Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Летописи 4:1-43

4  Синови на Јуда се: Фарес,+ Есром,+ Харми,+ Ор+ и Совал.+  На Реај,+ синот на Совал, му се роди Јаат, а на Јаат му се родија Ахумај и Лад. Тоа се семејствата на Соратците.+  Ова се синовите на таткото на Етам+: Језраел,+ Есма, Едвас (нивната сестра се викаше Аселелфонија),  Фенуел, таткото на Гедор,+ и Есер, таткото на Хуса. Тоа се синовите на Ор,+ првородениот на Ефрата, таткото на Витлеем.+  Асхор,+ таткото на Текоја,+ имаше две жени, Хела и Нара.  Нара му ги роди: Ахузам, Офер, Темани и Ахастар. Тоа се синовите на Нара.  Синови на Хела се: Зарет, Исар и Етан.  На Коз му се родија Анув, Совив и семејствата на Ахарил, синот на Арум.  Јавиз+ беше поугледен+ од своите браќа. Мајка му му го даде името Јавиз, велејќи: „Го родив со болки“.+ 10  И Јавиз го повика Богот+ на Израел, велејќи: „Барем да ме благословеше+ и да го проширеше моето подрачје,+ раката твоја да беше со мене+ и да ме зачуваше од зло+ за да не ми наштети...“+ И Бог ја услиши неговата молитва.+ 11  На Хелув, братот на Шуха, му се роди Мехир, кој е татко на Естон. 12  На Естон му се родија Вет-Раф, Фасеј и Техин, таткото на Ир-Нас. Тоа се луѓето на Река. 13  Синови на Кенез+ се: Готонил+ и Сераја, а син на Готонил е Атат. 14  На Менотај му се роди Офра. На Сераја му се роди Јоав, таткото на Ге-Харашим.* Тие беа занаетчии.+ 15  Синови на Халев,+ синот на Јефониј,+ се: Иру, Ила и Наам. Син на Ила е Кенез. 16  Синови на Јехалел се: Зиф, Зифа, Тирија и Асариел. 17  Синови на Езрах се: Јетер, Меред, Ефер и Јалон. Неговата жена му ги роди: Маријам, Самај и Есва, таткото на Естемоја.+ 18  Неговата жена Јудејка* ги роди: Јеред, таткото на Гедор, Хевер, таткото на Сохо, и Екутиел, таткото на Заноја. Тоа се синовите на Витија, ќерката на фараонот, која ја зеде Меред. 19  Синови на жената на Одија, сестрата на Нам, се: таткото на Кеила+ Гармиецот и Естемоја Макатецот. 20  Синови на Симон се: Амнон, Рина, Вен-Анан и Тилон. Синови на Иши се: Зохет и Вен-Зохет. 21  Синови на Сала,+ синот на Јуда, се: Ир, таткото на Леха, и Лада, таткото на Мариса, и семејствата на изработувачите на фино платно+ од домот на Асвеја, 22  потоа Јоким и луѓето од Хозева, и Јоас и Сараф, кои си зедоа за жени Моавки,*+ како и Јашувилехем. За тоа зборуваат старите преданија.+ 23  Тие беа грнчари+ и живееја во Нетаим и во Гедера. Таму живееја и работеа за царот.+ 24  Синови на Симеон се: Немуил,+ Јамин,+ Јарив, Зара, Саул,+ 25  неговиот син Салум, неговиот син Мивсам, неговиот син Мишма. 26  Синови на Мишма се: Хамуил, негов син, Захур, негов син, Симеј, негов син. 27  Симеј имаше шеснаесет синови и шест ќерки. Неговите браќа немаа многу синови, така што ниту едно нивно семејство не беше толку бројно како синовите на Јуда.+ 28  Тие живееја во Вирсавеја,+ во Молада,+ во Асар-Суал,+ 29  во Вилха,+ во Асем,+ во Толад,+ 30  во Ветуил,+ во Хорма,+ во Сиклаг,+ 31  во Вет-Мархавот, во Асар-Сусим,+ во Вет-Вири и во Сараим.+ Тоа беа нивните градови до царувањето на Давид. 32  Се населија и во Етам, Аин, Римон, Тохен и во Асан+ — пет града. 33  И околу тие градови имаа свои места дури до Ваал.+ Тоа се местата во кои живееја и тоа се нивните родословни записи. 34  Месовав, Јамлех и Јоса, синот на Амазија, 35  Јоил и Јуј, синот на Јошивија, син на Сераја, син на Асил, 36  потоа Елиоенај, Јакова, Јесохаја, Асаија, Адил, Есимил, Венај 37  и Зиза, синот на Сифиј, син на Алон, син на Једај, син на Шимри, син на Семаја. 38  Овие што се наведени по име беа поглавари во своите семејства.+ Нивниот род многу се намножи. 39  Затоа отидоа до влезот во Гедор, на источната страна од долината, за да бараат пасишта за своите стада. 40  И најдоа густи и убави пасишта,+ а земјата беше пространа, мирна и безбедна.+ Таму порано живееја потомците на Хам.+ 41  Овие што се наведени по име дојдоа во времето на Езекија,+ царот на Јуда, и ги нападнаа Хамитите и Меунимите, кои престојуваа таму во своите шатори, па ги истребија,*+ така што и ден-денес нема ниту еден. И се населија на нивното место, зашто таму имаше пасишта+ за нивните стада. 42  Некои од синовите на Симеон отидоа во планината Сеир,+ петстотини луѓе, на чело со Фелатија, Неариј, Рефаија и Узиел, синовите на Иши. 43  Тие го погубија остатокот од Амаличаните,+ кои уште беа живи, и останаа таму до ден-денес.

Фусноти

„Ге-Харашим“ значи „долина на занаетчиите“.
Или: „Еврејка“.
Буквално: „кои станаа сопственици (господари) на Моавки“.
Или: „ги истребија како херем“.