Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Мојсеева 14:1-24

14  А во деновите кога Амарфал беше цар на Сенар,+ Ариох цар на Еласар, Ходолгомор+ цар на Елам+ и Таргал цар на Гоим,+  тие завојуваа со Вер, царот на Содом,+ со Варса, царот на Гомор,+ со Синав, царот на Адма,+ со Симовор, царот на Севоим,+ и со царот на Вела (односно на Сигор).+  Сите тие* дојдоа како сојузници+ во долината Сидим,+ каде што е Соленото Море.+  Дванаесет години му служеа на Ходолгомор, но во тринаесеттата година се побунија.  А во четиринаесеттата година дојде Ходолгомор, заедно со царевите што беа со него, и им нанесе пораз на Рефаимовците во Астарот-Карнаим,+ на Зузејците во Хам, на Емимците+ во Савин-Киријатим  и на Хорејците+ на нивната планина Сеир,+ биејќи ги сѐ до Ел-Фаран,+ кој лежи на работ од пустината.*  Потоа се свртија и дојдоа во Ен-Миспат, односно во Кадис,+ па ја покорија целата земја на Амаличаните,+ а ги покорија и Аморејците+ што живееја во Асасон-Тамар.+  Тогаш тргна во бој царот на Содом, а со него и царот на Гомор, и царот на Адма, и царот на Севоим и царот на Вела (односно на Сигор) и, во долината Сидим,+ се наредија во борбени редови против нив,  против Ходолгомор, царот на Елам, Таргал, царот на Гоим, Амарфал, царот на Сенар, и Ариох, царот на Еласар+ — четири цара против пет. 10  А долината Сидим+ беше јама до јама со земјена смола,*+ па кога царевите на Содом и Гомор+ фатија да бегаат, некои паднаа во нив, а другите побегнаа во планините.+ 11  Тогаш победниците зедоа од Содом и од Гомор сѐ што беше вредно и сета нивна храна, па си отидоа.+ 12  Го зедоа и Лот, синот на Аврамовиот брат — кој тогаш живееше во Содом+ — и неговиот имот, па си отидоа. 13  А еден човек што успеа да побегне дојде и му го јави тоа на Аврам Евреинот.+ Тој тогаш живееше меѓу големите дрвја на Мамре Амореецот,+ братот на Есхол и на Анир.+ Тие му беа сојузници на Аврам. 14  Така Аврам слушна дека внук му бил заробен.+ Тогаш ги собра своите луѓе извежбани за борба,+ триста и осумнаесет робови родени во неговиот дом,+ и тргна во потера до Дан.+ 15  Ноќта, тој и неговите робови ги распоредија своите сили+ и ги нападнаа. Така ги порази и ги гонеше до Хова, која лежи северно од Дамаск. 16  Го врати сиот грабнат имот,+ го врати и својот внук Лот и неговиот имот заедно со жените и со другите луѓе.+ 17  А кога се враќаше, откако ги порази Ходолгомор и царевите што беа со него, во пресрет му излезе царот на Содом во долината на Савин, односно во Царевата Долина.+ 18  И Мелхиседек,+ царот на Салим,+ изнесе леб и вино,+ а тој му беше свештеник на Севишниот Бог.+ 19  Потоа го благослови со зборовите: „Благословен да е Аврам од Севишниот Бог,+ Создателот на небото и на земјата!+ 20  И благословен да е Севишниот Бог,+ кој ти ги предаде в раце твоите угнетувачи!“+ Тогаш Аврам му даде десеттина од сѐ.+ 21  Потоа царот на Содом му рече на Аврам: „Мене дај ми ги луѓето,*+ а добрата земи си ги за себе“. 22  А Аврам му одговори на царот на Содом: „Ја подигам раката и му се колнам+ на Јехова, Севишниот Бог, Создателот на небото и на земјата, 23  дека нема да земам ништо од она што е твое,+ ни конец ни ремче од сандала, за да не речеш: ‚Јас го збогатив Аврам‘. 24  Не сакам ништо!+ Само она што го изедоа момците и делот за луѓето што појдоа со мене: Анир, Есхол и Мамре+ — тие нека си го земат својот дел“.+

Фусноти

По сѐ изгледа дека заменката „тие“ се однесува на царевите спомнати во 1. стих.
Види го додатокот 12.
Или: „битумен“.
Буквално: „душите“.