Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Летописи 16:1-43

16  И го внесоа ковчегот на вистинскиот Бог+ и го поставија во шаторот што Давид го подигна за него.+ Тогаш почнаа да принесуваат пред вистинскиот Бог жртви паленици и жртви на заедништвото.+  Кога ги принесе жртвите паленици+ и жртвите на заедништвото,+ Давид го благослови+ народот во Јеховино име.+  Потоа им раздели+ на сите Израелци, на мажите и на жените, секому по еден тркалезен леб, како и урми и суво грозје.  И постави некои левити+ за да служат+ пред Јеховиниот ковчег, да го потсетуваат+ народот на делата на Јехова, Богот на Израел, да му благодарат+ и да го слават:+  поглаварот Асаф,+ веднаш до него Захарија, потоа Јејел, Семирамот, Јеил, Матитиј, Елијав, Венај, Овид-Едом и Јејел+ со псалтирите и со харфите,+ Асаф+ кој гласно удираше со чинелите+  и свештениците Венај и Јазиел, кои со трубите+ секогаш беа пред ковчегот на сојузот на вистинскиот Бог.  Во тој ден Давид за прв пат им даде+ на Асаф+ и на неговите браќа свој псалм за да му благодарат+ на Јехова со него:   „Благодарете му на Јехова,+ повикувајте го неговото име,+ објавувајте ги меѓу народите неговите дела!+   Пејте му,+ со песна фалете го,+ размислувајте за сите негови чудесни дела!+ 10  Гордејте се со неговото свето+ име,+ нека се радува срцето на оние што го бараат Јехова!+ 11  Барајте го Јехова и неговата сила,+ постојано барајте го неговото лице!+ 12  Сеќавајте се на чудесните дела што ги направи,+ на неговите чуда и на законите од неговата уста,+ 13  вие, потомци на Израел, неговиот слуга,+ синови на Јаков, негови избраници!+ 14  Тој е Јехова, нашиот Бог,+ неговите закони се по целата земја.+ 15  Сеќавајте се довека на неговиот сојуз,+ на речта што ја заповеда, низ илјада поколенија,+ 16  сојуз што го склучи со Авраам+ и заклетва што му ја даде на Исак,+ 17  која му ја постави како уредба на Јаков,+ како траен сојуз на Израел,+ 18  велејќи: ‚Тебе ќе ти ја дадам ханаанската земја,+ како твој наследен дел‘.+ 19  Тоа беше кога сѐ уште беа малобројни,+ кога беа многу малку и кога живееја во неа како дојденци.+ 20  И одеа од народ до народ+ и од едно царство кај друг народ.+ 21  Никому не му дозволи да ги измами,+ туку поради нив укоруваше цареви,+ 22  велејќи: ‚Не допирајте ги моите помазаници, не правете им зло на моите пророци!‘+ 23  Пејте му на Јехова, сите луѓе на земјата!+ Од ден на ден објавувајте го неговото спасение!+ 24  Раскажувајте меѓу народите за неговата слава, меѓу сите народи за неговите чудесни дела! 25  Зашто, Јехова е велик и достоен за најголема фалба,+ од него треба да се бојат повеќе отколку од сите други богови.+ 26  Зашто, сите богови на другите народи се безвредни,+ а Јехова ги направи небесата.+ 27  Честа и величието се пред него,+ силата и радоста се во неговото светилиште.+ 28  Признајте го Јехова, племиња од сите народи, оддајте му слава на Јехова и признајте ја неговата моќ!+ 29  Оддајте му ја на Јехова славата достојна на неговото име,+ понесете дар и дојдете пред него!+ Поклонете му се на Јехова во убаво и свето руво!+ 30  Поради него, сите вас, земни луѓе, нека ве обземе тешка болка! Земјата* стои цврсто, никогаш нема да се разниша.+ 31  Нека се радуваат небесата и нека се весели земјата!+ Нека зборуваат меѓу народите: ‚Јехова почна да царува!‘+ 32  Нека бучи морето и сѐ што е во него,+ нека се радува полето и сѐ што е во него!+ 33  И шумските дрвја нека воскликнуваат радосно поради Јехова,+ зашто дошол да ѝ суди на земјата.+ 34  Благодарете му на Јехова, зашто е добар,+ зашто неговата милост* трае довека.+ 35  И речете: ‚Спаси нѐ, Боже на нашето спасение,+ собери нѐ и избави нѐ од другите народи,+ за да му благодариме на твоето свето име,+ за да зборуваме радосно на твоја фалба.+ 36  Благословен да е Јехова, Богот на Израел, од век и до век!‘ “+ И сиот народ рече: „Амин!“* и го фалеше Јехова.+ 37  Потоа ги остави таму пред ковчегот на Јеховиниот сојуз Асаф+ и неговите браќа за да служат+ без престан пред ковчегот, како што е пропишано за секој ден,+ 38  потоа Овид-Едом и неговите браќа, шеесет и осум, како и Овид-Едом, синот на Једутун, и Оса, за да бидат вратари. 39  Свештеникот Садок+ и неговите браќа, свештеници, ги постави пред Јеховиниот шатор на височинката во Гаваон+ 40  за да му принесуваат на Јехова жртви паленици на жртвеникот за жртви паленици без престан, наутро и навечер, и да го извршуваат сето она што е запишано во законот што Јехова му го даде на Израел.+ 41  Со нив беа Еман+ и Једутун и останатите избрани, кои беа по име одредени+ да му упатуваат фалби на Јехова,+ зашто „неговата милост* трае довека“.+ 42  Еман+ и Једутун+ беа со нив за да трубат со труби,+ да удираат со чинели и да свират на други инструменти во чест на Бог. Синовите+ на Једутун беа на портата. 43  И сиот народ се разотиде, секој во својата куќа.+ Потоа Давид отиде да го благослови својот дом.

Фусноти

Буквално: „Плодното тло“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Хебрејскиот збор „амин“ значи „така е“, „така нека биде“.
Или: „лојална љубов“.