Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Летописи 18:1-17

18  Потоа Давид ги нападна Филистејците+ и ги покори. И го зеде Гат+ со околните градови од рацете на Филистејците.  Ги порази и Моавците,+ и тие му станаа слуги на Давид и му плаќаа данок.+  Кај Емат,+ Давид го порази Адад-Езер,+ царот на Сова,+ кога тој одеше да ја воспостави својата власт на реката Еуфрат.+  И Давид му зароби илјада бојни коли, седум илјади коњаници и дваесет илјади пешаци.+ И на сите коњи+ впрегнати во бојни коли им ги пресече жилите на нозете,+ а остави само сто коњи.  Кога Сиријците од Дамаск му дојдоа на помош на совскиот цар+ Адад-Езер, Давид уби дваесет и две илјади Сиријци.  Потоа Давид постави војска во Дамаск, во Сирија.+ И Сиријците му станаа слуги на Давид и му плаќаа данок.+ Јехова го чуваше Давид каде и да одеше.+  И Давид ги зеде тркалезните штитови+ од злато, кои ги носеа слугите на Адад-Езер, и ги донесе во Ерусалим.+  Од Тиват+ и од Хун, градови на Адад-Езер, Давид однесе мошне многу бакар од кој Соломон ги направи бакарното море,+ столбовите+ и бакарниот прибор.+  Кога ематскиот цар+ Тој чу дека Давид ја поразил целата војска на Адад-Езер,+ царот на Сова, 10  го испрати својот син Адорам+ кај цар Давид за да го праша како е, а и да му честита што војувал против Адад-Езер и што го поразил, зашто Адад-Езер често војуваше со Тој. Адорам донесе секакви предмети од злато, сребро+ и бакар. 11  И нив цар Давид му ги посвети+ на Јехова, како што го посвети среброто и златото што го беше зел од сите народи,+ од Едомците, од Моавците,+ од синовите на Амон,+ од Филистејците+ и од Амаличаните.+ 12  А Ависај,+ синот на Серуја,+ ги порази Едомците во Солената Долина+ — осумнаесет илјади луѓе. 13  И распореди војска по Едом, а сите Едомци му станаа слуги на Давид.+ Јехова го чуваше Давид каде и да одеше.+ 14  И Давид царуваше над целиот Израел+ и во целиот свој народ ги спроведуваше законот и правдата.+ 15  Јоав, синот на Серуја, заповедаше со војската,+ а Јосафат,+ синот на Ахилуд, беше летописец. 16  Садок,+ синот на Ахитув, и Ахимелех,+ синот на Авијатар, беа свештеници, а Суса+ беше писар. 17  Венај,+ синот на Јодај,+ им заповедаше на Херетејците+ и на Фелетејците,+ а синовите на Давид беа први до царот.+

Фусноти