Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Летописи 26:1-32

26  Групи од вратари+ беа: од синовите на Кореј+ — Меселемиј,+ синот на Коре од синовите на Асаф.  Синови на Меселемиј се: првородениот Захарија, вториот Једиил, третиот Зевадија, четвртиот Јатнил,  петтиот Елам, шестиот Јоанан, седмиот Елио-Енај.  Синови на Овид-Едом+ беа: првородениот Семаја, вториот Јозавад, третиот Јоах, четвртиот Сахар, петтиот Нетанел,  шестиот Амил, седмиот Исахар, осмиот Феултај — зашто Бог го благослови.+  На неговиот син Семаја му се родија синови, кои беа поглавари во домот на својот татко зашто беа способни и храбри луѓе.  Синови на Семаја беа: Отни, Рафаил, Овид и Елзавад, чии браќа Елиу и Семахиј беа способни луѓе.  Сите тие беа синови на Овид-Едом, тие и нивните синови и нивните браќа, вредни луѓе способни за службата. Беа шеесет и двајца од Овид-Едом.  Меселемиј+ имаше синови и браќа, способни луѓе. Ги имаше осумнаесет. 10  Оса, од синовите на Мерариј, имаше синови. Шимри беше поглаварот — иако не беше првороден,+ татко му го постави за поглавар+ 11  втор Хелкија, трет Тевалија и четврти Захарија. Сите синови и браќа на Оса беа тринаесет. 12  Во тие групи од вратари, поглаварите имаа свои должности, исто како и нивните браќа,+ и служеа во Јеховиниот дом. 13  И се фрлаше ждрепка+ за најмалиот како што се фрлаше за најголемиот, според нивните родови+ за секоја поединечна порта. 14  И ждрепката за источната страна падна на Селемија.+ Фрлаа ждрепка и за неговиот син Захарија,+ разборит советник,+ и неговата ждрепка падна на северната страна.+ 15  На Овид-Едом му падна на јужната страна, а на неговите синови+ им падна на складиштата.+ 16  На Суфим и на Оса+ им падна на западната страна, кај Салехетската Порта на патот што оди угоре. Едната стража+ стоеше до другата стража.+ 17  На источната страна имаше шест левити, на северната секој ден по четири, на јужната секој ден+ по четири, кај складиштата+ по двајца, 18  кај тремот на западната страна по четири на патот+ и по двајца кај тремот. 19  Тоа беа групите вратари од синовите на Кореј+ и од синовите на Мерариј.+ 20  Од останатите левити, Ахија беше над ризниците+ на домот на вистинскиот Бог и над ризниците со посветени работи.+ 21  Од синовите на Ладан,+ односно од синовите на Гирсон преку Ладан, од семејните поглавари од родот на Ладан, синот на Гирсон, беше Јехиел.+ 22  Синовите на Јехиел, Зетам и неговиот брат Јоил,+ беа над ризниците+ на Јеховиниот дом. 23  Од синовите на Амрам, на Исар, на Хеврон и на Узиел+ беа: 24  Севуил,*+ синот на Гирсом, син на Мојсеј, надзорник на складиштата. 25  Од неговите браќа преку Елиезер:+ неговиот син Реавиј,+ неговиот син Јесаја, неговиот син Јорам, неговиот син Зихриј и неговиот син Селомот. 26  Тој Селомот и неговите браќа беа над сите ризници со посветени работи,+ кои ги посветија цар Давид,+ родовските поглавари,+ илјаданачалниците, стотниците и другите воени заповедници. 27  Зашто, дел од пленот што го донесуваа од војните+ го посветија за одржување на Јеховиниот дом. 28  Беа и над сето она што го посветија јасновидецот+ Самоил и Саул, синот на Кис, и Авенир,+ синот на Нир, и Јоав,+ синот на Серуја.+ Сѐ што беше посветено беше под надзор на Селомит* и на неговите браќа. 29  Од синовите на Исар,+ Хенаниј и неговите синови беа управители и судии+ во Израел и тие должности ги вршеа надвор од Божјиот дом.+ 30  Од синовите на Хеврон,+ Асавија и неговите браќа, илјада и седумстотини способни луѓе,+ управуваа со Израел на подрачјето западно од Јордан, вршејќи ги сите работи во служба на Јехова и на царот. 31  Од синовите на Хеврон, Јериј,+ кој беше поглавар на синовите на Хеврон, според нивните родови, според нивните прататковци. Во четириесеттата+ година од царувањето на Давид, Давидовите слуги бараа храбри луѓе меѓу синовите на Хеврон, и ги најдоа во Јазер+ во Галад.+ 32  Браќа на Јериј, способни луѓе,+ имаше две илјади и седумстотини поглавари на нивните домови.+ И цар Давид ги постави над племето на Рувим, над племето на Гад и над половината племе на Манасија+ за да ги вршат сите работи во служба на вистинскиот Бог и сите работи на царот.+

Фусноти

Види ја фуснотата за 1Ле 23:16.
Во 25. и 26. стих „Селомот“.