Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Мојсеева 10:1-32

10  Ова се настани од животот* на Ноевите синови+ Сем, Хам и Јафет. По потопот почнаа да им се раѓаат синови.+  Синовите на Јафет беа: Гомер,+ Магог,+ Мадај,+ Јаван,+ Тувал,+ Месех+ и Тирас.+  Синовите на Гомер беа: Асхенас,+ Рифат+ и Тогарма.+  Синовите на Јаван беа: Елиса,+ Тарсис,+ Китим+ и Доданим.+  Од нив потекнуваат островските* народи, кои се раширија по своите земји, секој според својот јазик, според своето семејство, според својот народ.  А синовите на Хам беа: Хус,+ Мисраим,+ Фут+ и Ханаан.+  А синовите на Хус беа: Сева,+ Авила, Савта, Рама+ и Савтека. Синовите на Рама беа: Сава и Дедан.+  А на Хус му се роди и Нимрод.+ Тој стана првиот моќен човек на земјата.  Беше моќен ловец кој му се противеше на Јехова. Затоа се вели: „Моќен ловец кој му се противи на Јехова како Нимрод“.+ 10  Почеток на неговото царство беа: Вавел,+ Ерех,+ Акад и Халне, во земјата Сенар.+ 11  Од таа земја дојде во Асирија+ и почна да ги ѕида Ниневија,+ Реховот-Ир, Калах 12  и Ресен, помеѓу Ниневија и Калах: тие го сочинуваат големиот град.* 13  Од Мисраим+ потекнуваат: Лудим,+ Анамим, Леавим, Нафтухим,*+ 14  Патрусим,+ Хаслухим+ (од кои потекнуваат Филистејците+) и Кафторим.*+ 15  А од Ханаан потекнуваат: Сидон,+ неговиот првороден, и Хет,+ 16  Евусејците,+ Аморејците,+ Гергесејците, 17  Евејците,+ Арукејците, Асенејците, 18  Арвадејците,+ Семарејците и Ематејците.+ Потоа ханаанските племиња се расеаја. 19  Така границата на Ханаанците се протегаше од Сидон до Герар,+ близу Газа,+ па сѐ до Содом, Гомор,+ Адма+ и Севоим,+ близу Лаша. 20  Тоа беа синовите на Хам според нивните семејства, според нивните јазици, во нивните земји, според нивните народи. 21  А и на Сем, прататкото на сите Еверови синови,+ братот на Јафет, најстариот, му се роди потомство. 22  Синови на Сем се: Елам,+ Асур,+ Арфаксад,+ Луд и Арам. 23  А синовите на Арам се: Уз, Ул, Гетер и Маш.+ 24  А на Арфаксад му се роди Сала,+ а на Сала му се роди Евер. 25  На Евер му се родија два сина. Едниот се викаше Фалек,*+ бидејќи во негово време земјата* беше разделена.+ Неговиот брат се викаше Јоктан.+ 26  А на Јоктан му се родија: Алмодад, Салеф, Асермот, Јерах,+ 27  Адорам, Узал, Дикла,+ 28  Овал, Авимаел, Сава,+ 29  Офир,+ Авила+ и Јовав.+ Сите овие му беа синови на Јоктан. 30  Подрачјето на кое живееја се протегаше од Меша па сѐ до Сефар, планинскиот крај на Истокот. 31  Ова се синовите на Сем по нивните семејства, по нивните јазици, во нивните земји и по нивните народи.+ 32  Ова се семејствата на Ноевите синови по нивните родови, по нивните народи, и од нив по потопот се раширија народите по земјата.+

Фусноти

Или: „Ова е историјата“.
Или: „приморските“.
Буквално: „ова е големиот град“. Изразот „големиот град“ веројатно е заеднички назив за Ниневија и за три други градови.
Или: „Лудимците, Анамимците, Леавимците, Нафтухимците“.
Или: „Патрусимците, Хаслухимците (...) и Кафторимците“.
„Фалек“ значи „поделба; струја“.
Или: „човештвото“.