Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Мојсеева 25:1-34

25  А Авраам зеде уште една жена, која се викаше Хетура.+  Таа му ги роди: Зимран, Јоксан, Медан, Мадијам,+ Есвок и Суј.+  На Јоксан му се родија: Сава+ и Дедан.+ А синови на Дедан се: Асурим, Летусим и Леумим.  Синови на Мадијам се: Ефа,+ Ефер, Анох, Авида и Елдаг.+ Сите овие се синови на Хетура.  Подоцна Авраам му даде на Исак сѐ што имаше,+  а на синовите што ги доби од наложниците* Авраам им даде дарови.+ Потоа, уште додека беше жив, ги испрати да си одат откај неговиот син Исак,+ на исток, во Источната земја.+  А ова е бројот на годините што Авраам ги поживеа: сто седумдесет и пет години.  Потоа Авраам издивна и умре во длабока старост, стар и задоволен, и им се придружи на своите прататковци.+  Неговите синови Исак и Исмаел го погребаа во пештерата Макпела на нивата на Ефрон, синот на Сохар Хетеецот, која е пред Мамре,+ 10  на нивата што Авраам ја беше купил од синовите на Хет. Таму се погребани Авраам и неговата жена Сара.+ 11  По смртта на Авраам, Бог и понатаму го благословуваше неговиот син Исак,+ а Исак живееше близу Веер-Лахај-Рој.+ 12  Ова се настаните од животот* на Авраамовиот син Исмаел,+ кого му го роди на Авраам Египќанката Агара, слугинката на Сара.+ 13  Ова се Исмаеловите синови, од кои потекнаа нивните семејства, по нивните имиња: Исмаеловиот првороден Навајот,+ а потоа Кидар,+ Авдеил, Мивсам,+ 14  Мишма, Дума, Маса, 15  Адад,+ Тема,+ Јетур, Нафис и Кедма.+ 16  Тоа се синовите на Исмаел, и тоа се нивните имиња според нивните населби и според нивните логори:+ дванаесет кнезови по нивните племиња.+ 17  А Исмаел живееше сто триесет и седум години. Потоа издивна и умре, и им се придружи на своите прататковци.+ 18  Неговите потомци живееја од Авила,+ близу Сур,+ кој е пред Египет, па сѐ до Асирија. Се населија спроти сите свои браќа.+ 19  Ова се настаните од животот* на Авраамовиот син Исак.+ На Авраам му се роди Исак. 20  Исак имаше четириесет години кога ја зеде за жена Ревека, ќерката на Ветуил+ Сириецот+ од Падан Арам, сестрата на Лаван Сириецот. 21  Исак и понатаму сесрдно го молеше Јехова за својата жена,+ бидејќи беше неротка.+ И Јехова го услиши,+ па неговата жена Ревека забремени. 22  А синовите во неа почнаа да се удираат еден со друг,+ па таа рече: „Ако е така, зошто сум жива?“ Тогаш отиде да се посоветува со Јехова.+ 23  А Јехова ѝ рече: „Два народа се во твојата утроба,+ и два народа ќе се одделат од твојата утроба.+ Едниот народ ќе биде посилен од другиот,+ и постариот ќе му служи на помладиот“.+ 24  И дојде време таа да роди, кога ете — во нејзината утроба имаше близнаци.+ 25  Првиот излезе сиот црвен и влакнест како наметка од влакна.+ Затоа му го дадоа името Исав.*+ 26  По него излезе неговиот брат, држејќи се со рака за петицата на Исав.+ Затоа Исак му го даде името Јаков.*+ А кога Ревека му ги роди, Исак имаше шеесет години. 27  Момчињата пораснаа, и Исав стана вешт ловец,+ полски човек, а Јаков беше беспрекорен* човек+ и живееше во шатори.+ 28  На Исак му беше помил Исав, бидејќи му носеше дивеч за јадење, додека Ревека повеќе го сакаше Јаков.+ 29  Еднаш Јаков готвеше некаква чорба кога Исав дојде од полето уморен. 30  И Исав му рече на Јаков: „Бргу, дај ми да јадам од тоа црвено јадење, од тоа црвеното што си го сварил, зашто сум уморен!“ Затоа го доби името Едом.*+ 31  Но Јаков му рече: „Продај ми го најпрво своето право на првородство!“+ 32  А Исав му одврати: „Еве, јас речиси умрев, па што ќе ми е првородството?“ 33  Јаков продолжи: „Најпрво заколни ми се!“+ И тој му се заколна и така му го продаде на Јаков своето право на првородство.+ 34  Тогаш Јаков му даде на Исав леб и чорба од леќа, и тој јадеше и пиеше.+ Потоа стана и си отиде. Така Исав го презре своето првородство.+

Фусноти

Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.
Или: „Ова е историјата“.
Или: „Ова е историјата“.
„Исав“ значи „влакнест“.
„Јаков“ значи „оној што се држи за петица; оној што потиснува (истуркува) “.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
„Едом“ значи „црвен; румен“.