Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Летописи 9:1-44

9  Сите Израелци беа запишани во родословниот запис.+ Запишани се во Книгата за царевите на Израел. А Јуда, поради својата неверност, беше одведен во изгнанство+ во Вавилон.  Првите жители што се вратија на својот имот во своите градови беа свештениците,+ левитите,+ останатите Израелци+ и нетините.*+  Во Ерусалим+ се населија некои од синовите на Јуда,+ некои од синовите на Венијамин+ и некои од синовите на Ефрем и на Манасија:  Утај, синот на Амиуд, син на Амри, син на Имри, син на Вани, син на Фарес,+ син на Јуда.+  Од синовите на Сала:+ првородениот Асаија и неговите синови.  Од синовите на Зара:+ Јеуел и шестотини и деведесет нивни браќа.  Од синовите на Венијамин: Салу, синот на Месулам, син на Одавија, син на Асенуј,  Евниј, синот на Јероам, Ила, синот на Озиј, син на Михри, и Месулам, синот на Сефатија, син на Рагуил, син на Ивнија.  Нивните браќа, запишани во родословните записи, беа деветстотини педесет и шест луѓе. Сите тие беа поглавари на семејства во своите родови. 10  Од свештениците: Једај, Јехојарив, Јахин,+ 11  Азарија,+ синот на Хелкија, син на Месулам, син на Садок, син на Мерајот, син на Ахитув, раководител на домот на вистинскиот Бог, 12  Адаија, синот на Јероам, син на Пасхор, син на Малхија, Маасај, синот на Адил, син на Јазера, син на Месулам, син на Месилемит,+ син на Имер, 13  и нивните браќа, поглавари на своите домови, илјада седумстотини и шеесет луѓе, многу способни+ за вршење на службата во домот на вистинскиот Бог. 14  Од левитите: Семаја, синот на Асув, син на Азрикам, син на Асавија,+ од синовите на Мерариј, 15  потоа Ваквакар, Ерес, Галал, Матанија,+ синот на Миха,+ син на Зихриј,+ син на Асаф,+ 16  Авдија, синот на Семаја,+ син на Галал, син на Једутун,+ Верехија, синот на Аса, син на Елкана. Тој живееше во местата во кои живееја Нетофјаните.+ 17  Вратарите:+ Салум,+ Акув, Талмон, Ахиман. Нивниот брат Салум беше поглавар 18  и порано служеше при царската порта+ на исток. Тие беа вратари во логорот на синовите на Леви.+ 19  Салум, синот на Коре, син на Евијасаф,+ син+ на Кореј,+ и неговите браќа, синови на Кореј,+ од домот на неговиот татко, ја надгледуваа работата. Го чуваа влезот+ во шаторот, како што нивните татковци го чуваа влезот во Јеховиниот логор. 20  Финес,+ синот на Елеазар,+ некогаш беше нивни раководител. Јехова беше со него.+ 21  Захарија,+ синот на Меселемиј, беше вратар на влезот во шаторот на средбата. 22  Сите оние што беа избрани како вратари на праговите беа двесте и дванаесет. Живееја во своите села,+ според родословниот запис.+ Ним Давид+ и јасновидецот+ Самоил им дадоа одговорна служба.+ 23  Тие и нивните синови чуваа стража на влезот во Јеховиниот дом, на влезот во шаторот.+ 24  Вратарите стоеја на четирите страни: на исток,+ на запад,+ на север+ и на југ.+ 25  Нивните браќа доаѓаа одвреме-навреме од своите места за да им се придружат по седум дена.+ 26  Четири главни вратари, левити, постојано беа во таа одговорна служба. Тие беа поставени над трпезариите+ и над ризниците+ на домот на вистинскиот Бог. 27  Ноќеваа околу домот на вистинскиот Бог, зашто должност им беше да стражарат.+ Беа задолжени да ги отклучуваат вратите секое утро.+ 28  Некои од нив беа одговорни за приборот+ што се користеше во службата. Го пребројуваа кога го внесуваа и кога го изнесуваа. 29  Некои од нив се грижеа за другиот прибор, за целиот свет прибор,+ за финото брашно,+ за виното,+ маслото,+ темјанот+ и за мирисливите билки.+ 30  Некои од синовите на свештениците правеа смеса+ од мирисливи билки. 31  Матитиј, еден од левитите, првородениот на Салум,+ од семејството на Кореј, беше поставен над она што се печеше во тави.+ 32  Некои од синовите на Кат, нивни браќа, беа одговорни за наредените лебови,+ да ги приготвуваат на секој ден за одмор.*+ 33  Тие беа пејачи,+ родовски поглавари на Левиевите племиња. Тие беа во трпезариите+ и беа ослободени од други должности+ зашто требаше да ја вршат својата работа дење и ноќе.+ 34  Тие беа родовски поглавари на Левиевото племе, како што беа запишани во родословните записи, главари. Живееја во Ерусалим.+ 35  Во Гаваон+ живееше Јејел, таткото на Гаваон. Жена му се викаше Мааха. 36  Неговиот првороден син беше Авдон, потоа Сур, Кис, Ваал, Нир, Надав, 37  Гедор, Ахио, Захарија+ и Миклот. 38  На Миклот му се роди Симеам. Тие живееја заедно со своите браќа во Ерусалим, близу до останатите свои браќа. 39  На Нир+ му се роди Кис,+ а на Кис му се роди Саул.+ На Саул му се родија Јонатан,+ Малхи-Суа,+ Авинадав+ и Есвал.+ 40  Син на Јонатан е Мери-Вал.+ На Мери-Вал му се роди Михеј.+ 41  Синови на Михеј се: Фитон, Мелех, Тареја и Ахаз.+ 42  На Ахаз му се роди Јара. На Јара му се родија: Алемет, Азмавет и Зимриј. На Зимриј му се роди Моса. 43  На Моса му се роди Винеј, негов син е Рефаија,+ негов син Елеаса, негов син е Асел. 44  Асел имаше шест сина, на кои имињата им се: Азрикам, Вохеру, Исмаел, Сеариј, Авдија и Ханан. Тоа се синовите на Асел.+

Фусноти

„И нетините (храмските робови)“; буквално: „и даруваните“; хебрејски: нетиним. Спореди со фуснотата за 4Мо 3:9.
Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.