Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Летописи 14:1-17

14  А Хирам,+ тирскиот цар,+ испрати гласници кај Давид, а со нив и кедрово дрво,+ ѕидари и дрводелци за да му изградат дворец.+  И Давид сфати дека Јехова го утврди+ за цар на Израел и дека го возвиши неговото царство заради својот народ Израел.+  Давид си зеде уште жени+ во Ерусалим, така што му се родија уште синови и ќерки.+  Ова се имињата на децата што му се родија во Ерусалим: Самуј,+ Совав,+ Натан,+ Соломон,+  Евар,+ Елисуа, Елфалет,+  Нога, Нефег,+ Јафија,  Елисама,+ Велијад и Елифелет.+  А Филистејците чуја дека Давид е помазан за цар на целиот Израел,+ па сите излегоа да го бараат Давид.+ Кога чу за тоа, Давид излезе против нив.  А Филистејците дојдоа и почнаа да пљачкаат по рефаимската долина.+ 10  И Давид го праша Бог за совет:+ „Дали да ги нападнам Филистејците? Ќе ги предадеш ли во мои раце?“ А Јехова му одговори: „Оди и ќе ги предадам во твои раце!“ 11  Тогаш Давид отиде во Ваал-Ферасим+ и таму ги порази. И Давид рече: „Вистинскиот Бог со мојата рака продре низ редовите на моите непријатели како што вода продира низ насип“. Затоа местото го нарекоа Ваал-Ферасим.+ 12  А тие ги оставија таму своите богови,+ а Давид заповеда да ги изгорат во оган.+ 13  По некое време, Филистејците пак почнаа да пљачкаат по долината.+ 14  Тогаш Давид пак побара совет+ од Бог, а вистинскиот Бог овојпат му рече: „Немој да одиш по нив, туку заобиколи ги, па удри на нив од онаа страна каде што има грмушки бака.*+ 15  Кога ќе чуеш топот на чекори во врвовите на грмушките бака,+ тогаш тргни во битка,+ бидејќи вистинскиот Бог ќе оди пред тебе+ за да ја погуби филистејската војска“. 16  И Давид направи така како што му заповеда вистинскиот Бог.+ И ја погубија филистејската војска од Гаваон+ до Гезер.+ 17  Славата+ на Давид се разнесе по сите земји, и Јехова предизвика да се плашат од Давид сите народи.+

Фусноти

Види ја фуснотата за 2Са 5:23.