Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Летописи 21:1-30

21  А Сатана* стана против Израел и го наведе+ Давид да ги преброи Израелците.  Така Давид им рече на Јоав+ и на поглаварите на народот: „Одете, пребројте+ ги Израелците од Вирсавеја+ до Дан,+ па јавете ми за да знам колку ги има“.+  Но Јоав му рече: „Јехова нека му додаде на својот народ уште стопати олку колку што го има сега.+ Не се ли сите тие, господару мој, царе, слуги на мојот господар? Зошто бара такво нешто мојот господар?+ Зошто да навлече вина на Израел?“  Но царскиот збор+ беше посилен од зборот на Јоав. Така Јоав отиде+ и го обиколи целиот Израел, а потоа дојде во Ерусалим.+  И Јоав му го даде на Давид бројот на попишаниот народ: сите синови на Израел беа милион и сто илјади луѓе вооружени со меч,+ а синовите на Јуда беа четиристотини и седумдесет илјади луѓе вооружени со меч.  Но Јоав не ги попиша заедно со нив+ Леви+ и Венијамин зашто царската заповед му беше одвратна.  Тоа беше зло во очите на вистинскиот Бог,+ и затоа тој го удри Израел.  И Давид му рече на вистинскиот Бог: „Многу згрешив+ што го направив тоа! Те молам, прости му го овој грев на својот слуга,+ зашто постапив многу неразумно!“+  А Јехова му рече на Гад,+ јасновидецот+ на Давид: 10  „Оди и речи му на Давид: ‚Вака вели Јехова: „Три нешта ставам пред тебе,+ а ти избери кое од нив да ти го направам!“ ‘ “+ 11  И Гад дојде кај Давид и му рече:+ „Вака вели Јехова: ‚Избери, 12  сакаш ли три години да има глад,+ или три месеци да те истребуваат твоите противници+ и да те стигнува мечот на твоите непријатели, или три дена Јеховиниот меч+ и помор+ да бидат во земјата и Јеховин ангел да убива+ по сите краишта на Израел‘. Сега размисли што да му одговорам на оној што ме испраќа“. 13  А Давид му рече на Гад: „На голема мака сум! Да паднам во рацете на Јехова,+ зашто е големо неговото милосрдие,+ но да не паднам во рацете на луѓето!“+ 14  И Јехова испрати помор+ на Израел, така што во Израел загинаа седумдесет илјади луѓе.+ 15  Вистинскиот Бог испрати ангел и во Ерусалим за да го опустоши.+ И кога тој почна да пустоши, Јехова погледна и се сожали поради неволјата,+ па му рече на ангелот кој пустошеше: „Доста!+ Повлечи ја сега раката!“ А Јеховиниот ангел стоеше кај гумното на Евусеецот+ Орнан.*+ 16  Кога ги подигна очите, Давид го виде Јеховиниот ангел+ како стои меѓу земјата и небото со извлечен меч во раката,+ кој беше свртен кон Ерусалим. Тогаш Давид и старешините паднаа ничкум,+ облечени во козина.+ 17  И Давид му рече на вистинскиот Бог: „Зарем не сум јас тој што заповеда да се преброи народот? Не бев ли јас тој што згреши и зарем не бев јас тој што направи зло?+ Што направиле овие овци?+ Јехова, Боже мој, твојата рака нека дојде врз мене и врз домот на мојот татко, а не врз твојот народ+ за да го погуби!“ 18  И Јеховиниот ангел му рече на Гад+ да му каже на Давид да оди горе и да му подигне на Јехова жртвеник на гумното на Евусеецот Орнан.+ 19  Така Давид отиде, според зборот што Гад му го јави во името на Јехова.+ 20  И свртувајќи се, Орнан+ го здогледа ангелот, а неговите четири сина што беа со него веднаш се скрија. Орнан штотуку ја вршеше пченицата. 21  И Давид дојде кај Орнан. Кога погледна и го виде Давид,+ Орнан веднаш дојде од гумното и му се поклони на Давид со лицето до земја. 22  Тогаш Давид му рече на Орнан: „Дај ми го гумното за да му изградам на него жртвеник на Јехова! Дај ми го за полна цена+ за да престане поморот+ меѓу народот!“ 23  Тогаш Орнан му рече на Давид: „Земи го!+ Мојот господар, царот, нека го направи она што е добро во негови очи! Еве, ти ги давам и говедата+ за жртви паленици, справата за вршидба+ да ти биде за дрва+ и пченицата да ти биде за житна жртва. Сето тоа ти го давам како дар“.+ 24  Но цар Давид му рече на Орнан: „Не, туку ќе го купам од тебе за полна цена,+ зашто нема да му го донесам на Јехова она што е твое и нема да му принесувам жртви паленици што не сум ги платил“. 25  Така Давид му даде на Орнан за она место шестотини сикли* злато.+ 26  Тогаш Давид му изгради таму жртвеник+ на Јехова и му принесе жртви паленици и жртви на заедништвото. И го повика Јехова,+ а тој му одговори со оган+ што се спушти од небото врз жртвеникот за жртви паленици. 27  И Јехова му заповеда на ангелот+ да го врати мечот во ножницата. 28  Тогаш Давид виде дека Јехова го услиши на гумното на Евусеецот Орнан, па оттогаш таму принесуваше жртви.+ 29  Но во тоа време, Јеховиниот шатор, кој Мојсеј го беше направил во пустината, и жртвеникот за жртви паленици се наоѓаа на височинката во Гаваон.+ 30  А Давид не можеше да оди таму за да побара совет од Бог, зашто го беше опфатил страв+ од мечот на Јеховиниот ангел.

Фусноти

Или: „противник“ (хебрејски: сатан).
Во 2Са 24:16 „Орна“.
Види го додатокот 13.