Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Летописи 23:1-32

23  Кога остаре+ и се наживеа, Давид го постави својот син Соломон+ за цар на Израел.  И ги собра сите израелски кнезови+ и свештениците+ и левитите.+  Беа изброени левитите од триесет години нагоре,+ секој маж поединечно, и ги имаше триесет и осум илјади.  Меѓу нив имаше дваесет и четири илјади од оние што требаше да ја надгледуваат работата во Јеховиниот дом, потоа шест илјади управители+ и судии,+  четири илјади вратари+ и четири илјади од оние што требаше да го фалат+ Јехова со инструменти,+ за кои Давид рече дека ги направил за давање фалба.  И Давид ги раздели во групи+ според синовите на Леви:+ Гирсон, Кат и Мерариј.  Од синовите на Гирсон беа: Ладан и Симеј.  Синови на Ладан беа: поглаварот Јеил,+ потоа Зетам и Јоил+ — тројца.  Синови на Симеј беа: Селомот, Азиил и Харан — тројца. Тие беа родовски поглавари на Ладан. 10  Синови на Симеј беа: Јаат, Зинај,* Јеус и Верија. Тие четворица беа синови на Симеј. 11  Јаат беше поглаварот, а Зизај вториот. Јеус и Верија немаа многу синови и затоа се броеја како еден род+ со исти задолженија. 12  Синови на Кат+ беа: Амрам, Исар,+ Хеврон+ и Узиел+ — четворица. 13  Синови на Амрам беа: Арон+ и Мојсеј.+ Арон беше одвоен+ да ја посветува Светињата над светињите,+ тој и неговите синови довека, да ги горат приносите+ пред Јехова, да му служат+ и да даваат благослов+ во негово име довека. 14  И синовите на Мојсеј, Божјиот човек,+ се вбројуваа во племето на Леви.+ 15  Синови на Мојсеј беа: Гирсом+ и Елиезер.+ 16  Син на Гирсом беше поглаварот Севуил.*+ 17  Син на Елиезер беше поглаварот Реавиј.+ Елиезер немаше други синови, но синовите на Реавиј многу се намножија. 18  Син на Исар+ беше поглаварот Селомит.+ 19  Синови на Хеврон беа: поглаварот Јерија, вториот Амарија, третиот Јазиел и четвртиот Јекамеам.+ 20  Синови на Узиел+ беа: поглаварот Михеј и вториот Исиј. 21  Синови на Мерариј+ беа: Махли и Муси.+ Синови на Махли беа: Елеазар+ и Кис. 22  Но Елеазар умре, а немаше синови, туку само ќерки. Затоа синовите на Кис, нивни браќа, ги зедоа за жени.+ 23  Синовите на Муси беа: Махли, Едер и Јеремот+ — тројца. 24  Тоа беа синовите на Леви според нивните родови,+ родовски поглавари на кои им беа доверени различни одговорности, попишани по име, кои требаше да ја вршат службата+ во Јеховиниот дом, од дваесет години нагоре.+ 25  Имено, Давид рече: „Јехова, Богот на Израел, му даде мир на својот народ+ и ќе живее во Ерусалим довека.+ 26  Затоа левитите не ќе мораат повеќе да го носат ниту светиот шатор ниту некаков прибор за службата во него“.+ 27  Зашто, според последните Давидови заповеди,+ беа преброени синовите на Леви од дваесет години нагоре. 28  Нивна задача беше да им помагаат на синовите на Арон+ во службата во Јеховиниот дом, да се грижат за дворовите+ и за трпезариите,+ да ги чистат сите свети работи,+ да ја извршуваат службата во домот на вистинскиот Бог, 29  да се грижат за наредените лебови,+ за финото брашно+ за житна жртва, за бесквасните кори,+ за она што се печеше во тави,+ за замесеното тесто+ и за сите мерки за количина и должина.+ 30  Секое утро+ требаше да бидат во служба+ за да му благодарат+ на Јехова и да го фалат,+ а исто така и навечер. 31  И секогаш кога на Јехова му беа принесувани жртви паленици на деновите за одмор,*+ на млада месечина+ и на празници,+ требаше, според својот број, секогаш да служат пред Јехова, како што беше пропишано. 32  Им беше должност, во службата за Јеховиниот дом,+ да се грижат+ за шаторот на средбата и да го чуваат, да ги чуваат светото место+ и синовите на Арон, своите браќа.

Фусноти

Во 11. стих „Зизај“.
Во 1Ле 24:20 „Суваил“.
Буквално: „сабатите“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.