Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Мојсеева 13:1-18

13  Потоа Аврам отиде од Египет кон Негев+ заедно со својата жена и со сѐ што имаше, а со него и Лот.  А Аврам поседуваше многу стада, сребро и злато.+  И логоруваше од едно место во друго, од Негев до Ветил, до местото каде што најпрвин беше неговиот шатор, помеѓу Ветил и Гај,+  местото каде што првобитно го беше направил жртвеникот.+ Таму Аврам почна да го повикува* името на Јехова.+  А и Лот, кој одеше заедно со Аврам, имаше овци, говеда и шатори.  Затоа немаше доволно земја за да живеат заедно, бидејќи имаа стекнато толку многу што не можеа да живеат заедно.+  И изби караница меѓу пастирите на Аврамовата стока и пастирите на Лотовата стока. А во тоа време во земјата живееја Ханаанците и Ферезејците.+  Затоа Аврам му рече на Лот:+ „Те молам, да не се караме ниту ние ниту нашите пастири, зашто ние двајцата сме браќа!+  Зарем не ти е на располагање целата земја? Те молам, одвој се од мене! Ако ти појдеш налево, јас ќе појдам надесно, а ако ти појдеш надесно, јас ќе појдам налево“.+ 10  Лот ги крена очите и ја виде целата Јорданска Долина,*+ дека е еден добро наводнет крај и дека, сѐ до Сигор,+ е како Јеховината градина,+ како египетската земја — а ова беше пред Јехова да ги уништи Содом и Гомор. 11  Тогаш Лот си ја избра целата Јорданска Долина, па го премести својот логор на исток. Така се одвоија еден од друг. 12  Аврам живееше во ханаанската земја, а Лот живееше во околината на градовите во Јорданската Долина.+ На крајот ги распна шаторите близу Содом. 13  А луѓето од Содом беа лоши и беа големи грешници пред Јехова.+ 14  Откако Лот се одвои од Аврам, Јехова му рече на Аврам: „Те молам, подигни ги очите и, од местото на кое стоиш, погледни на север, на југ, на исток и на запад,+ 15  зашто целата земја што ја гледаш ќе ти ја дадам тебе и на твоето потомство за да ја поседувате засекогаш.+ 16  И ќе го умножам твоето потомство да биде како правот на земјата, и ако може некој да го изброи правот на земјата, ќе може да го изброи и твоето потомство.+ 17  Стани, изоди ја оваа земја во должина и во широчина, зашто тебе ќе ти ја дадам!“+ 18  А Аврам и понатаму живееше под шатори. Потоа дојде меѓу големите дрвја во Мамре,+ кое е кај Хеврон,+ и таму се насели. Таму му направи жртвеник на Јехова.+

Фусноти

Или: „објавува (проповеда)“.
Буквално: „[Јордански] круг“, подрачје на долната Јорданска Долина, околу Ерихон.