Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Мојсеева 22:1-24

22  По овие настани, вистинскиот Бог го испита Авраам.+ Па му рече: „Аврааме!“ А тој се одгласи: „Еве ме!“+  Тогаш Бог му рече: „Те молам, земи го својот син, својот единец, Исак,+ кого толку го сакаш,+ па појди во земјата Морија+ и таму принеси го како жртва паленица на еден од ридовите, кој ќе ти го покажам!“+  Утредента Авраам подрани, го оседла магарето и зеде со себе двајца слуги и својот син Исак,+ па нацепи дрва за жртвата паленица. Потоа стана и тргна на пат кон местото што му го покажа вистинскиот Бог.  На третиот ден, Авраам ги подигна очите и оддалеку го здогледа местото.  Тогаш Авраам им рече на слугите:+ „Вие останете овде со магарето, а јас и момчето ќе појдеме онаму за да му се поклониме на Бог,*+ па ќе се вратиме кај вас“.  Потоа Авраам ги зеде дрвата за жртвата паленица и му ги натовари на својот син Исак,+ а в раце ги зеде огнот и ножот, па двајцата тргнаа заедно.+  А Исак му рече на својот татко Авраам: „Татко!“+ „Еве ме, сине!“+ — му се одгласи тој. А тој го запраша: „Еве ги огнот и дрвата, но каде е овцата за жртва паленица?“+  „Бог ќе си прибави овца за жртва паленица,+ сине“, одговори Авраам. И двајцата продолжија понатаму.  Најпосле стигнаа до местото што му го беше покажал вистинскиот Бог. Авраам таму направи жртвеник,+ ги нареди дрвата и му ги врза рацете и нозете на својот син Исак, па го положи на жртвеникот врз дрвата.+ 10  Тогаш Авраам посегна по ножот и го зеде за да го заколе својот син.+ 11  Но Јеховин ангел го викна од небото и му рече:+ „Аврааме, Аврааме!“ А тој се одгласи: „Еве ме!“ 12  И ангелот му рече: „Не кревај рака на момчето и не прави му ништо,+ зашто сега, кога не одби да ми го дадеш својот син, својот единец, навистина знам дека се боиш од Бог!“+ 13  Тогаш Авраам ги подигна очите и погледна, и гледај, недалеку од него еден овен се беше заплеткал со роговите во еден честак. Авраам отиде, го зеде овенот, па го принесе како жртва паленица наместо својот син.+ 14  И Авраам го нарече она место Јехова-Ире.* Затоа денес обично се вели: „На Јеховината планина ќе биде прибавено“.+ 15  А Јеховиниот ангел по втор пат го викна Авраам од небото 16  и му рече: „,Се колнам во себе‘, вели Јехова,+ ‚затоа што го направи ова и не одби да ми го дадеш својот син, својот единец,+ 17   навистина ќе те благословам и навистина ќе го намножам твоето потомство како ѕвездите на небото и како зрнцата песок на морскиот брег.+ Твоето потомство ќе ги заземе портите* на своите непријатели.+ 18  И преку твоето потомство+ ќе се благословат сите народи на земјата затоа што го послуша мојот глас‘ “.+ 19  Потоа Авраам се врати кај своите слуги, па станаа и заедно отидоа во Вирсавеја.+ И Авраам продолжи да живее во Вирсавеја. 20  По тие настани, му јавија на Авраам: „Ене, и Мелха+ му роди синови на брат ти Нахор:+ 21  првородениот Уз, брат му Вуз+ и Кемуил, таткото на Арам, 22  како и Кесед, Азав, Филдес, Едлаф и Ветуил“.+ 23  А на Ветуил му се роди Ревека.+ Овие осуммина му ги роди Мелха на Нахор, брат му на Авраам. 24  Тој имаше и наложница,* која се викаше Ревма. Таа ги роди: Тавек, Гама, Тахас и Мааха.+

Фусноти

Или: „за да покажеме почит кон Бог; да извршиме чин на обожавање пред Бог“.
„Јехова-Ире“ значи „Јехова ќе се погрижи [за тоа]; Јехова ќе прибави“.
Односно градските порти.
Жена во полигамен брак, која мажот ја зема покрај својата вистинска сопруга (односно вистински сопруги) и која има понизок статус од вистинската сопруга.