Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Летописи 12:1-40

12  А ова се оние што дојдоа кај Давид во Сиклаг+ додека сѐ уште не можеше слободно да се движи поради Саул,+ синот на Кис, јунаци+ кои му помагаа во битката,  вооружени со лак, кои умееја да гаѓаат со камења+ и со десната и со левата рака+ и да фрлаат стрели+ со лак,+ а беа од браќата на Саул, од племето на Венијамин:  поглаварот Ахиезер и Јоас, синови на Семај од Гаваја,+ Језиил и Фелет, синови на Азмавет,+ Вераха, Јуј од Анатот,+  Исмаја од Гаваон,+ јунак меѓу триесеттемина+ и водач на триесеттемина, потоа Еремија, Јазиел, Јоанан, Јозавад од Гедера,+  Елузај, Еримот, Валиј, Семарија, Сефатија од Ариф,  потоа Елкана, Исиј, Азареил, Јоезер, Јасовеам, синови на Кореј,+  како и Јоила и Зевадија, синови на Јероам од Гедор.  И некои од племето на Гад преминаа кај Давид кој беше во своето скривалиште во пустината.+ Тоа беа храбри јунаци, воини, кои секогаш носеа со себе големи штитови и копја.+ Лицето им беше како лице на лав,+ а беа брзи како газели по планините.+  Есер беше главен, Авдија втор, Елијав трет, 10  Мисман четврти, Еремија петти, 11  Атај шести, Елиел седми, 12  Јоанан осми, Елзавад деветти, 13  Еремија десетти, Махванај единаесетти. 14  Тоа беа синовите на Гад,+ воени заповедници. Најмалиот им беше рамен на сто луѓе, а најголемиот на илјада.+ 15  Тоа се оние што го преминаа Јордан+ во првиот месец, кога се прелеа насекаде преку своите брегови,+ и ги растераа кон исток и кон запад сите жители од долините. 16  Некои од синовите на Венијамин и на Јуда дојдоа кај Давид во скривалиштето.+ 17  И Давид излезе пред нив и им рече вака: „Ако доаѓате кај мене во мир+ за да ми помогнете, моето срце ќе се обедини со вас.+ Но, ако дојдовте за да ме предадете на моите противници, иако нема вина на моите раце,+ нека го види тоа Богот+ на нашите прататковци и нека ни суди!“+ 18  Тогаш Божјиот дух+ го опфати Амасај, заповедникот на триесеттемина, и тој рече: „Твои сме, Давиде, со тебе сме,+ сине Јесеев. Мир, мир да имаш ти, мир да има оној што ти помага, зашто твојот Бог ти помага!“+ И Давид ги прими и ги постави меѓу воените заповедници.+ 19  И некои од Манасија пребегаа кај Давид кога тој со Филистејците+ излезе да се бори против Саул. Но не им помогна на Филистејците бидејќи нивните кнезови-сојузници+ меѓусебно се посоветуваа да го вратат, велејќи: „Би можел да пребега кај својот господар Саул, а за тоа ќе платиме со глава“.+ 20  Кога се врати во Сиклаг,+ кај него од Манасија пребегаа: Аднај, Јозавад, Једиил, Михаел, Јозавад, Елиу и Зилтај, илјаданачалници+ од Манасија. 21  Тие му помогнаа на Давид во борбата против разбојниците,+ зашто сите беа храбри јунаци,+ па станаа заповедници во неговата војска. 22  Од ден на ден доаѓаа луѓе+ кај Давид за да му помогнат, сѐ додека неговата војска не стана толку голема+ колку Божјата војска.+ 23  Ова е бројот на луѓето вооружени за војна, кои дојдоа кај Давид во Хеврон+ за да му го предадат Сауловото царство+ според Јеховината наредба:+ 24  синовите на Јуда што носеа голем штит и копје беа шест илјади и осумстотини, вооружени за војна. 25  Од синовите на Симеон: седум илјади и сто храбри јунаци, воини. 26  Од синовите на Леви: четири илјади и шестотини. 27  Јодај им беше водач+ на синовите на Арон,+ а со него беа три илјади и седумстотини луѓе. 28  Исто така и младиот Садок,+ храбар јунак, и со него дваесет и двајца заповедници од неговиот род. 29  Од синовите на Венијамин,+ браќата на Саул,+ три илјади луѓе, бидејќи дотогаш најголемиот дел од нив сѐ уште грижливо го чуваа домот на Саул. 30  Од синовите на Ефрем: дваесет илјади и осумстотини храбри јунаци,+ прочуени луѓе во домот на своите прататковци. 31  Од половината племе на Манасија:+ осумнаесет илјади луѓе по име одредени да дојдат за да го постават Давид за цар. 32  Од синовите на Исахар,+ кои умееја во секоја пригода да распознаат+ што треба Израел да направи,+ имаше двесте заповедници. Сите нивни браќа беа под нивно заповедништво. 33  Од Завулон:+ педесет илјади луѓе способни за војска, подготвени за битка, вооружени со разновидно оружје. Тие се собраа околу Давид за да му покажат потполна оддаденост.* 34  Од Нефталим:+ илјада заповедници и со нив триесет и седум илјади луѓе со големи штитови и со копја. 35  Од племето на Дан: дваесет и осум илјади и шестотини луѓе подготвени за битка. 36  Од Асер:+ четириесет илјади луѓе способни за војска, подготвени за битка. 37  Од оние од другата страна на Јордан,+ од племето на Рувим, од племето на Гад и од половината племе на Манасија: сто и дваесет илјади луѓе вооружени со секакво оружје. 38  Сите тие беа воини, подготвени за битка. Дојдоа во Хеврон решени*+ да го постават Давид за цар на целиот Израел. И сите други Израелци беа сложни во намерата да го постават Давид за цар.+ 39  Останаа таму со Давид три дена, јадеа и пиеја,+ зашто нивните браќа подготвија сѐ за нив. 40  А и оние што живееја близу до нив, дури до Исахар,+ до Завулон+ и до Нефталим,+ донесуваа храна на магариња,+ на камили, на маски и на говеда: брашно,+ суви смокви,+ суво грозје,+ вино,+ масло,+ говеда+ и овци+ мошне многу, зашто владееше веселба+ во Израел.

Фусноти

Или: „Кога требаше да се соберат околу Давид, немаа двојни срца“. Види ја фуснотата за Пс 12:2.
Буквално: „со цело срце“.