Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Мојсеева 21:1-34

21  Јехова ѝ обрна внимание на Сара, како што беше рекол, и Јехова ѝ направи на Сара онака како што беше ветил.+  И Сара забремени+ и му роди син на Авраам во неговата старост, во времето за кое му беше рекол Бог.+  Така Авраам на синот што му се роди, што му го роди Сара, му го даде името Исак.+  Авраам го обрежа својот син Исак на осмиот ден, токму како што му беше заповедал Бог.+  А Авраам имаше сто години кога се роди син му Исак.  Тогаш Сара рече: „Бог направи да се смеам. Секој што ќе чуе за ова ќе се смее со мене“.+  И уште додаде: „Кој ќе му речеше на Авраам: ‚Сара ќе дои деца‘? А сепак му родив син на старост“.  А детето растеше, и го одбија од гради.+ Тогаш, на денот кога Исак беше одбиен, Авраам приреди голема гозба.  А Сара забележа како синот што Египќанката Агара+ му го беше родила на Авраам го исмејува Исак.+ 10  Затоа му рече на Авраам: „Истерај ги оваа робинка и нејзиниот син, зашто синот на оваа робинка нема да биде наследник со мојот син, со Исак!“+ 11  Но на Авраам му беше многу криво за синот.+ 12  Тогаш Бог му рече на Авраам: „Нека не ти е криво за она што ти го вели Сара за момчето и за твојата робинка. Послушај го нејзиниот глас, зашто преку Исак ќе дојде она што ќе се нарече твое семе!+ 13  А и од синот на робинката+ ќе направам народ, зашто е твој потомок“.+ 14  И така, Авраам стана рано изутрината, зеде леб и мешина со вода и ѝ ги даде на Агара,+ ставајќи ѝ ги на рамото. Ѝ го даде и детето,+ па ја отпушти. А таа замина, па талкаше по пустината Вирсавеја.+ 15  Најпосле снема вода+ во мешината, и таа го фрли+ детето под една грмушка. 16  Потоа отиде и седна сама, на оддалеченост од едно дофрлање со стрела, велејќи: „Не можам да гледам како умира детето“.+ Седејќи така малку подалеку, гласно заплака.+ 17  А Бог го чу гласот на момчето,+ па Божји ангел ја викна Агара од небото и ѝ рече:+ „Што ти е, Агаро? Не плаши се, зашто Бог го чу гласот на момчето од таму каде што е! 18  Стани, крени го момчето и цврсто држи го со раката, зашто од него ќе направам голем народ!“+ 19  Тогаш Бог ѝ ги отвори очите, та здогледа бунар во кој имаше вода.+ И таа отиде, ја наполни мешината со вода и му даде на момчето да пие. 20  А Бог и понатаму беше со момчето,+ и тоа растеше и живееше во пустината, па стана стрелец.+ 21  И се насели во пустината Фаран,+ а мајка му му зеде жена од египетската земја. 22  Во тоа време Авимелех, заедно со Фихол, заповедникот на неговата војска, му рече на Авраам: „Бог е со тебе во сѐ што правиш.+ 23  Затоа, заколни ми се овде во Бог+ дека нема да ме измамиш ни мене, ни моето потомство, ни мојот род,+ туку дека мене и на земјата во која си дојденец+ ќе ни правиш добро* како што јас ти правев тебе“.+ 24  Тогаш Авраам рече: „Се колнам“.+ 25  Кога Авраам остро го прекори Авимелех поради бунарот што слугите на Авимелех сосила го беа присвоиле,+ 26  Авимелех рече: „Не знам кој го сторил тоа, ниту, пак, ти си ми кажал нешто, а ниту јас сум чул нешто за тоа до денес“.+ 27  Тогаш Авраам зеде овци и говеда и му ги даде на Авимелех,+ па двајцата склучија сојуз.+ 28  Кога Авраам одвои седум женски јагниња од стадото, 29  Авимелех му рече: „Што значат овие седум женски јагниња што си ги одвоил?“ 30  А тој одговори: „Прими ги седумте јагниња од мојава рака за да ми бидат сведоштво+ дека јас сум го ископал овој бунар“. 31  Затоа местото го нарече Вирсавеја,+ зашто таму обајцата се заколнаа. 32  Така склучија сојуз+ во Вирсавеја. Потоа Авимелех и Фихол, заповедникот на неговата војска, станаа и се вратија во земјата на Филистејците.+ 33  А Авраам насади дрвце тамарис во Вирсавеја и таму го повика името на Јехова,+ вечниот Бог.+ 34  И Авраам помина уште многу денови како дојденец во земјата на Филистејците.+

Фусноти

Или: „покажуваш лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.