Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Летописи 19:1-19

19  По некое време умре Наас,+ царот на Амоновите синови, а неговиот син почна да владее наместо него.+  Тогаш Давид си помисли: „Ќе му направам добро*+ на Анун, синот на Наас, зашто и неговиот татко мене ми направи добро“.+ И Давид испрати гласници за да му пренесат изрази на сочувство поради неговиот татко. Слугите на Давид дојдоа во земјата на Амоновите синови+ кај Анун за да му изразат сочувство.  Но кнезовите на Амоновите синови му рекоа на Анун: „Зар мислиш дека Давид ги испратил своите слуги за да ти изразат сочувство затоа што сака да му укаже чест на твојот татко? Зар неговите слуги не се дојдени кај тебе за да ја прегледаат и да ја извидат земјата,+ а потоа да ја разорат?“+  Тогаш Анун ги фати слугите на Давид,+ ги избричи+ и им ја потсече облеката на половина, сѐ до задникот,+ па така ги прати назад.+  Кога чу што им се случило на овие луѓе, Давид ги испрати своите слуги да ги пречекаат, зашто беа многу осрамотени. И царот им порача: „Останете во Ерихон+ додека не ви пораснат брадите, па тогаш вратете се“.  Тогаш синовите на Амон видоа дека Давид ги замрази.+ И Анун+ и синовите на Амон испратија илјада таланти* сребро+ за да најмат бојни коли+ и коњаници од Месопотамија, од Арам-Мах+ и од Сова.+  Така најмија триесет и две илјади бојни коли,+ а го најмија и царот на Мааха и неговите луѓе.+ И тие дојдоа и се улогорија пред Медева.+ А синовите на Амон се собраа од своите градови и дојдоа во бој.  Кога чу за тоа, Давид го испрати Јоав+ со целата војска и со своите јунаци.+  И синовите на Амон излегоа и се наредија во борбени редови пред градската порта, а царевите+ што беа дошле се наредија одделно во полето. 10  Кога ја виде војската поставена кон него и отспреди и одзади, Јоав ги одбра најдобрите луѓе меѓу Израелците и ги распореди во борбени редови против Сиријците.+ 11  Останатата војска му ја предаде на својот брат Ависај+ за да се распореди во борбени редови против синовите на Амон.+ 12  И му рече: „Ако Сиријците+ бидат посилни од мене, ти дојди ми на помош.+ А ако синовите на Амон бидат посилни од тебе, јас ќе ти дојдам на помош.+ 13  Биди силен!+ Храбро да се бориме за својот народ и за градовите на нашиот Бог!+ А Јехова ќе го направи она што е добро во негови очи“.+ 14  Тогаш Јоав со војската што беше со него тргна во борба против Сиријците,+ а тие се разбегаа+ од пред него. 15  Кога видоа дека Сиријците се разбегаа, и синовите на Амон побегнаа+ пред неговиот брат Ависај и се повлекоа во градот.+ Тогаш Јоав се врати во Ерусалим. 16  Кога видоа дека Израелците ги поразија,+ Сиријците испратија гласници и ги доведоа Сиријците што живееја покрај Реката,*+ под водството на Совак, заповедникот на војската на Адад-Езер. 17  Кога чу за тоа, Давид го собра целиот Израел, го премина Јордан и дојде кај нив, па ја нареди војската во борбени редови против нив.+ Бидејќи Давид ја построи војската во борбени редови против Сиријците, тие почнаа да се борат со него. 18  Но Сиријците се разбегаа+ пред Израелците, и Давид им уби седум илјади возачи на коли и четириесет илјади пешаци. Го погуби и Совак, заповедникот на војската.+ 19  Кога видоа дека Израелците ги поразија,+ слугите на Адад-Езер склучија мир со Давид и почнаа да му служат.+ И Сиријците повеќе не сакаа да им помагаат на синовите на Амон.+

Фусноти

Или: „Ќе му покажам лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Види го додатокот 13.
Односно Еуфрат.