Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Мојсеева 20:1-18

20  Авраам одонде го премести логорот+ во подрачјето на Негев и се насели помеѓу Кадис+ и Сур+ и привремено престојуваше во Герар.+  А за својата жена Сара, Авраам велеше: „Таа ми е сестра“.+ Тогаш Авимелех,* царот на Герар, испрати по Сара и ја зеде.+  Подоцна Бог му дојде на Авимелех ноќе, на сон, и му рече: „Ќе загинеш поради жената што ја зеде,+ зашто таа му е жена на друг човек“.*+  Но Авимелех ѝ се немаше приближено,+ па затоа рече: „Јехова, зар ќе погубиш праведен народ?+  Зарем тој не ми рече: ‚Таа ми е сестра‘? А таа, зарем не ми рече и таа: ‚Тој ми е брат‘? Тоа го сторив во чесноста на своето срце и со невини раце“.+  Тогаш вистинскиот Бог му рече во сонот: „И јас знам дека го стори тоа во чесноста на своето срце.+ Јас и те задржував да не ми згрешиш.+ Затоа не ти дозволив да ја допреш.+  А сега, врати му ја жената на тој човек, зашто тој е пророк+ и сесрдно ќе се моли за тебе!+ Така ќе останеш жив. Но, ако не ја вратиш, знај дека ќе умреш, ти и сите твои“.+  Авимелех стана рано изутрината и ги повика сите свои слуги, па им го кажа сето ова за да го чујат со свои уши. И луѓето многу се уплашија.  Тогаш Авимелех го повика Авраам и му рече: „Што ни стори? Што ти згрешив, па навлече голем грев на мене и на моето царство?+ Ми направи нешто што не смееше да се направи“.+ 10  Авимелех потоа го праша Авраам: „Што имаше на ум кога го направи тоа?“+ 11  А Авраам рече: „Си реков: ‚Во ова место сигурно нема страв од Бог,+ па ќе ме убијат поради мојата жена‘.+ 12  А освен тоа, таа навистина ми е сестра, ќерка е на татко ми, само не ѝ е ќерка на мајка ми, па ми стана жена.+ 13  И кога Бог ме изведе од домот на мојот татко,+ ѝ реков: ‚Направи ми го ова добро дело:*+ во секое место во кое ќе дојдеме речи за мене: „Тој ми е брат“ ‘ “.+ 14  Тогаш Авимелех зеде овци, говеда, слуги и слугинки, па му ги даде на Авраам и му ја врати неговата жена Сара.+ 15  Потоа Авимелех рече: „Еве, мојата земја ти стои на располагање. Насели се каде што сакаш“.+ 16  А на Сара ѝ рече: „Еве, му давам на брат ти илјада сребреници.+ Во очите на сите што се со тебе, и пред сите други, ова нека биде знак дека не си осрамотена“.+ 17  И Авраам сесрдно му се помоли на вистинскиот Бог,+ и Бог ги излечи Авимелех, неговата жена и неговите робинки, и тие повторно можеа да раѓаат. 18  Зашто, Јехова ја беше затворил секоја материца во домот на Авимелех поради Сара, жената на Авраам.+

Фусноти

Зборот „Авимелех“ веројатно е титула.
Буквално: „зашто му припаѓа на друг сопственик (господар)“.
Или: „Покажи ми лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.