Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Летописи 7:1-40

7  Синови на Исахар се: Тола,+ Фуа,+ Јасув и Симрон+ — четворица.  Синови на Тола се: Озиј, Рефаија, Јерил, Јамај, Евсам и Семуел, поглавари на своите родови. Од Тола потекнаа храбри јунаци. Во деновите на Давид+ нивниот број изнесуваше дваесет и две илјади и шестотини.  Син* на Озиј е Израј. Синови на Израј се: Михаел, Авдија, Јоил, Исиј...* — петмина. Сите тие беа поглавари.  Меѓу нивните потомци, според нивните родови, во воени чети подготвени за војна имаше триесет и шест илјади луѓе, зашто имаа многу жени и синови.+  Нивните браќа во сите семејства на Исахар беа храбри јунаци.+ Според родословниот запис, ги имаше вкупно осумдесет и седум илјади.+  Синови на Венијамин+ се: Вела,+ Вехер+ и Једиил+ — тројца.  Синови на Вела+ се: Есвон, Озиј, Узиел, Еримот и Ири — петмина, кои беа поглавари на своите родови, храбри јунаци. Во нивниот родословен запис+ беа запишани дваесет и две илјади и триесет и четири.  Синови на Вехер се: Земир, Јоас, Елиезер, Елиоенај, Амри, Јеремот, Авија, Анатот и Алемет. Сите тие се синови на Вехер.  Во нивниот родословен запис,+ според нивното потекло, според поглаварите на нивните родови, храбри јунаци, беа запишани дваесет илјади и двесте. 10  Син на Једиил+ е Валан. Синови на Валан се: Јеус, Венијамин, Ехуд, Хенан, Зитан, Тарсис и Ахисар. 11  Сите синови на Једиил, според поглаварите на нивните родови, храбри јунаци,+ беа седумнаесет илјади и двесте војници подготвени за војна. 12  Суфим+ и Упим+ се синови на Ир.+ Хусејците се синови на Ахир. 13  Синовите на Нефталим:+ Јасиел,+ Гуниј,+ Јесер и Салум,*+ синови на Вилха.+ 14  Син на Манасија+ е Азрил, кого му го роди наложницата* Сиријка. (Таа го роди и Махир,+ таткото на Галад. 15  Махир ги ожени Упим и Суфим, чија сестра се викаше Мааха.) Името на вториот е Салпад,+ а Салпад имаше ќерки.+ 16  Мааха, жената на Махир, роди син и му го даде името Ферес. Брат му се викаше Серес, а негови синови се: Улам и Рекем. 17  Син на Улам е Бедан. Тоа се синовите на Галад, синот на Махир, син на Манасија. 18  Неговата сестра Амолекета ги роди Исуд, Авиезер+ и Мала. 19  Синови на Семида се: Ахијан, Сихем, Лихи и Анијам. 20  Синовите на Ефрем+ се: Сутал,+ неговиот син Веред, неговиот син Тахат, неговиот син Елеада, неговиот син Тахат, 21  неговиот син Завад, неговиот син Сутал, како и Есер и Елеад. Овие двајца беа убиени од луѓето од Гат,+ родени во земјата, зашто овие дојдоа да им ја земат стоката. 22  Ефрем, нивниот татко, тагуваше долго време,+ а неговите браќа доаѓаа кај него за да го утешат. 23  Потоа тој легна со својата жена и таа забремени+ и роди син. Тој му го даде името Верија,* зашто во неговиот дом се случи несреќа.+ 24  Ќерка му е Сера, која ги изгради Долни+ и Горни+ Вет-Орон+ и Узен-Сера. 25  Син му е Рефа, и Ресеф, неговиот син Тела, неговиот син Тахан, 26  неговиот син Ладан, неговиот син Амиуд, неговиот син Елисама, 27  неговиот син Навин,+ неговиот син Исус.+ 28  Нивниот посед и местата каде што се населија се: Ветил+ со околните градови, Наран+ на исток, Гезер+ со околните градови на запад, Сихем+ со околните градови, до Газа* со околните градови; 29  покрај синовите на Манасија: Вет-Син+ со околните градови, Танах+ со околните градови, Мегидо+ со околните градови, Дор+ со околните градови. Во нив живееја синовите на Јосиф,+ синот на Израел. 30  Синовите на Асер+ се: Имна,+ Исва, Исви+ и Верија+ и нивната сестра Сера. 31  Синови на Верија се: Хевер и Малхил, таткото на Верзавит. 32  На Хевер му се родија Јафлет, Сомир* и Хотам и нивната сестра Шуја. 33  Синови на Јафлет се: Фасах, Вимал и Асват. Тоа се синовите на Јафлет. 34  Синови на Семир се: Ахи, Рога, Јехува и Арам. 35  Синови на Хелем, неговиот брат, се: Софа, Емна, Селис и Амал. 36  Синови на Софа се: Суја, Арнефер, Суал, Верија, Емра, 37  Везер, Ход, Шама, Силиса, Итран и Веера. 38  Синови на Јетер се: Јефониј, Фиспа и Ара. 39  Синови на Ула се: Арах, Аниел и Рисија. 40  Сите тие се синови на Асер, поглавари+ на своите родови, избрани храбри јунаци,+ поглавари меѓу кнезовите. Бројот на запишаните во нивниот родословен запис+ изнесуваше дваесет и шест илјади војници подготвени за војна.+

Фусноти

Буквално: „Синови“.
Во хебрејскиот текст недостасува едно име.
Во 1Мо 46:24 и 4Мо 26:49 „Силим“.
Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.
„Верија“ значи „во несреќа“.
Не станува збор за Газа во Филистеја, која му била дадена на племето на Јуда.
Во 34. стих „Семир“.