,+ двајца синови на Јаков, Симеон и Леви,+ браќа на Дина,+ го зедоа секој својот меч, влегоа во градот без некој да се посомнева и почнаа да ги убиваат сите машки жители.+ 26  Со сечилото на мечот+ ги убија Емор и неговиот син Сихем,  ја зедоа Дина од куќата на Сихем и си отидоа.+ 27  Останатите синови на Јаков ги нападнаа смртно ранетите мажи и го опљачкаа градот, зашто таму беше обесчестена нивната сестра.+ 28  Ги зедоа нивните овци и говеда, и нивните магариња, и она што беше во градот, и она што беше во полето.+ 29  Го пленија и целиот нивни имот, а сите нивни мали деца и нивните жени ги заробија и ги одведоа, така што опљачкаа сѐ што беше во куќите.+ 30  Тогаш Јаков им рече на Симеон и на Леви:+ „Ме озлогласивте и поради вас ме замразија жителите на оваа земја,+ Ханаанците и Ферезејците. Тие сигурно ќе се соберат против мене и ќе ме нападнат, бидејќи јас имам малку луѓе,+ па ќе ме погубат и мене и мојот дом“. 31  А тие рекоа: „Зарем смее некој со нашата сестра да постапува како со блудница?“+

Фусноти