Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Мојсеева 30:1-43

30  Кога виде дека не му роди ниту едно дете на Јаков, Рахела стана љубоморна на сестра си, па му рече на Јаков:+ „Дај ми деца или ќе умрам!“+  Тогаш Јаков се разлути на Рахела и рече:+ „Зарем сум јас на местото на Бог, кој те лишил од плодот на утробата?“+  Таа, пак, рече: „Еве ја мојата робинка Вилха.+ Легни со неа за да роди на мои колена, па преку неа и јас да добијам деца“.+  Така таа му ја даде за жена својата слугинка Вилха, и Јаков легна со неа.+  Вилха забремени и му роди на Јаков син.+  Тогаш Рахела рече: „Бог ми беше судија,+ го чу и мојот глас и ми даде син“. Затоа му го даде името Дан.*+  А Вилха, слугинката на Рахела, забремени уште еднаш и му роди на Јаков втор син.  Тогаш Рахела рече: „Се борев жестоко со мојата сестра. И победив!“ Затоа му го даде името Нефталим.*+  Кога виде дека престана да раѓа, Лија ја зеде својата слугинка Зелфа и му ја даде за жена на Јаков.+ 10  Така и Зелфа, слугинката на Лија, му роди син на Јаков. 11  Тогаш Лија рече: „Каква среќа!“ Затоа му го даде името Гад.*+ 12  Потоа Зелфа, слугинката на Лија, му роди на Јаков втор син. 13  Тогаш Лија рече: „Колку сум среќна! Жените ќе ме наречуваат среќна“.+ Затоа му го даде името Асер.*+ 14  Еден ден, кога се жнееше пченицата,+ Рувим+ излезе во полето и најде мандрагори, па ѝ ги донесе на својата мајка Лија. Тогаш Рахела ѝ рече на Лија: „Те молам, дај ми некоја од мандрагорите на син ти!“+ 15  А таа ѝ одврати: „Зарем ти е малку што ми го зеде мажот,+ па сакаш да ми ги земеш и мандрагорите на син ми?“ А Рахела рече: „Затоа тој нека легне ноќеска со тебе во замена за мандрагорите на син ти!“ 16  Кога Јаков вечерта си идеше од полето,+ Лија му излезе во пресрет и му рече: „Ќе легнеш со мене зашто те најмив за мандрагорите на син ми“. Така тој легна таа ноќ со неа.+ 17  А Бог ја чу и ја услиши Лија, па таа забремени и му роди на Јаков петти син.+ 18  Тогаш Лија рече: „Бог ми даде плата зашто му ја дадов на маж ми својата слугинка“. Затоа му го даде името Исахар.*+ 19  И Лија забремени уште еднаш и му роди на Јаков шести син.+ 20  Тогаш Лија рече: „Бог ме дарува со добар дар. Најпосле маж ми ќе ме прифати*+ зашто му родив шест сина“.+ Затоа му го даде името Завулон.*+ 21  Потоа роди ќерка и ѝ го стави името Дина.+ 22  Најпосле Бог се сети на Рахела, и Бог ја услиши, така што ѝ ја отвори материцата.+ 23  И таа забремени и роди син, па рече: „Бог го отстрани мојот срам!“+ 24  Затоа му го даде името Јосиф,*+ велејќи: „Јехова ми додава уште еден син“. 25  А кога Рахела го роди Јосиф, Јаков му рече на Лаван: „Пушти ме да си одам во моето место и во мојата земја!+ 26  Дај ми ги жените и децата за кои ти служев, па да си одам, зашто ти добро знаеш како ти служев!“+ 27  Тогаш Лаван му рече: „Ако сум нашол милост во твои очи, остани кај мене! По знаците сфатив дека Јехова ме благословува поради тебе“,+   28  па додаде, „одреди ја платата што ја бараш од мене, и ќе ти ја дадам!“+ 29  А тој му рече: „Ти самиот знаеш како ти служев и како се грижев за твојата стока.+ 30  Тоа малку што го имаше пред да дојдам, сега многу се намножи, зашто Јехова те благослови откако дојдов јас.+ А кога ќе направам нешто и за својот дом?“+ 31  Тогаш тој праша: „Што да ти дадам?“ А Јаков му одговори: „Немој да ми даваш ништо!+ Ако го направиш за мене ова што ќе ти го речам, повторно ќе ти ја пасам стоката.+ Ќе продолжам да ја чувам.+ 32  Денес ќе поминам низ целото твое стадо. Одвој ја од него секоја дамчеста и шарена овца, и секој темнокафеав млад овен и секоја шарена и дамчеста коза. Отсега таквите нека ми бидат плата.+ 33  А мојата чесност ќе посведочи за мене кога и да дојдеш за да ја прегледаш мојата плата.+ Секоја коза што не е дамчеста или шарена и секој млад овен што не е темнокафеав, нека се смета за украден ако се најде кај мене“.+ 34  А Лаван рече: „Добро! Нека биде така како што рече“.+ 35  Во истиот ден тој ги одвои ригестите и шарените јарци и сите дамчести и шарени кози, сѐ што имаше на себе нешто бело, и сите темнокафеави млади овни, па им ги предаде в раце на своите синови. 36  Потоа се оддалечи на три дена одење од Јаков, а Јаков ги пасеше стадата на Лаван што му преостанаа. 37  Тогаш Јаков зеде зелени прачки од дрвото стиракс,+ од бадем+ и од чинар,+ и им ја излупи кората на некои места, така што се гледаше белото на прачките.+ 38  Потоа прачките што ги излупи ги стави пред стадото во коритата, во поилата+ на коишто доаѓаа стадата да пијат вода, за да се тераат пред нив кога ќе дојдат да пијат. 39  Така стадата се тераа пред прачките, па она што го раѓаше стоката беше ригесто, дамчесто и шарено.+ 40  Јаков ги оддели младите овни, а потоа ги сврти стадата да гледаат кон сѐ што беше ригесто и темнокафеаво во стадата на Лаван. Потоа ја одвои својата стока и не ја мешаше со стоката на Лаван. 41  И секогаш кога ќе се тераше јаката+ стока, Јаков ќе ги ставеше прачките во коритата+ за да ги гледа стоката и да се тера пред нив. 42  Но кога стоката беше слаба, не ги ставаше таму. Така слабата стока секогаш беше за Лаван, а јаката за Јаков.+ 43  И Јаков се богатеше сѐ повеќе, и стекна многу стока, слугинки и слуги, камили и магариња.+

Фусноти

„Дан“ значи „судија“.
„Нефталим“ значи „моето борење; мојата борба“.
„Гад“ значи „среќа“.
„Асер“ значи „среќен; среќа“.
„Исахар“ значи „тој е награда (плата) “.
Или: „Конечно мојот маж ќе живее со мене“. Види ја фуснотата за значењето на името „Завулон“.
„Завулон“ значи „стан; живеалиште“; можно значење е и: „прифаќа; поднесува; господари“.
Скратен облик од името „Јосифја“, кое значи „Јах нека придаде (намножи); Јах придаде (намножи)“.