Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Летописи 8:1-40

8  На Венијамин+ му се роди првородениот Вела,+ вториот Асвил,+ третиот Ахара,+  четвртиот Ноа+ и петтиот Рафа.  Синови на Вела се: Адар, Гера,+ Авијуд,  Ависуј, Нааман, Ахој,  Гера, Сефуфам+ и Урам.+  А синовите на Ехуд беа поглавари на семејствата што живееја во Гева,+ од каде што беа одведени во изгнанство во Манахат.  Нив ги одведоа во изгнанство Нааман, Ахија и Гера, кој предводеше. Нему му се родија Уза и Ахиуд.  На Сараим му се родија деца во моавската земја+ откако ги истера Моавците. Усима и Вара му беа жени.  Одеса, неговата жена, му ги роди: Јовав, Сивиј, Меша, Малхам, 10  Јеуз, Сахија и Мирма. Тоа се неговите синови, поглавари на своите родови. 11  Усима му ги роди Авитов и Елфал. 12  Синови на Елфал се: Евер, Мисам и Самед, кој ги изгради Оно+ и Лод+ со околните градови, 13  потоа Верија и Сема. Тие се поглавари на своите семејства, кои живееја во Ајалон.+ Тие ги истераа жителите на Гат. 14  Ахио, Сасак, Јеремот, 15  Зевадија, Арад, Едер, 16  Михаел, Еспа и Јоха се синови на Верија.+ 17  Зевадија, Месулам, Хиски, Хевер, 18  Исмерај, Езлиј и Јовав се синови на Елфал. 19  Јаким, Зихриј, Завдиј, 20  Елинај, Зилтај, Елиел, 21  Адаија, Вераја и Симрат се синови на Симеј.+ 22  Еспан, Евер, Елиел, 23  Авдон, Зихриј, Ханан, 24  Ананија, Елам, Антотија, 25  Ифдеја и Фенуел се синови на Сасак. 26  Самсерај, Сеарија, Аталија, 27  Јаресиј, Илија и Зихриј се синови на Јероам. 28  Тоа се поглавари на своите родови, како што беа запишани во родословните записи. Тие главари живееја во Ерусалим.+ 29  Во Гаваон+ живееше Јејел, таткото на Гаваон, а жена му се викаше Мааха.+ 30  Неговиот првороден син беше Авдон, потоа Сур, Кис, Ваал, Надав,+ 31  Гедор, Ахио и Зехер.+ 32  На Миклот му се роди Симеја.+ Тие живееја заедно со своите браќа во Ерусалим, близу до останатите свои браќа. 33  На Нир+ му се роди Кис,+ а на Кис му се роди Саул.+ На Саул му се родија Јонатан,+ Малхи-Суа,+ Авинадав+ и Есвал.+ 34  Син на Јонатан е Мери-Вал.+ На Мери-Вал му се роди Михеј.+ 35  Синови на Михеј се: Фитон, Мелех, Тареј+ и Ахаз. 36  На Ахаз му се роди Јехоада. На Јехоада му се родија: Алемет, Азмавет и Зимриј. На Зимриј му се роди Моса. 37  На Моса му се роди Винеј, негов син е Рафеј,+ негов син е Елеаса, негов син е Асел. 38  Асел имаше шест сина, на кои имињата им се: Азрикам, Вохеру, Исмаел, Сеариј, Авдија и Ханан. Сите тие се синови на Асел. 39  Синови на Исек, неговиот брат, се: првородениот Улам, вториот Јеус и третиот Елифелет. 40  Синовите на Улам беа храбри јунаци,+ кои го оптегнуваа лакот+ и имаа многу синови+ и внуци, сто и педесет. Сите тие се синови на Венијамин.

Фусноти