Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Мојсеева 18:1-33

18  Потоа Јехова му се јави+ меѓу големите дрвја во Мамре+ додека тој седеше на влезот од шаторот при дневната жега.+  Кога ги подигна очите,+  погледна, а таму, на извесна оддалеченост од него, стоеја тројца луѓе. Штом ги здогледа, им притрча во пресрет откај влезот на шаторот и им се поклони доземи.+  Па рече: „Јехова, ако сум нашол милост во твои очи, те молам, немој да го одминеш својот слуга!+  Дозволете да ви донесат малку вода за да ви ги измијат нозете,+ а потоа одморете се под дрвото!+  И дозволете да донесам малку леб за да се поткрепите,*+ па потоа појдете понатаму, бидејќи од таа причина и наминавте по овој пат кај својот слуга!“ А тие одговорија: „Добро. Направи така како што рече!“  И Авраам поита во шаторот кај Сара, па ѝ рече: „Бргу! Земи три сеи* фино брашно, замеси го и испечи погачи!“+  Потоа Авраам отрча кај добитокот и зеде еден млад и добар јунец, па му го даде на слугата, а овој поита да го зготви.+  Потоа зеде маст, млеко и младиот јунец што го беше зготвил и сето тоа им го принесе.+ А самиот стоеше покрај нив под дрвото додека тие јадеа.+  „Каде е жена ти Сара?“+ — го прашаа. „Ене ја во шаторон!“+ — одговори тој. 10  А едниот од нив продолжи: „Ќе се вратам кај тебе догодина во ова време, и ете, твојата жена Сара ќе има син“.+ Сара го слушаше тоа на влезот од шаторот, кој беше зад него. 11  Авраам и Сара беа стари и во поодминати години.+ Сара повеќе го немаше месечниот ред.+ 12  Затоа Сара се насмеа во себе+ и рече: „Зарем сега кога овенав и кога мојот господар е стар ќе го имам тоа задоволство?“+ 13  Тогаш Јехова му рече на Авраам: „Зошто се насмеа Сара и рече: ‚Зар навистина ќе родам сега кога остарев?‘+ 14  Зарем има нешто невозможно за Јехова?+ Ќе се вратам кај тебе кога ќе дојде време — догодина во ова време — и Сара ќе има син“. 15  А Сара почна да одрекува: „Не се смеев!“  — бидејќи се исплаши. Тогаш тој рече: „Не е точно! Се смееше“.+ 16  Подоцна луѓето станаа оттаму и погледнаа удолу кон Содом,+ а Авраам одеше со нив за да ги испрати.+ 17  И Јехова рече: „Зарем да кријам од Авраам што ќе направам?+ 18  Од Авраам ќе настане голем и моќен народ, и сите народи на земјата ќе се благословат преку него.+ 19  Зашто, го запознав за да им заповеда на своите синови и на своето домаќинство по себе да се држат за Јеховиниот пат и да постапуваат според праведноста и правдата,+ за Јехова да го исполни на Авраам она што го кажа за него“.+ 20  Потоа Јехова рече: „Поплаката против Содом и Гомор+ е навистина голема, и нивниот грев е многу тежок.+ 21  Решив да слезам за да видам дали навистина го прават тоа поради кое доаѓа поплаката до мене, а ако не е така, да знам“.+ 22  Тогаш луѓето се свртија оттаму и тргнаа кон Содом, а Јехова+ сѐ уште стоеше пред Авраам.+ 23  Тогаш Авраам му пријде поблиску и рече: „Дали навистина ќе го погубиш праведниот заедно со злиот?+ 24  Да речеме дека во градот има педесет праведници. Дали навистина ќе ги погубиш и нема да му простиш на тоа место заради педесетте праведници што се во него?+ 25  Ти никогаш не би постапил така и не би го погубил праведникот заедно со злиот, па на праведникот да му се случи истото што и на злиот!+ Ти никогаш не би го направил тоа!+ Зарем Судијата на целата земја нема да го прави она што е праведно?“+ 26  Тогаш Јехова рече: „Ако најдам во Содом педесет праведници, заради нив ќе му простам на целото место“.+ 27  Но Авраам продолжи: „Те молам, послушај ме! Се осмелувам да му зборувам на Јехова, иако сум прав и пепел.+ 28  Можеби има педесет праведници без пет. Дали поради тие пет ќе го уништиш целиот град?“ А Бог одговори: „Нема да го уништам ако најдам таму четириесет и пет“.+ 29  „Можеби таму има четириесет“, пак рече Авраам. „Нема да го сторам тоа заради тие четириесет“, одговори Бог. 30  Но Авраам продолжи: „Те молам, Јехова, немој да се разгневиш,+  туку допушти ми да кажам уште нешто:+ можеби таму има триесет“. А Бог одговори: „Нема да го уништам ако најдам таму триесет“. 31  А Авраам продолжи: „Те молам, послушај ме! Се осмелувам да му зборувам на Јехова уште еднаш:+ можеби таму има дваесет“. А Бог одговори: „Нема да го уништам заради тие дваесет“.+ 32  На крајот рече: „Те молам, Јехова, немој да се разгневиш,+ туку допушти ми да зборувам само уште еднаш:+ можеби таму има десет“. А Бог одговори: „Нема да го уништам заради тие десет“.+ 33  Откако го заврши разговорот со Авраам, Јехова+ си отиде, а Авраам се врати дома.

Фусноти

Буквално: „да ги поткрепите своите срца“.
Една сеа е 7,33 литри. Види го додатокот 13.