Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Мојсеева 15:1-21

15  По овие настани, на Аврам му дојде во видение Јеховината реч:+ „Не плаши се,+ Авраме! Јас сум ти штит.+ Твојата награда ќе биде многу голема“.+  А Аврам одговори: „Севишен Господару Јехова, што ќе ми дадеш кога сум без деца, и мојот дом ќе му припадне на еден човек од Дамаск, на Елиезер?“+  Па додаде: „Еве, ти не ми даде потомство,+ па наследник ќе ми биде еден од слугите во мојот дом“.+  Но гледај, Јехова му се обрати повторно: „Наследник нема да ти биде тој човек, туку твој потомок ќе ти биде наследник“.+  Потоа го изведе надвор и му рече: „Те молам, погледни кон небото и изброј ги ѕвездите, ако можеш да ги изброиш“.+ Па додаде: „Толкаво ќе биде твоето потомство“.+  И Аврам му поверува* на Јехова,+ а тој го сметаше за праведен поради тоа.+  Тогаш му рече: „Јас сум Јехова, оној што те изведе од Ур Халдејски за да ти ја даде оваа земја да ја поседуваш“.+  Тогаш Аврам го праша: „Севишен Господару Јехова, по што ќе знам дека ќе ја поседувам?“+  А тој му рече: „Донеси ми тригодишна јуница, тригодишна коза, тригодишен овен, една грлица и еден млад гулаб“.+ 10  И тој ги зеде сите нив, ги расече надве и сите половинки ги стави една спроти друга, но птиците не ги расече.+ 11  А птици грабливки почнаа да слетуваат на месото,+ но Аврам ги растеруваше. 12  Кога сонцето беше на заоѓање, Аврам беше совладан од длабок сон,+ и гледај, врз него се спушти застрашувачки густа темнина. 13  Тогаш Бог му рече на Аврам: „Добро знај дека твоите потомци ќе бидат дојденци во туѓа земја+ и ќе мораат да им служат на други, а тие ќе ги угнетуваат четиристотини години.+ 14  Но, јас ќе му судам на народот на којшто тие ќе му служат,+ и потоа ќе излезат со големо богатство.+ 15  А ти ќе отидеш кај своите прататковци во мир, и ќе бидеш погребан во длабока старост.+ 16  Но во четвртото поколение тие ќе се вратат ваму,+ бидејќи на гревовите на Аморејците уште не им дошол крајот“.+ 17  Кога зајде сонцето и падна густа темнина, се појави печка што чадеше и запален факел, кој помина меѓу оние парчиња.+ 18  На тој ден Јехова склучи сојуз со Аврам,+ велејќи: „На твоето потомство ќе му ја дадам оваа земја,+ од реката Египет до големата река, реката Еуфрат:+ 19  Кенејците,+ Кенезејците, Кедмонејците, 20  Хетејците,+ Ферезејците,+ Рефаимците,+ 21  Аморејците, Ханаанците, Гергесејците и Евусејците“.+

Фусноти

Или: „покажа вера во Јехова“. Ова е првото место во Библијата каде што се спомнува вера. Спореди со Ри 4:11.