Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Мојсеева 12:1-20

12  Јехова му рече на Аврам: „Оди си од својата земја, откај својот род и од домот на својот татко, па појди во земјата што ќе ти ја покажам.+  А јас од тебе ќе направам голем народ, ќе те благословам и твоето име ќе го направам големо, а ти самиот биди благослов за другите.+  Ќе ги благословам оние што тебе те благословуваат, а ќе го проколнам оној што тебе те проколнува,+ и преку тебе ќе се благословат сите народи на земјата“.+  Тогаш Аврам појде, токму како што му рече Јехова, а со него појде и Лот. Аврам имаше седумдесет и пет години кога замина од Харан.+  Така Аврам ги зеде својата жена Сараја+ и Лот, синот на својот брат,+ и сите добра што ги имаа спечалено,+ и душите што ги имаа добиено во Харан, па тргна со нив кон ханаанската земја.+ Најпосле стигнаа во ханаанската земја.  Аврам помина низ таа земја сѐ до местото Сихем,+ близу големите дрвја на Море.+ Во тоа време во земјата беа Ханаанците.  Тогаш Јехова му се појави на Аврам и му рече: „На твоето потомство+ ќе му ја дадам оваа земја“.+ Таму Аврам му изгради жртвеник на Јехова, кој му се беше појавил.  Од таму отиде во планинскиот крај источно од Ветил+ и таму го распна својот шатор, така што Ветил му беше од запад, а Гај+ од исток. Тука му изгради жртвеник на Јехова+ и почна да го повикува* името на Јехова.+  Потоа Аврам тргна и одеше кон Негев,* застанувајќи на местата каде што логоруваше.+ 10  Кога настана глад во таа земја, Аврам отиде во Египет за да се насели таму привремено,+ бидејќи гладот во земјата беше голем.+ 11  Кратко пред да влезе во Египет, ѝ рече на својата жена Сараја: „Послушај ме, те молам! Знам дека си убава жена.+ 12  Кога ќе те видат, Египќаните ќе речат: ‚Таа му е жена‘, и мене ќе ме убијат, а тебе ќе те остават жива. 13  Затоа те молам, речи дека си ми сестра+ за да ми биде добро поради тебе и да ми ја остават душата жива заради тебе“.+ 14  И така, штом Аврам влезе во Египет, Египќаните видоа дека жената е многу убава. 15  А ја видоа и кнезовите на фараонот, па почнаа да ја фалат пред фараонот, така што жената беше одведена во неговиот дворец. 16  Тој беше добар кон Аврам поради неа, па овој стекна овци, говеда, магариња, слуги и слугинки, магарици и камили.+ 17  Тогаш Јехова ги удри фараонот и неговиот дом со големи чуми+ поради Сараја, жената на Аврам.+ 18  Затоа фараонот го викна Аврам и му рече: „Што ми направи? Зошто не ми кажа дека ти е жена?+ 19  Зошто рече: ‚Таа ми е сестра‘,+ па сакав да ја земам за жена? А сега, еве ти ја жена ти! Земи си ја и оди си!“ 20  И фараонот им даде заповед на луѓето за него, и тие го испратија заедно со неговата жена и со сѐ што имаше.+

Фусноти

Или: „објавува (проповеда)“. Види 2Мо 34:5.
Или: „кон југ“, односно кон јужниот дел на Ветената земја.