Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Летописи 25:1-31

25  Потоа Давид, со поглаварите+ на групите,+ одвои за служба некои од синовите на Асаф, на Еман+ и на Једутун,+ кои пророкуваа во придружба на харфи,+ псалтири+ и чинели.+ Ова се оние на кои им беше доверена службата:  од синовите на Асаф: Захур, Јосиф,+ Нетанија и Асарил,+ синови на Асаф под водство на Асаф,+ кој пророкуваше според царевата уредба.  Од Једутун:+ синовите на Једутун — Годолиј,+ Сориј,+ Јесаја,+ Симеј, Асавија и Матитиј,+ тие шестмина под водство на својот татко Једутун, кој пророкуваше во придружба на харфа, благодарејќи му на Јехова и фалејќи го.+  Од Еман:+ синовите на Еман — Вукија,+ Матанија,+ Узиел,+ Севуил,* Еримот, Ананија,+ Ананиј, Елијата,+ Гидалтиј,+ Ромамти-Езер,+ Јосвекас,+ Малотиј,+ Отир+ и Мазиот.  Сите тие беа синови на Еман, јасновидецот+ на царот, кој ги јавуваше зборовите на вистинскиот Бог и го подигаше својот рог за да го слави Бог. И вистинскиот Бог му даде на Еман четиринаесет синови и три ќерки.+  Сите тие, под водство на својот татко, пееја во Јеховиниот дом во придружба на чинели,+ псалтири+ и харфи,+ служејќи во домот на вистинскиот Бог. Асаф, Једутун и Еман+ добиваа наредби од царот.  Тие, заедно со нивните браќа, броеја двесте осумдесет и осум, и сите беа извежбани и вешти+ во пеењето песни во чест на Јехова.+  И фрлаа ждрепка+ за да ги одредат своите должности, најмалиот како и најголемиот,+ учителот+ како и ученикот.  Првата ждрепка падна на Асафовиот син Јосиф,+ втората на Годолиј,+ на неговите браќа и на неговите синови, на нив дванаесет, 10  третата на Захур,+ на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 11  четвртата на Исриј,+ на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 12  петтата на Нетанија,+ на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 13  шестата на Вукија, на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 14  седмата на Есарил,+ на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 15  осмата на Јесаја, на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 16  деветтата на Матанија, на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 17  десеттата на Симеј, на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 18  единаесеттата на Азареил,+ на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 19  дванаесеттата на Асавија, на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 20  тринаесеттата на Суваил,+ на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 21  четиринаесеттата на Матитиј, на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 22  петнаесеттата на Јеремот, на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 23  шеснаесеттата на Ананија, на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 24  седумнаесеттата на Јосвекас, на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 25  осумнаесеттата на Ананиј, на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 26  деветнаесеттата на Малотиј, на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 27  дваесеттата на Елијата, на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 28  дваесет и првата на Отир, на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 29  дваесет и втората на Гидалтиј, на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 30  дваесет и третата на Мазиот,+ на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет, 31  дваесет и четвртата на Ромамти-Езер,+ на неговите синови и на неговите браќа, на нив дванаесет.

Фусноти

Во 1Ле 24:20 и 25:20 „Суваил“.